Дишење: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 10: Ред 10:
:C<sub>6</sub>H<sub>12</sub>O<sub>6</sub> + 6H<sub>2</sub>O → 6CO<sub>2</sub> + 6H<sub>2</sub>O + Енергија
:C<sub>6</sub>H<sub>12</sub>O<sub>6</sub> + 6H<sub>2</sub>O → 6CO<sub>2</sub> + 6H<sub>2</sub>O + Енергија


Најсложен [[систем]] за [[дишење]] има кај [[цицачи|цицачите]].Кај нив органи за дишење се [[бели дробови|белите дробови]] и [[воздушни патишта|воздушните патишта]].Системот на [[органи|органите]] за дишење започнува со '''носот''' каде има влакненца кои ја задржуваат нечистотијата и затоа треба да се диши на [[нос]] а не на [[уста]].Продолжува со '''голтката''',па гркланот,следува '''душникот''' и двете негови гранки-лева и десна '''бронхолија'''.Тие пак се разгрануваат во '''бронхиоли''' и завршуваат со '''алвеоли'''.[[Алвеоли|Алвеолите]] се опкружени со мрежа од [[капилари]] во кои струи [[крв]] и при тоа се испушта [[јаглерод диоксид]] и [[вода|водена пареа]] а се прима [[кислород]].
Најсложен [[систем]] за [[дишење]] има кај [[Цицачи|цицачите]].Кај нив органи за дишење се [[Бели дробови|белите дробови]] и [[Воздушни патишта|воздушните патишта]].Системот на [[Органи|органите]] за дишење започнува со '''носот''' каде има влакненца кои ја задржуваат нечистотијата и затоа треба да се диши на [[нос]] а не на [[уста]].Продолжува со '''голтката''',па гркланот,следува '''душникот''' и двете негови гранки-лева и десна '''бронхолија'''.Тие пак се разгрануваат во '''бронхиоли''' и завршуваат со '''алвеоли'''.[[Алвеоли|Алвеолите]] се опкружени со мрежа од [[капилари]] во кои струи [[крв]] и при тоа се испушта [[јаглерод диоксид]] и [[Вода|водена пареа]] а се прима [[кислород]].


Душникот е канал изграден од рскавици во облик на потковица, чии краеви на задната страна се поврзани со сврзно ткиво кое му дава можност на душникот да се шири и собира. Во долниот дел душникот се разгранува на две гранки - душнички гранки.
Душникот е канал изграден од рскавици во облик на потковица, чии краеви на задната страна се поврзани со сврзно ткиво кое му дава можност на душникот да се шири и собира. Во долниот дел душникот се разгранува на две гранки - душнички гранки.
Ред 29: Ред 29:
*Кај водоземците телото е покриено со набрана растеглива кожа, секогаш влажна и лигава, богата со крвни капилари низ кои кислородот од водата влегува во телото.
*Кај водоземците телото е покриено со набрана растеглива кожа, секогаш влажна и лигава, богата со крвни капилари низ кои кислородот од водата влегува во телото.


Од безрбетните животни инсектите се најбројната група која живее на копно и во воздух. Покрај другите приспособувања инсектите се приспособиле да дишат атмосверски воздух со трахеи. Трахеите се хитински цевчиња кои се создале од кожата и се разгрануваат во телото допирајќи до органите. Тие внесуваат кислород до клетките и ткивата. Трахеите имаат отвори (устенца) странично од телото кои постојано се отворени и низ нив влегува воздухот. Кога инсектите го издолжуваат мешето трахеите се полнат со воздух - вдишуваат, а кога го собираат мешето воздухот се истиснува-издишуваат.РЕСПИАТОРНИОТ СИСТЕМ Е БЛЕСАВ
Од безрбетните животни инсектите се најбројната група која живее на копно и во воздух. Покрај другите приспособувања инсектите се приспособиле да дишат атмосверски воздух со трахеи. Трахеите се хитински цевчиња кои се создале од кожата и се разгрануваат во телото допирајќи до органите. Тие внесуваат кислород до клетките и ткивата. Трахеите имаат отвори (устенца) странично од телото кои постојано се отворени и низ нив влегува воздухот. Кога инсектите го издолжуваат мешето трахеите се полнат со воздух - вдишуваат, а кога го собираат мешето воздухот се истиснува-издишуваат.


*Сите 'рбетници (освен рибите) дишат со бели дробови. Воздухот го примаат преку ноздрите и преку грлото и душникот оди во белите дробови.
*Сите 'рбетници (освен рибите) дишат со бели дробови. Воздухот го примаат преку ноздрите и преку грлото и душникот оди во белите дробови.

Преработка од 09:18, 1 февруари 2017

Дишењето претставува физиолошки процес кој се состои во размена на гасовите меѓу живите организми и надворешната средина преку аеренхимот и листот (кај растенијата) и белите дробови, жабрите и трахеите (кај животните), при што доаѓа до наполно разградување на органските материи до неоргански.

Дишење постои и на ниво на клетката - клеточно дишење. Ниедна клетка не може да опстане без кислород. Во ова дишење учествуваат редица биохемиски реакции кои се одвиваат во присуство на кислород при што се ослободува хемиска енергија од сложените органски соединенија. Краен резултат од клеточното дишење е ослободување на енергија во вид на аденозин трифосфат (ATP).

Постојат два видови на дишење: аеробно - кое се одвива во присуство на кислород (како клеточното дишење опишано погоре) и анаеробно - кое се одвива во отсуство на кислород. Во најголем број живи организми се присутни и двата вида на дишење. Сепак, организмите кои дишат само аеробно се аероби, додека оние кои дишат анаеробно се анаероби (првенствено анаеробни бактерии).

Единствено (аеробно - анаеробно) дишење

При разградувањето на глукозата (процес познат како глуколиза), првиот дел од овој процес се одвива анаеробно и завршува со добивање пирогроздова и млечна киселина. Понатамошното разградување на овие меѓупродукти протекува во аеробни услови - во присуство на кислород. Оваа фаза се одвива во митохондриите на клетките, односно преку вклучување во Кребсовиот циклус. Крајни продукти од овој циклус се јаглерод диоксид и вода. Притоа се ослободува голема количина енергија. Дел од оваа енергија се користи за синтеза на високоенергетски соединенија, како што е ATP. Процесот на разградување на глукозата може да се претстави со оваа хемиска равенка:

C6H12O6 + 6H2O → 6CO2 + 6H2O + Енергија

Најсложен систем за дишење има кај цицачите.Кај нив органи за дишење се белите дробови и воздушните патишта.Системот на органите за дишење започнува со носот каде има влакненца кои ја задржуваат нечистотијата и затоа треба да се диши на нос а не на уста.Продолжува со голтката,па гркланот,следува душникот и двете негови гранки-лева и десна бронхолија.Тие пак се разгрануваат во бронхиоли и завршуваат со алвеоли.Алвеолите се опкружени со мрежа од капилари во кои струи крв и при тоа се испушта јаглерод диоксид и водена пареа а се прима кислород.

Душникот е канал изграден од рскавици во облик на потковица, чии краеви на задната страна се поврзани со сврзно ткиво кое му дава можност на душникот да се шири и собира. Во долниот дел душникот се разгранува на две гранки - душнички гранки. Душничките гранки штом навлезат во белодробните крила се разгрануваат во поситни гранки - бронхии, па бронхиоли кои завршуваат со воздушни ќесиња изградени од меурчиња - алвеоли. Алвеолите се изградени од еден ред епителни клетки обвиткани со крвни капилари. Во нив се врши размена на гасовите. Кислородот од алвеолите поминува во крвните капилари и со крвотокот се разнесува до сите клетки. А јаглерод диоксид од клетките влегува во венските капилари кои преку крвните садови - вени, се враќа во белите дробови и преку алвеолите и дишните патишта се исфрла надвор. Полнењето и празнењето на белите дробови е потпомогнато од дијафрагмата и меѓуребрените мускули .

Органи за дишење и начин на дишење на животните во животната средина

Во водната средина живеат голем број праживотни. Сите животни немаат посебни органи за дишење. Некои се приспособени да го примаат кислородот од средината по дифузен пат преку целата површина на телото. Тоа се едноклеточните животни.

  • Црвите немаат органи за дишење, но тие дишат преку влажната кожа.
  • Водните мекотели, раковите и иглокожните животни дишат со жабри.
  • Кај ракот жабрите се наоѓаат во основата на нозете, а кај мекотелите во телесната празнина.
  • Рибите дишат така што ја отвораат устата преку која влегува вода и ги облива жабрите. Тогаш во крвните капилари настанува размена на кислородот и јаглениот диоксид (кислородот влегува во крвта, а јаглеродниот диоксид излегува). Со подигање на жабрените капаци се исфрлаат надвор СО2 и водата.
  • Кај водоземците телото е покриено со набрана растеглива кожа, секогаш влажна и лигава, богата со крвни капилари низ кои кислородот од водата влегува во телото.

Од безрбетните животни инсектите се најбројната група која живее на копно и во воздух. Покрај другите приспособувања инсектите се приспособиле да дишат атмосверски воздух со трахеи. Трахеите се хитински цевчиња кои се создале од кожата и се разгрануваат во телото допирајќи до органите. Тие внесуваат кислород до клетките и ткивата. Трахеите имаат отвори (устенца) странично од телото кои постојано се отворени и низ нив влегува воздухот. Кога инсектите го издолжуваат мешето трахеите се полнат со воздух - вдишуваат, а кога го собираат мешето воздухот се истиснува-издишуваат.

  • Сите 'рбетници (освен рибите) дишат со бели дробови. Воздухот го примаат преку ноздрите и преку грлото и душникот оди во белите дробови.
  • Водоземците имаат најпросто градени бели дробови. Нивните белодробни крила наликуваат на два меури обвиткани со крвни капилари каде се врши размена на гасовите. Жабите дишат и преку влажната кожа.
  • Влечугите дишат само преку белите дробови. Кај нив белодробните крила се подобро развиени. Нивната кожа е сува и преку неа не се одвива дишењето.
  • Белите дробови на птиците имаат сунгереста градба и се изградени од многубројни воздушни каналчиња - бронхии околу кои има крвни капилари. Во бронхиите се врши дишењето. Посебен белег кај птиците се воздушните ќесиња коипреставуваат продолжеток на бронхиите и истите се протегаат низ шуплините меѓу органите, па дури влегуваат и во внатршноста на коските. Ваквите коски се наречени пневматични коски. Кога воздушните меури се полнат, птицата станува полесна и полетува.

Дишењето како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Запри го дишењето“ (Stop breathin) - албум на американската рок-група „Пејвмент“ (Pavement) од 1994 година.[1]

Наводи