Монетарно осамостојување на Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
создавање нова статија со содржина и извори
 
Ред 8: Ред 8:


==Напуштање на вредносните бонови и појава на вистинските пари==
==Напуштање на вредносните бонови и појава на вистинските пари==
По пуштањето во оптек на вредносните бонови, НБРМ започнува со подготовки за издавање на првата стандардизирана емисија на македонски денари (банкноти во апоени од 10, 20, 50, 100 и од 500 денари и монети со вредност од 50 дени и од 1, 2 и од 5 денари). Првата емисија на денарите е печатена во печатницата "11 Октомври" од Прилеп, а металните пари се изработени во фабриката "Сувенир" од [[Самоков]]. Печатењето и ковањето започнува во есента 1992 г. и трае до април [[1993]] г. Дизајнот на првата емисија на книжни пари е дело на графичкиот уметник [[[Борче Николоски]], а банкнотите носат ликовни решенија од македонското културно наследство (старата зграда на НБМ во [[Скопје]], црквите [[св. Софија]] и [[св. Јован Канео]] во [[Охрид]], црквата [[св. Пантелејмон]] во с. [[Нерези]], [[Даут-пашиниот амам]] во Скопје, саат-кулата во Прилеп, [[куќата на Робевци]] во Охрид итн.). Дизајнот на металните пари ги изразува најзначајните претставници на биодиверзититетот во Република Македонија ([[охридската пастрмка]], [[шарпланинското куче]],[[пелистер]]скиот [[рис]] и [[дојран]]скиот [[галеб]]). Замената на вредносните бонови со денарски банкноти трае од [[10 мај]] до [[31 декември]] 1993 г. Притоа, на [[7 мај]] 1993 г. е извршена законска деноминација на денарот со која еден денар вреди 100 дотогашни вредносни бонови. Сегашното издание на македонски банкноти е пуштено во оптек на [[8 септември]] [[1996]] г. и се состои од книжни пари во апоени од 10, 50, 100, 1 000 и од 5 000 денари, кои се дело на ликовниот уметник [[Билјана Унковска]]. Банкнотите носат ликовни решенија кои го изразуваат богатото културно-историско наследство на Република Македонија (статуа на божицата [[Изида]] пронајдена во Охрид, детал од [[мозаик]]от на [[базилика]]та во[[Стоби]], детал од [[фреска]] од црквата [[св. Ѓорѓи]] од с. [[Курбиново]], таванска [[розета]] од албанска куќа од [[Дебар]], златната маска пронајдена во с. [[Требениште]], [[икона]] од црквата [[Мали св. Врачи]] од Охрид, бронзена фигура на [[Менада]] пронајдена во [[Тетово]] итн.).<ref> Кики Мангова Поњавиќ, Ванчо Каргов, ''60 години централно банкарство во Република Македонија'', Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006, стр. 87-109.</ref>
По пуштањето во оптек на вредносните бонови, НБРМ започнува со подготовки за издавање на првата стандардизирана емисија на македонски денари ([[банкноти]] во апоени од 10, 20, 50, 100 и од 500 денари и [[монети]] со вредност од 50 дени и од 1, 2 и од 5 денари). Првата емисија на денарите е печатена во печатницата "11 Октомври" од Прилеп, а металните пари се изработени во фабриката "Сувенир" од [[Самоков]]. Печатењето и ковањето започнува во есента 1992 г. и трае до април [[1993]] г. Дизајнот на првата емисија на книжни пари е дело на графичкиот уметник [[Борче Николоски]], а банкнотите носат ликовни решенија од [[македонското културно наследство]] (старата зграда на НБМ во [[Скопје]], црквите [[св. Софија]] и [[св. Јован Канео]] во [[Охрид]], црквата [[св. Пантелејмон]] во с. [[Нерези]], [[Даут-пашиниот амам]] во Скопје, саат-кулата во Прилеп, [[куќата на Робевци]] во Охрид итн.). Дизајнот на металните пари ги изразува најзначајните претставници на биодиверзититетот во Република Македонија ([[охридската пастрмка]], [[шарпланинското куче]],[[пелистер]]скиот [[рис]] и [[дојран]]скиот [[галеб]]). Замената на вредносните бонови со денарски банкноти трае од [[10 мај]] до [[31 декември]] 1993 г. Притоа, на [[7 мај]] 1993 г. е извршена законска деноминација на денарот со која еден денар вреди 100 дотогашни вредносни бонови. Сегашното издание на македонски банкноти е пуштено во оптек на [[8 септември]] [[1996]] г. и се состои од книжни пари во апоени од 10, 50, 100, 1 000 и од 5 000 денари, кои се дело на ликовниот уметник [[Билјана Унковска]]. Банкнотите носат ликовни решенија кои го изразуваат богатото [[културно-историско наследство на Република Македонија]] (статуа на божицата [[Изида]] пронајдена во Охрид, детал од [[мозаик]]от на [[базилика]]та во[[Стоби]], детал од [[фреска]] од црквата [[св. Ѓорѓи]] од с. [[Курбиново]], таванска [[розета]] од албанска куќа од [[Дебар]], златната маска пронајдена во с. [[Требениште]], [[икона]] од црквата [[Мали св. Врачи]] од Охрид, бронзена фигура на [[Менада]] пронајдена во [[Тетово]] итн.).<ref> Кики Мангова Поњавиќ, Ванчо Каргов, ''60 години централно банкарство во Република Македонија'', Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006, стр. 87-109.</ref>


==Извори==
==Извори==

Преработка од 02:30, 30 јануари 2011

Монетарното осамостојување на Македонија претставува процес на дефинирање на државниот суверенитет на Република Македонија во областа на монетарните финансии, вклучувајќи и создавање на национална валута.

Подготовка на процесот на монетарно осамостојување

Подготовките за спроведување на монетарното осамостојување започнуваат во најголема тајност, веднаш по прогласувањето на независноста и донесувањето на Уставот на Македонија. За спроведување на монетарното осамостојување, во 1991 г., Владата на Република Македонија формира Комисија за монетарен систем во состав: Никола Кљусев - претседател на Владата, Методија Тошевски - министер за финансии, Борко Станоевски - гувернер на НБМ и професорите Ксенте Богоев и Љубе Трпески. На 19 декември 1991 г., Владата на Република Македонија носи одлука со која ја овластува Народната банка на Македонија да го организира процесот на печатење и дистрибуција на вредносни бонови како привремено платежно средство. На 7 февруари 1992 г., во трезорите на НБРМ се депонирани 27 858 696 парчиња вредносни бонови, печатени во печатницата "11 Октомври" од Прилеп. Боновите се издадени во апоенска вредност од 10, 25, 50, 100, 500 и од 1 000 единици со унифициран дизајн и со различна боја. На предната страна на боновите се претставени тутуноберачи, а на задната страна е споменикот "Македониум" во Крушево, дело на скулпторот Јордан Грабул. Заради ефектите на галопирачката инфлација, подоцна се печатат и вредносни бонови со апоенска вредност од 5 000 и 10 000 единици.

Монетарно осамостојување и воведување на македонскиот денар

На Велигден, 26 април 1992 г., Собранието на Република Македонија носи пакет закони со кои се поставува институционалната рамка на монетарниот систем и се воведува денарот како парична единица на Република Македонија. Денарот се дели на 100 дени, а неговиот скратен назив во платниот промет е ДЕН. Името на македонската валута - денар е донесено на предлог на академик Петар Х. Илиевски, како израз на историскиот континуитет на употребата на парите на територијата на Македонија од римската антика до средновековниот период. На 27 април 1992 г. започнува замената на книжните југословенски [динар]]и со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената трае три дена. Книжните пари што гласат на југословенски динари дефинитивно престануваат да важат како платежно средство во Република Македонија на 29 април 1992 г., додека кованите пари со апоенска вредност од 1, 2 и од 5 југословенски динари остануваат во оптек уште една година.

Напуштање на вредносните бонови и појава на вистинските пари

По пуштањето во оптек на вредносните бонови, НБРМ започнува со подготовки за издавање на првата стандардизирана емисија на македонски денари (банкноти во апоени од 10, 20, 50, 100 и од 500 денари и монети со вредност од 50 дени и од 1, 2 и од 5 денари). Првата емисија на денарите е печатена во печатницата "11 Октомври" од Прилеп, а металните пари се изработени во фабриката "Сувенир" од Самоков. Печатењето и ковањето започнува во есента 1992 г. и трае до април 1993 г. Дизајнот на првата емисија на книжни пари е дело на графичкиот уметник Борче Николоски, а банкнотите носат ликовни решенија од македонското културно наследство (старата зграда на НБМ во Скопје, црквите св. Софија и св. Јован Канео во Охрид, црквата св. Пантелејмон во с. Нерези, Даут-пашиниот амам во Скопје, саат-кулата во Прилеп, куќата на Робевци во Охрид итн.). Дизајнот на металните пари ги изразува најзначајните претставници на биодиверзититетот во Република Македонија (охридската пастрмка, шарпланинското куче,пелистерскиот рис и дојранскиот галеб). Замената на вредносните бонови со денарски банкноти трае од 10 мај до 31 декември 1993 г. Притоа, на 7 мај 1993 г. е извршена законска деноминација на денарот со која еден денар вреди 100 дотогашни вредносни бонови. Сегашното издание на македонски банкноти е пуштено во оптек на 8 септември 1996 г. и се состои од книжни пари во апоени од 10, 50, 100, 1 000 и од 5 000 денари, кои се дело на ликовниот уметник Билјана Унковска. Банкнотите носат ликовни решенија кои го изразуваат богатото културно-историско наследство на Република Македонија (статуа на божицата Изида пронајдена во Охрид, детал од мозаикот на базиликата воСтоби, детал од фреска од црквата св. Ѓорѓи од с. Курбиново, таванска розета од албанска куќа од Дебар, златната маска пронајдена во с. Требениште, икона од црквата Мали св. Врачи од Охрид, бронзена фигура на Менада пронајдена во Тетово итн.).[1]

Извори

  1. Кики Мангова Поњавиќ, Ванчо Каргов, 60 години централно банкарство во Република Македонија, Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006, стр. 87-109.