Епир (област): Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 28: | Ред 28: | ||
[[bg:Епир]] |
[[bg:Епир]] |
||
[[de:Epirus]] |
[[de:Epirus]] |
||
[[en:Epirus (periphery)]] |
|||
[[el:Ήπειρος]] |
[[el:Ήπειρος]] |
||
[[es:Epiro]] |
[[es:Epiro]] |
Преработка од 15:41, 24 јануари 2006
Епир (грчки: Ήπειρος, Ипирос), е област во северозападна Грција. Се граничи со Западна Грчка Македонија и Тесалија на исток, Централна Грција на југ, Јонското Море и Јонските Острови на запад, додека на север граничи со Албанија. Провинцијата зафаќа површина од 9,200 km2. Другиот дел од Епир е во Република Албанија (Епир (Албанија)).
Територијално - административна поделба на Епир
Епир е поделен на четири подобласти, наречени номои, кои, пак, од своја страна се поделени на општини или коинотети . Четирите подобласти се Теспротија, Јанина, Превеза и Арта.
Демографија
Во Грчкиот Епир живеат околу 350,000 луѓе. Најголем дел од населението се грци, но има и власи и албанци. И тие, како и македонците не се признаваат како малцинство, па затоа нивниот точен број не може да се утврди.
Географија и екологија
Релјефот во грчкиот дел од Епир е карпест и планински. На исток од Епир е планината Пинд. Поголем дел од Грчкиот Епир лежи на заветрената страна од планината Пинд, а тоа е причината што овој регион е еден од најдождливите во Грција.
Климата на Грчки Епир е главно алпска. Вегетацијата се состои воглавно од грмушести растенија, додека фауната е претставена со мечки, волци, лисици, срни и рисови.
Економија
Од економски аспект, Грчки Епир е сиромашна област, со мала индустрија. Поради карпестиот терен, земјоделието е отежнато. Тутунот се одгледува околу Јанина, а развиен е риболовот. Сепак, поголемиот дел од храната се увезува од плодните региони на Грција.