Топола

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Топола
Листови на јасика (Populus tremula)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Малпигиовидни
Фамилија: Врби
Род: Топола
L.
Типски вид
Populus tremula (јасика)
Видови

во текстот

Тополите (науч. Populus) се род на листопадни дрва од фамилијата Врби (Salicaceae). Содржат околу 30 вида високи листопадни дрвја од Северната полутопка. Листовите се прости, на долга, сплескана дршка. Има дводомни со еднополни цветови, собрани во цветни реси. Плодовите се мали чушки со ситно семе, снабдено со бели влакна. Виреат во крајречната растителност.

Во Македонија[уреди]

Во Република Македонија природно се застапени:

  • белата топола (Populus alba) со сивобела кора, со бели и влакнести леторасти и со листови со јајцевидна форма на кусорастите и со засечени лапи на долгорастите, сребренесто-бели од грбот;
  • црната топола (Populus nigra), со ромбични или со триаголни, мазни листови и со испукана сиво-кафеава кора;
  • сивата топола (Populus x canescens Sm.), природен хибрид меѓу белата топола и јасиката.
  • јасика (Populus tremula)

Наводи[уреди]