Елемент (математика): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: hy:Էլեմենտ (մաթեմատիկա)
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава tr:Öğe
Ред 66: Ред 66:
[[th:สมาชิก (คณิตศาสตร์)]]
[[th:สมาชิก (คณิตศาสตร์)]]
[[fiu-vro:Hulga elonik]]
[[fiu-vro:Hulga elonik]]
[[tr:Öğe]]
[[zh:元素 (數學)]]
[[zh:元素 (數學)]]

Преработка од 22:42, 12 септември 2012

Во математиката, елемент или член на едно множество е некоја единица или предмет од каквишто се состои множеството.

Множества

Ако запишеме A = {1, 2, 3, 4 }, ова значи дека елементите на множеството A се броевите 1, 2, 3 и 4. Множествата од елементи на A, на пр. {1, 2} се подмножества на A.

Самите множества можат да бидат елементи. На пример, имаме множество B = {1, 2, {3, 4}}. Елементите на B не се 1, 2, 3 и  4, туку B има само три елемента: 1, 2 и множеството {3, 4}.

Елемент на едно множество може да биде било што. На пример, C = { црвена, зелена, сина } е множеството чиишто елементи се боите црвена, зелена и сина. Множеството без ниеден елемент се нарекува празно множество (се запишува со „{}“ или „“).[1]

Запишување и терминологија

Релацијата „е елемент на“ се нарекува и членство во множество и се означува со симболот  ∈. Запишувајќи вака:

велиме дека „x е елемент на A“. Истоветни изрази се: „x е член на A“, „x припаѓа на A“, „ е во A“ и „x лежи во A“. Во употреба се и изразите „A го содржи x“ и „A го вклучува x“, но некои автори ги користат со значење „x е подмножество на A“.[2]

Наредбата за овој симбол во означувачкиот јазик LaTeX е „\in“.

Негацијата на членството во едно множество се означува со ∉.

Кардиналност кај множествата

Бројот на елементи во дадено множество е својство наречено кардиналност (неформално речено, големина на множеството). Во горенаведениве примери, кардиналноста на множеството A изнесува 4, додека кардиналноста на множеството B и множеството C изнесува 3. Бесконечно множество е множество со бесконечен број на елементи, додека конечното множество има извесен (конечен) број на елементи. Горенаведените множества се примери за конечни множества. Пример за бесконечно множество е множеството на природни броеви, N = { 1, 2, 3, 4, ... }.

Примери

Земајќи ги гореопределените множества:

  • 2 ∈ A
  • {3,4} ∈ B
  • {3,4} е член на B
  • жолта ∉ C
  • Кардиналноста на D = { 2, 4,  8, 10, 12 } е конечна и еднаква на 5.
  • Кардиналноста на P = { 2, 3, 5, 7, 11, 13, ...} (простите броеви) е бесконечна, како што докажал Евклид.

Наводи