Зелен клукајдрвец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зелен клукајдрвец
European Green Woodpecker (male)
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Клукајдрвци
Фамилија: Picidae
Род: Picus
Вид: P. viridis
Биномен назив
Picus viridis
Linnaeus, 1758
Распространетост

Зелениот клукајдрвец (Picus viridis) е член на фамилијата клукајдрвци (Picidae). Има 4 подвидови кои се населени во повеќе делови од Европа и во западна Азија. Сите тие имаат зелени горни делови, побледо жолти долни делови, црвена круна и лента со црвен центар над мустаќите кај машките, а целосно црна кај женските клукајдрвци.

Поголемиот дел од времето зелениот клукајдрвец го поминува во хранење со мравки на земјата и не клука по дрвјата толку често како другите клукајдрвци. Овој клукајдрвец е срамежлива птица, но често привлекува внимание со неговиот гласен повик. Гнездото им се наоѓа во дрвата; се снесуваат 5-6 јајца кои се изнесуваат по 19-20 дена.

Зелениот клукајдрвец го има во Македонија.

Опис[уреди]

Зелениот клукајдрвец е долг 30-36 цм и има распон на крилјата 45-51 цм. Двата пола се зелени горе и бледо-жолти долу, со жолт заден дел и црвена круна и тил; лентата над мустаќите има црвен центар кај машките, а темно црн кај женките клукајдрвци и околу белото око се црни кај двата пола, освен кај P. v. подвид sharpei, каде е темно сиво и само машките клукајдрвци имаат црна долна граница кај мустаќите. Младите клукајдрвци се целосно точкасти и набраздени;[2] мустаќите им се темни, иако машките млади можат да имаат црвени пердуви околу почетокот на јуни или вообичаено околу јули или август.[3]

Иако зелениот клукајдрвец е срамежлив и претпазлив, најчесто неговите гласни повици, познати како yaffling, се тие кои први привлекуваат внимание. Овој клукајдрвец „чука“ многу ретко (меко и брзо), а често испушта бучен 'клу-клу-клуик' извик додека лета. Звукот претставува гласни серии од 10-18 'клу' коишто стануваат за нијанса побрзи кон крајот и по малку се губи во висината.[2] . Женскиот клукајдрвец испушта помал 'пу-пу-пу-пу-пу-пу'.[4]. Летот им е брановиден, со 3-4 зафати на крилјата следени од кратко едрење кога крилјата се држат покрај телото.[5]

Овој клукајдрвец е поистакнат од сличниот, но помал сив клукајдрвец заради неговите жолтеникави долни делови, и црни линии и „маската“ на лицето.[3] Во Европа, неговот зелен долен и жолт заден дел можат да доведат до негово мешање со сивиот клукајдрвец или дури со женската жолна, иако жолната е помала и повитка со потесни крилја и подолга опашка. Блиску поврзаниот,[5] многу сличен лавилантов клукајдрвец се наоѓа само во северо-западна Африка.[2]

Таксономија[уреди]

P. v. sharpei Мажјак

Зелениот клукајдрвец е член на редот клукајдрвци Piciformes, од фамилијата Picidae и родот Picus. Најпрво бил опишан од Carolus Linnaeus во 1758. Научното име му е добиено од грчкиот збоr pikos, што значи 'клукајдрвец', и латинскиот збор viridis, 'зелен'.[6] Има 4 подвидови,[5] со суптилни и најчесто ситни разлики помеѓу нив.[3]

Во едно ново истражување базирано на Митохондриската ДНК, кое истражува подвидови, било предложено секој од овие подвидови да се подели на 3 различни видови : P. viridis (Linnaeus, 1758), P. sharpei (Saunders, 1872) и P. innominatus (Sarudny & Loudon, 1905).[7]

Распространетост и живеалиште[уреди]

Повеќе од 75% од опсегот на распространетост на зелениот клукајдрвец е во Европа, со исклучок на некои од северните и источните места како Ирска, Гренланд и Макаронезија, а на другите места е широко распространет. Повеќе од половина од европската популација е во Франција, Шпанија и Германија, со доста голем дел и во Португалија, Велика Британија, Шведска, Русија, Хрватска, Романија и Бугарија.[8] Истотака се сретнува и во Азија.[5]

Зелениот клукајдрвец има голем опсег на распространетост и проценет глобален степен на појава на 1-10 милиони километри квадратни, и популација во регионот од 920,000 до 2.9 милиони птици. Популацијата е постојана, така што овој вид клукајдрвец е сметан за помалку загрозен.[9] Овој вид е постојан [4] и индивидуите многу ретко се селат на повеќе од 500 м, и тоа за време на сезоните за парење.[5]

Комбинацијата од стари листопадни дрва за вгнездување и близината на плодни почви со изобилство од мравки, е од големо значење. Ова најчесто го наоѓаат во полу-отворените пејзажи со мали шуми, живи огради, расфрлани стари дрва, рабови на шуми и заливни шуми. Прикладна околина за хранење се насадите, овоштарниците и тревниците.

Однесување[уреди]

Гнездење[уреди]

Родител кој храни новороденче

Гнездото на зелениот клукајдрвец е големо, но слично со тоа на другите клукајдрвци. Тоа може да биде неколку метри над земјата или на врвот на високо дрво; дабот, буката, врбата и овошните дрва се најпреферираните дрва за гнезда во западна и централна Европа, и тополите на северот.[8] Дупката може да биде ископана во здраво или изгниено дрво, со влезна дупка од 60 mm x 75 mm. Внатрешната празнина може да биде 150 mm широка и до 400 mm длабока.[10] и најчесто работата околу правење гнездо им припаѓа на машките клукајдрвци кои ја извршуваат во период од 15 до 30 дена. Некои гнезда се употребуваат дури и повеќе од 10 години, но не секогш од истиот пар родители. [5]

Picus viridis

Едно гнездо има од 4-6 бели јајца, кои се со димензии 31 x 23 mm и тежат 8.9 g секое, од кои само 7% се изведуваат. Откако последното јајце ќе се снесе, јајцата се инкубирааат околу 19-20 дена од двата родитела кои се менуваат на секои 1.5 до 2.5 часа.[5] Пилињата се голи и неспособни да се грижат за самите себеси по изведувањето, сè додека по 21–24 дена не добијат перја .[6]

Исхрана[уреди]

Основната храна на зелениот клукајдрвец се мравките од родот Lasius и Formica[9] за кои употребува голем дел од своето време за хранење на земјата,[2] иако лови инсекти исто така и од гранки.[5] Издолжениот, цилиндричен измет на оваа птица многу често се состои целосно од остатоци од мравки.[10] Зелениот клукајдрвец прави сонди во земјата и ги лиже возрасните мравки и нивните ларви, од нивните гнезда во земјата.[5] Клукајдрвецов има јазик кој може да го завиткаат сè до задниот дел од нивната глава, исто така, јадат и мали влекачи.

Измет со остатоци од мравки

При истражување на едно гнездо во Романија е откриено дека младите биле хранети со 10 видови мравки. За време на првите 10 дена, младите конзумирале отприлика 15g секое, за време 10-20 дена, 39.5g, и веќе од 20 ден, 49.3g. Седумте млади пилиња конзумирале просечно 1.5 милиони мравки, и какале пред секое напуштање на гнездото.[5]

Клунот на младите им е релативно слаб и го употребуваат за колвање само во меки дрва.[5] За разлика од другите клукајдрвци,[11] јазикот на зелениот клукајдрвец е долг (10cm) и може да го завиткаат околу неговиот череп.[6] Овој клукајдрвец го нема скорбутот како кај останатите клукајдрвци од видот Dendrocopos и како кај црниот клукајдрвец[5] но е најчесто направен од лепливи секрети од зголемените плункови жлезди.[5] Тешко проодливиот снег им го отежнува хранењето на зелените клукајдрвци и може да резултрира со изумрување на голем број од овие клукајдрвци. По ваквиот налет на смрт потребни се добри 10 години за опоравување на популацијата.[9] Гнездата на мравките може да се најдат и под снегот; еден од овие клукајдрвци бил набљудуван копајќи дури 85cm со цел да стигне до гнездо на мравки.[5]

Во културата[уреди]

'Професорот Јапл', дрвениот книжен карактер во детската анимирана серија од 1974 година Багпус,[12] е базиран на зелениот клукајдрвец.[13] 'Yaffle' бил меѓу многуте англиски народни имиња за зелениот клукајдрвец; другите за име ги употребуваат 'Насмеаниот Бетси', 'Јафингејл','Јапингејл' и 'Џек Икл'. Другите имиња, како дождовна птица, временски петел и влажна птица, ја сугерираат неговата способност да го предвиди доаѓањето на дожд.[14]

Овој клукајдрвец го има на поштенската марка за неколку земји.[15] Зелениот клукајдрвец е поврзан со Клукајдрвската јаболковина, и неговата слика била употребена како реклама на производот.[16]

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Picus viridis. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/139541304/0. конс. 5 јули 2012.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Mullarney, Killian; Svensson, Lars; Zetterstrom, Dan; Grant, Peter (1999). „Collins Bird Guide“. London: HarperCollins. стр. 224–225. ISBN 0-00-219728-6. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Baker, Kevin (1993). „Identification Guide to European Non-Passerines: BTO Guide 24“. Thetford: British Trust for Ornithology. стр. 314–315. ISBN 0-903793-18-0. 
  4. 4,0 4,1 Jonsson, Lars (1996). „Birds of Europe“. London: Helm. стр. 342. ISBN 0-7136-4422-2. 
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 5,11 5,12 5,13 „BWPi: The Birds of the Western Palearctic on interactive DVD-ROM“. London: BirdGuides Ltd. and Oxford University Press. 2004. ISBN 1-898110-39-5. 
  6. 6,0 6,1 6,2 R. A. Robinson. „Green Woodpecker“. „BirdFacts“. British Trust for Ornithology. http://blx1.bto.org/birdfacts/results/bob8560.htm. конс. 4 јануари 2011. 
  7. Perktaş, Utku; Barrowclough, George F.; Groth, Jeff G. (November 2011). „Phylogeography and species limits in the green woodpecker complex (Aves: Picidae): multiple Pleistocene refugia and range expansion across Europe and the Near East“. „Biological Journal of the Linnean Society“ (London: The Linnean Society of London) 104 (3): 710–723. doi:10.1111/j.1095-8312.2011.01750.x. http://onlinelibrary.wiley.com/doi/10.1111/j.1095-8312.2011.01750.x/abstract. конс. 30 декември 2011. 
  8. 8,0 8,1 Tucker, Graham M.; Heath, Melanie F. (1995). „Birds in Europe: Their Conservation Status“. BirdLife Conservation Series. 3. Cambridge: BirdLife International. стр. 346–347. ISBN 0-946888-29-9. 
  9. 9,0 9,1 9,2 „Eurasian Green Woodpecker“. „Datazone“. BirdLife International. http://www.birdlife.org/datazone/speciesfactsheet.php?id=730. конс. 4 јануари 2011. 
  10. 10,0 10,1 Brown, Roy; Ferguson, John; Lawrence, Michael; Lees, David (1999). „Tracks & Signs of the Birds of Britain & Europe - an Identification Guide“. London: Helm. стр. 91. ISBN 0-7136-5208. 
  11. „Woodpecker“. „Wild animals“. HowStuffWorks.com. http://animals.howstuffworks.com/birds/woodpecker-info.htm. конс. 4 јануари 2011. 
  12. Alistair McGown. „Bagpuss (1974)“. „BFI Screenonline“. British Film Institute. http://www.screenonline.org.uk/tv/id/562331/. конс. 4 јануари 2011. 
  13. „Woodpeckers (Family Picidae)“. „BirdFacts“. British Trust for Ornithology. http://blx1.bto.org/birdfacts/grptexts/woodpeckers.htm. конс. 4 јануари 2011. 
  14. Greenoak, Francesca (1979). „All the Birds of the Air“. London: Book Club Associates. 
  15. „Stamps showing European Green Woodpecker Picus viridis. „Theme Birds on Stamps“. Kjell Scharning. http://www.birdtheme.org/mainlyimages/index.php?comb=104195000&s=104. конс. 4 јануари 2011. 
  16. Woodpecker Cider Retrieved 17 November 2011

Дополнителна литература[уреди]

  • Lees, Antony Clare (2002) The Cult of the Green Bird: the mythology of the green woodpecker. Lancaster: Scotforth Books ISBN 1-904244-13-0
  • Gorman, Gerard (2004) Woodpeckers of Europe: a study of the European Picidae. Bruce Coleman ISBN 1-872842-05-4

Литература[уреди]