Бремен (покраина): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.3) (Бот Додава: et, nov, pfl Менува: lb
с r2.6.1) (Бот Додава: sh:Bremen (Pokrajina)
Ред 189: Ред 189:
[[sl:Bremen (dežela)]]
[[sl:Bremen (dežela)]]
[[sr:Бремен (покрајина)]]
[[sr:Бремен (покрајина)]]
[[sh:Bremen (Pokrajina)]]
[[fi:Bremen (osavaltio)]]
[[fi:Bremen (osavaltio)]]
[[sv:Bremen (delstat)]]
[[sv:Bremen (delstat)]]

Преработка од 08:20, 8 август 2011

Знаме
Знаме на сојузната држава Бремен
Статистика
Главен град:Бремен
Површина:405 km²
Жители:662,451 (2004)
Густина на насел.:1,636 луѓе на km²
Веб-сајт:bremen.de
ISO 3166-2:DE-HB
Политика
Претседател на Сенатот
и Мајор
:
Јенс Борнсен (СДП)
Владеачка партија:СДП/ХДУ коалиција
Мапа
Локација на Бремен на картата на Германија

Слободниот Ханзаски Град Бремен (официјално германско име Freie Hansestadt Bremen) е најмалата од шеснаесетте сојузни држави на Германија (Bundesländer).

Географија

Сојузната држава Бремен се состои од две одделени енклави: градот Бремен, кој е и главен град, и Бремерхафен. Двете енклави се лоцирани на реката Везер; Бремерхафен е пристаниште на Северното Море (името значи ,,Пристаништето на Бремен"). И двата града се опколени од соседната држава Долна Саксонија (Niedersachsen). Двата града се единствените административни подподелби од кои е составена државата.

Историја

Градот Бремен, член на Ханзаската Лига, постана империјален слободен град на Светата Римска Империја, а потоа држава, во 1646. По уништувањето на државата од Наполеон, во 1815 година, градот станал независна држава и истовремено член на Германската Конфедерација и Северногерманската Конфедерација. Неколку региони, вклучувајќи ја и областа на која ќе се изгради градот Бремерхафен, биле дел од Хановер во 1827 година. Во 1871 Бремен се придружува кон Германската Империја.

Додека Хановер бил под британска контрола по крајот на Втората Светска војна во 1945, Бремен бил ставен под контрола на САД, бидејќи на окупационата зона на САД и бил потребен пристап до океанот. Како резултат на ова, Бремен го задржал своето државништво, иако другите помали држави биле споени со поголеми.

Во 1905 година, Бремен имал површина од 256 km², и население од 263,000. Во 1939, бројот на населението изнесувал 450,000

Политика

Bürgerschaft-от (градското собрание) избира двајца мајори на градот (Bürgermeister). Еден од овие мајори е избран од сенатот како претседател на сенатот (Senatspräsident) и како резултат на тоа тој е глава на Слободниот Ханзаски Град Бремен.

Избори од 25 мај, 2003

Д-р Хенинг Шерф (СДП) е Мајор и претседател на сенатот во големата коалиција на СДП-ХДУ.

Партија Гласови за партијата Процент на гласовите Вкупно места Процент на местата
Социјална Демократска Партија (СоцДП) 123,480 42.3% (-0,2) 40 (-7) 48.2%
Христијанско-Демократска Унија (ХДУ) 86,819 29.8% (-7,2) 29 (-13) 34.9%
Алијанса '90/Зелените 37,350 12.8% (+3,8) 12 (+2) 14.5%
Слободна Демократска Партија (СДП) 12,294 4.2% (+1,7) 1 (+1) 1.2%
Германска Унија на Народот (ГУН) 6,642 2.3% (-0,7) 1 (=) 1.2%
Спротивставена Партија на Законот и Редот 12,876 4.3% (+4,3) 0 (=) 0.0%
Партија за Демократски Социјализам (ПДС) 4,885 1.7% (-1,2) 0 (=) 0.0%
Сите Други 7420 2.6% (-0,5) 0 (=) 0.0%
Вкупно 291,766 100.0% 83 (-17) 100.0%


Видете исто така

Надворешни врски