Љубиша Георгиевски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 28: Ред 28:
[[bg:Любиша Георгиевски]]
[[bg:Любиша Георгиевски]]
[[ru:Георгиевский, Любиша]]
[[ru:Георгиевский, Любиша]]
[[zh:柳比沙·盖奥尔吉埃夫斯基]]

Преработка од 22:36, 17 јули 2010

Љубиша Георгиевски

Љубиша Георгиевски (роден на 30 мај 1937 година во Битола) е театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974. Љубиша Георгиевски е тековен претседател на Собранието на Република Македонија.

Кариера

Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Република Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена.

Досега има објавено десеттина книги. Како филмски режисер има режирано четири филма. Како новинар има напишано преку двесте авторски колони во „Дневник”.

Награди

Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра престава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив сè уште се на репертоарот.

Политичка кариера

На претседателските избори во 1994 година Георгиевски бил претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2000 до 2004 бил вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија.

Зборува англиски, француски, италијански, руски, бугарски и српски, а се служи и со словенечки, полски и романски.