Дунаујварош
Дунаујварош Dunaújváros | |||
---|---|---|---|
град | |||
Блокови од времето на социјализмот | |||
Местоположба на Дунаујварош | |||
Координати: 46°58′50″N 18°54′46″E / 46.98065° СГШ; 18.91268° ИГД | |||
Држава | Унгарија | ||
Жупанија | Фејер | ||
Површина | |||
• Вкупна | 52,66 км2 (2,033 ми2) | ||
Население (2011) | |||
• Вкупно | 48.104 | ||
• Густина | 922/км2 (2,390/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски број | 2400 | ||
Повик. бр. | 25 |
Дунаујварош (унгарски: Dunaújváros, порано Dunapentele) — град во Унгарија, сместен во средишниот дел на државата. Дунаујварош е втор по важност град во рамките на жупанијата Фејер.
Спрема податоците од 2008 година градот има 62.286 жители.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Името Дунаујварош во превод од унгарски јазик значи „нов град на Дунав“.
Географија
[уреди | уреди извор]Дунаујварош се наоѓа во средишниот дел на Унгарија, во средишниот дел на Панонската Низина, на десниот брег на Дунав. Оддалечен е 75 км јужно од престолнината Будимпешта. Со главниот град Дунаујварош е поврзан со современ автопат.
Клима
[уреди | уреди извор]Климата во градот е умерено-континентална.
Историја
[уреди | уреди извор]Дунаујварош е еден од поновите градови во Унгарија. Изграден е во текот на педесеттите години, за време на социјализмот и индустријализацијата на земјата како потполно нов град покрај постојното гратче Дунапентеле.
Дунапентеле
[уреди | уреди извор]Ова подрачје било населено уште од древни времиња. Во времето кога западниот дел на Унгарија бил под власт на Римјаните под името Панонија, градот се вика Интерциса и бил на границата на провинцијата. Унгарците го покориле ова подрачје во почетокот на 10 век. Градот бил наречен Пентеле по грчкиот светец Пантелејмон.
Меѓу 1541 и 1688 година градот бил под власт на Османлиското Царство, кога е потполно уништен во текот на Петнаесетгодишната војна. За време на борбата за ослободување која ја предводел Ференц II Ракоци местото повторно било опустошено. Во 18 век почнува обнова и просперитет на населбата. Во 1833 година ова место добило статус на град.
Население
[уреди | уреди извор]Во следнава табела се дадени историски податоци за бројноста на населението:
Година | Жители |
---|---|
1949 | 3.949 |
1960 | 30.976 |
1970 | 45.129 |
1980 | 60.736 |
1990 | 59.028 |
2001 | 55.309 |
2011 | 48.484 |
Во 2001 година Дунаујварош имал 55.309 жители (92,5% Унгарци, 0,6% Роми, 0,6% Германци, 6,3% други).[1] Вероисповед: 38,9% католици, 8,3% калвинисти, 2% лутеранци, 37,8% атеисти, 0,2% други, 12,8% без одговор.[2][3]
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Збратимени градови со Дунаујварош се:
- Србија, Сремска Митровица
- Австралија, Линц
- Бугарија, Силистра
- Франција, Вилжуиф
- Италија, Терни
- Романија, Џурџу
- Турција, Инегул
- Украина, Алчевск
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Дунаујварош“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место на Дунаујвароша (унгарски) en
- Панорами на Дунаујварош
- Новиот мост во Дунаујварош Архивирано на 13 април 2006 г.
|
- ↑ „2001 census - Nationalities (Hungarian)“. Архивирано од изворникот на 2020-03-29. Посетено на 2016-10-27.
- ↑ „2001 census - Religions (Hungarian)“. Архивирано од изворникот на 2020-04-10. Посетено на 2016-10-27.
- ↑ „Historical population of Fejér (Hungarian Central Statistical Office)“. Архивирано од изворникот на 2006-01-12. Посетено на 2016-10-27.