Кувер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кувер (Кубер) бил прабугарски владетел кој најпрво управувал дел од територијата на Срем, а потоа се населува на Балканот, во еден регион од Македонија.

Владеењето со Срем[уреди]

Византијскиот цар Јустин II (565-578) им отстапил на Аварите половината од денешната територија на Срем, а тие го освоиле и останатиот дел заедно со градот Сирмијум. Аварите на оваа територија ги населиле ромеите (романизирано и хеленизирано население) [1], што ги заробиле при наездите на византиската територија на Балканскиот полуостров. Овие заробеници биле населени со цел да ја обработуваат земјата и да обезбедуваат храна за Аварите. Во изворите се познати со името Сермезијанците (Ромеи), а живееле 60 година под аварската власт. [2] [1] . Аварите во 635 година го поставиле Кувер да владее над нив како аварски вазал. Тој се побунил и со сето свое потчинето население пребегал во Византија.

Населувањето во Македонија[уреди]

Во првата половина на осумдесетите години на 7 век од Панонија во Македонија доаѓа Куверовата орда, коja според проф. Микулчиќ e составена од 70,000 души,[3] во најголем дел Сермезијанците, Прабугари и припадници на други народи.[1] Според известувањето на анонимниот автор на Miraculi II:

Кувер се одметнал од аварскиот каган, го поминал со својот народ Дунав и се спуштил на југ се до визнтиската територија и го запоседнал Керамесиското поле[4] [5] [6]


Доаѓањето на Кувер во Македонија е познат настан во историската наука и често за него е пишувано. Кувер со Сермезијанците во Македонија се населиле во соседството на словенското племе Драговити кое добило царска наредба да ги снабдува со прехранбени продукти дојденците[7] Собирајќи храна од Драговитите, Сермезијанците разбрале дека Солун не е далеку, и многумина од нив со своите фамилии побегнале во овој град[8]. Византијците од своја страна презеле мерки за да им помогнат на Сермезијанците кои сакале да побегнат од Кувер и да ги заштитат од Словените, односно од Драговитите [1]. Според анонимниот автор на Miracuki II, византискиот стратег Сесиние со својата морнарица и со одреден број на пребегнати Сермезијанците, кои ги предводел Маур, се расположил западно од Солун и таму останал неколку дена[9]. Заговорот за заземањето на градот бил разоткриен, а Маурот и бегалците биле однесени во Константинопол.

Полемики меѓу историчарите[уреди]

Локација на Керамесиското Поле[уреди]

Најголемиот дел од истражувачите, Керамесиското поле го локализираат во Пелагонија. Всушност ваквата локција прв ја предложил Тафел уште во првата половина на 19 век [1], а подоцна од него ја прифатиле и останатите истражувачи кои Керамесиското поле го поистоветуваат со Прилепското или Битолското поле[1]. При одредувањето на локацијата на Кермесиското поле Тафел и неговите истомисленици поаѓаат од античката населаба Керамија, која во Табула Појтингеријана се наведува на патот Стоби и Хераклеја, а во литературата најчесто се лоцира кај Прилеп [10]. Етимолошката поврзаност на имињата на двата топонима е очигледна и не може да се оспори. Таа е единствен аргумент на приврзаниците на ваквата локација [1]. Кај Битола Керамесиското поле го лоцираат : Златарски [11], Баришиќ [12], Бешевлиев [13], Муатфчиев[14]. На Прилеп предност му даваат: Лемерл[15], Владмилер [16], Поповиќ [17]. Меѓутоа треба да се истакне дека врз основа на анонимниот автор на Miraculi II Керамесиското поле треба да се бара во близината на градот Солун [1]. Кувер и Сермесијаните се населиле во соседството на словенското племе Драговити за кој се знае дека никогаш не го населувало Прилепското поле [1], туку егзистирало северозападно од Солун, односно тие ги зафаќале просторите меѓу Солун, Воден и Бер [1]. Од тоа следува дека Керамесиското поле треба да се бара тука [1]. За нив може да се каже дека се соседни на Пелагонија но никако на Прилепското поле [1]. Не може да се тврди дека Битола и Прилеп не се далеку од Солун бидејќи Прилеп е оддалечен повеќе од 200 километри, а Битола нешто помалку од 200 километри од Солун, односно Сермесијаните заедно со своите жени и деца не би можеле да ја минат таа дистанција за неколку дена [1]. Затоа македонскиот историчар Коста Аџиевски смета дека Кермесиското поле треба да се бара поблиску до Солун, односно северозападно од него [1].Од друга страна од Miraculi II откриваме дека кога Сермесијаните дознале дека Солун се наоѓал недалеку од нив, тие се упатиле кон градот [1] . Покрај вестите на анонимниот автор на Miracuki II за локацијата на Керамесиското поле, бугарските историчари сметаат дека има информација и во еден старобугарски натпис од Мадара на бугарскиот владетел Тервел, напишан по негова наредба меѓу 705 и 707 година. Според тоа толкување стрикото на Тервел, односно Кувер, ги населувал териториите околу (кај, покрај, во близина на) Солун[18]

Идентитетот на Кувер[уреди]

Во историската наука постојат различни мислења за идентитетот на Кубер. Според едни вероjатно бил брат на бугарскиот хан Аспарух (и чичко на ханот Тервел) и дека неговите воени акции во реонот на Солун биле поврзани со бугарската држава на реката Дунав.[19][20][21] Според други легендата за синовите на Кубрат не е точна, а тоа дека само двајца се потврдени во историските записи (Аспарух и Батбајан), што оневозможува Кубер да му е син.[22] Трети пак ги изедначуваат Кубер и ханот Кубрат, т.е. дека се исто лице и се работи за бугарски наезди во Западниот Балкан.[23] [24] [25] [26] [27] [28] Некои научници мислат дека недоволната количина на податоците ги овозможува сите тие теории. [29] За братот на Аспарух - Кубер зборува и професорот Блаже Ристовски.[30] Сепак во натписот на Тервел никаде не се спомнува Кубер, ниту пак може да се претпостави некакво постоење на бугарско население во Македонија, туку очигледно станува збор за дипломатска мисија кај византискиот император. Според македонскиот археолог Иван Микулчиќ, некрополата "Млака" пред тврдината во Дебреште, Прилепско, припаѓа на кутригурите. Во Ерзеке кај Корча и во Врап блиску Елбасан се пронајдени многу златни предмети - така што некои предпоставаат дека тоа е богатството што Кубер му го украл на аварскиот каган во Панонија. Преовладува мислењето дека тоа е аварска благајна.[31][32]Според турскиот историчар Осман Каратај, Куберовите бугари имале полунезависна држава, ако не и Склавинија.[33] Самото име „Кубер“ има исто потекло со она на прабугарскиот род „Кубиар“[34], што се спомнува во еден натпис на ханот Омуртаг. Постојат две теории за неговот значење, а тоа дека доаѓа од хунско-алтајскиот збор „куба/quba“ во смисла на „жолт“.[35] Другата теорија пак наведува на зборот „куби/kubi“, кој се среќава кај средноазијатските турски јазици и значи „голем, славен“.[36]

Бугарската историографија и Кувер[уреди]

Карта на бугарската историографија за наводно присуството на прабугарските орди на Кувер во Македонија

Преставниците на бугарската историографија инсистираат на истакнувањето на бугарскиот етнички елемент во етничката мешавина на Кувер [1]. Тие сметаат дека Кувер во Македонија ги донел Прабугарите, кои, како и Аспаруховите северно од Стара Планина, се измешале со Словените и ја измениле етнографијата на Македонија [1]. Според бугарските историчари, Кувер создал (покрај Аспаруховата) втора бугарска држава на Балканот со центар во Македонија [37]. Ваквата, очигледно, тенденцијозна претпоставка нема реална основа [1], бидејќи изворите сосема јасно укажуваат дека огромното мнозинство од народот на Кувер го сочинувале Сермесијаните [1], односно потомците на заробените византици [1], како и самата локална ограниченост на населувањето. Освен тоа, Македонските словени не биле поданици на Кувер [1], бидејќи византискиот император им издал наредба на Драговитите да ги снабдуваат со продукти Сермесијаните [1]. Исто така бегалците накрај биле однесени во Константинопол со бродови.

Историско значаење на Кувер[уреди]

Познато е дека Словените на Балканот се населувале во повеќе бранови. Словенските материјални докази пронајдени во кругот Комани културата дават мислење дека дел од Словените, на Балканот се населуваат заедно со црноморските народи и нивните водачи. Српскиот историчар Поповиќ смета дека протобугарите имале посредничка улога во населувањето на дел од словените на Балканот и дека Кувера влијаел во ослободувањето на Србите и Хрватите, како и на некои други словенски народи од власта на Аварите, кои подоцна се населуваат на Балканот.[38]

Извори и белешки[уреди]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 1,20 1,21 Коста Аџиевски, Пелагонија во Средниот век, Институт за историја, Скопје, 1994.
  2. Сермесијаните биле потомци на ромејското население кое било заробено за време на аварско - словенските напади и опсадата на Солун, во втората деценија на 7 век. Заробениците биле депортирани во Панонија во областа Сирмиум, а по областа го добиле и своето име. На оваа територија христијанското ромејско население се мешало со Аварите, со Бугарите и други народи, меѓутоа Сермесијаните ја зачувале својата вера и својот идентитет. По нешто повеќе од шеесет години од депортацијата, најголем дел од потомците на ромејските заробеници добиле слобода, а аварскиот каган, земајќи ги како посебен народ, им го поставил како поглавар Кувер. (Дополнително види Cf. Lemerle, Miracles 227, 16 - 229, 19, Miracles 138 -143, ВИНЈ 211 - 212)
  3. Средновековни градови и тврдини во Македониjа,(Скопjе, Македонска цивилизациjа, 1996) Иван Микулчик, стр. 71.
  4. (Lemerle, Miracles I 228, 28 - 30, ВИНЈ I 213.)
  5. Г. Острогорски, Византиско царство и околни свет у Седмом веку, СД III, 56сл
  6. Ковачевиќ, Аварски каганат 52, 89 сл.
  7. Lemerle, Miracles I 229, 9 - 12 ВИНЈ I 213
  8. Види подетално, исцрпен коменатар на Ф. Баришиќ ВИНЈ I 186 - 188 бел. 3, со наведување на најважните извори и литература
  9. Lemerle, Miraculis I 233, 5 - 9, ВИНЈ I 215
  10. Ф. Папазоглу, Градови 218 - 219
  11. Историја I- 1, 174, 207
  12. ВИНЈ I 213н. 58
  13. Die Protobulgarischen inschriften, Berlin 1963,108
  14. меѓутоа треба да се истакне дека тој не се определува конкретно за двата града туку Керамесиското поле го лоцира околу Прилеп и Битола Историја на Бугарскиот народ, 681 - 1323, Софија, 1986, 108
  15. Invasions et migrations, 297
  16. Slawen 342 n. 62, 407
  17. Orgines 152, Куврат, Кувер и Аспарух, 114''
  18. „.. на Бугарите... и дошол кон Тервел. На носоотсечениот император не му поверуваа моите чичковци во Солун и се вратија во Кисиниите... негов еден... преку договор вождот Тервел му даде на императорот... 5 илјади... императорот заедно со мене победи добро.“ Всушност натписот никаде не зборува ни за Керамесиското поле, ниту пак за неговото доаѓане во Македонија, не го ни спомнува Кубер, туку единствено говори за враќање на чичковците на Тервел од Солун, но и не разоткрива кои се тие лица.( Дополнително види кај: V. Besevliev, Zur Deutung und protobulgrischen inschriften vor dem Reiter von Madara, Bulgarien, BZ 47 - 1 (1954))
  19. Академик Г. Г. Литаврин, "Формирование и развитие болгарского раннефеодального государства (Конец VII - начало XI в.)" во зборникот "Раннефеодальные государства на Балканах VI-XII в.", Академиjа на науките на СССР, Институт за словенски науки и балканистика, Москва, 1985, стр. 150.
  20. Steven Runciman, "A history of the First Bulgarian Empire", G. Bell & Sons, London 1930, Book I The children of the Huns, chapter 2. Barbarians in the Balkans, p. 20: "The appearance of Kuber and his Bulgars, who had already crossed the Danube by 675, raises certain problems. To solve them, Kuber has been identified as the fourth son of King Kubrat." (англиски)
  21. "История на България", том 2 Първа българска държава, Българска академия на науките, София, 1981, стр. 106-108. (бугарски)
  22. М. И. Артамонов, История хазар, с. 167
  23. Kenneth M. Setton, The Bulgars in the Balkans and the Occupation of Corinth in the Seventh Century,(Speculum, 25, 4, 1950, 502-543) „Thus, assisting 'Kouver,' whom we believe to be the Bulgar Khan Kovrat“,[1](англиски)
  24. Ф.Ив.Успенский, О вновь открытых мозаиках в церкви св.Димития в Солуни, ИРАИК, т.XIV (1909), стр.50-59.
  25. Niederle I., Slovanské starožitnosti, Dil.II: Původ a počatky slovanú Jižnich, Praha, 1906.
  26. Н. Gregoire, L'origines et le nom de Croites et des Serbes, Byzantion, 17, 1945, стр. 88—118
  27. P. Lemerle, La composition et la Chronologie des deux premiers livres des Miracula S Demetrii, B. Z., 46, 1953, стр. 350
  28. Н. А Bibicou, А propos de la première mention d'un Stratège des Caravisien, Byzantino-Slavica, I, 1966, стр. 79
  29. Steven Runciman, The History of the First Bulgarian Empire, G. BELL & SONS Ltd London, 1930 [2](бугарски)
  30. Blaže Ristovski - „Macedonia and the Macedonian people“ , SIMAG Holding, 1999, стр. 358 (Kuber, brother of Khan Asparuh...)
  31. Metropolitan Museum of Art, Balkan Peninsula, 500–1000 a.d., Avar Treasure
  32. Никос Чаусидис, Релације између "Комани"-културе и "Салтово мајацке"-културе и проблем порекла њихових носилаца
  33. Osman Karatay - „In search of the Lost Tribe: The Origins and Making of the Croatian Nation“, Ayse Demiral, 2003, ISBN 978-975-6467-07-7, стр. 108
  34. Бешевлиев, В. Първобългарски надписи. София. 1979, стр. 215-216
  35. Menges, K. Altaic Elements in the Proto-bulgarian Inscriptions. Byzantion, 21, 1951, стр. 204
  36. Борис Симеонов. Прабългарска ономастика. Пловдив. 2008. стр.125
  37. Дополнително види: Н. Милев, Кубрат от историята и Кубер в чудесата на св.. Димитрий Солунски, Периодическо списание на Българското литературно дружество в София XXI - 1 - 2 (1910), 557 - 586. Златарски, История I - 1 205 - 209, История на България, т. е. - II, София 1981, 107.
  38. В. Поповић, Куврат, Кувер и Аспарух, Старинар, XXXVII, Београд, 1986.

Извори[уреди]

  • Острогорски, Византија, стр. 195, 1959 г.
  • J. Вернер 1986 г., 1-71, Т.1-32
  • Florin Curta - „Southeastern Europe in the Middle Ages, 500-1250“, Cambridge University Press, 2006, ISBN 978-0-521-81539-0
  • Andrew J. Ekonomou - „Byzantine Rome and the Greek popes: Eastern influences on Rome and the papacy from Gregory the Great to Zacharias, A.D. 590-752“, Lexington Books, 2007, ISBN 978-0-7391-1977-8
  • Michael Whitby - „The Emperor Maurice and his historian: Theophylact Simocatta on Persian and Balkan warfare“, Oxford University Press, 1988, ISBN 978-0-19-822945-2

Надворешни врски[уреди]

Бугарски владетели

Старата голема Бугарија (632681 г.)

Канови (ханови): Кубрат | Батбајан

Прва бугарска држава (6811018 г.)

Канови (ханови): Аспарух | Кубер (во Македонија) | Тервел | Кормесиј | Севар | Кормисош | Винех | Телец | Савин | Умор | Токту | Паган | Телериг | Кардам | Крум | Омуртаг | Маламир | Пресијан

Кнезови: Борис I (Михаил) | Владимир (Расате)

Царови: Симеон I | Петар I | Борис II |

Втора бугарска држава (11861396 г.)

Царови: Иван Асен I | Теодор-Петар IV | Иванко | Калојан | Борил | Иван Асен II | Калиман I Асен | Михаил II Асен | Калиман II Асен | Мицо Асен | Константин I Тих Асен | Ивајло | Иван Асен III | Георги I Тертер | Смилец | Чака | Тодор Светослав | Георги II Тертер | Михаил III Шишман Асен | Иван Стефан | Иван Александар | Иван Шишман | Иван Срацимир | Константин II Асен

Трета бугарска држава (после 1878 г.)

Кнез: Александар Батенберг

Царови: Фердинанд | Борис ІІІ | Симеон ІІ