Големо Јажинско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Големо Јажинско Езеро
Велико Јажиначко језеро
Координати:
Површина: 9.890 м2
Должина: 125 м
Ширина: 50 м

Обем:

500 м
Длабочина: 5-12 м
Надморска висина: 2.180 м
Планина: Шар Планина

Големото Јажинско езеро (српски: Велико Јажиначко језеро) е глацијално езеро[1] и едно од 27-те на Шар Планина. Заедно со Малото Јажинско езеро ги сочинуваат Јажинските езера Името го добиле по селото Јажинце, кое се наоѓа веднаш под нив на самото подножје на планината[2]. Се наоѓа на 2.180 m надморска висина. Долго е 125, а широко е 50 метри. Точната длабочина не е измерена, но се претпоставува дека е околу 5 метри. Според некои српски научници се смета деја кога езерото има висок водостој, длабочината му изнесува нешто повеќе од 12 метри. Секако според првиот или вториот извор, езерото е најдлабоко од сите шарпланински езера. Обемот на езерскиот брег изнесува околу 500 m[3]. Се наоѓа на карпест басен и има јајцевиден облик. Езерото се храни со вода еден поток кој не пресушува и од неколку глечери кои ги има во околината. Водата е кристално чиста и проѕирна до самото дно. Кога има висок водостој од езерото истекува вода во вид на поток, но има и загуби преку понирање. Понирањето на водата е всушност изворен крак на Јажинската Река, која подоцна се влева во Сува Река[4].

Во ова езеро вирее поточна пастрмка, која е донесена и успешно адаптирана.

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
  2. Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
  3. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 51
  4. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година