Везерско Средногорје

Координати: 51°58′N 9°30′E / 51.967° СГШ; 9.500° ИГД / 51.967; 9.500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед од паркот Орберг до малото село Тиндерн и атомската централа „Гронде“, веднаш до реката Везер

Везерско Средногорје (германски: Weserbergland) — ридска област во Германија (Долна Саксонија, Хесен и Северна Рајна-Вестфалија, помеѓу Хан. Минден и Порта Вестфалика близу реката Везер. Важни градови во областа се Бад Карлсхафен, Холцминден, Хекстер, Боденвердер, Хамелн, Ринтелн и Флото. Бајките на Браќата Грим се одвиваат на Везерото Средногорје и има многу ренесансни градби, кои претставуваат особен регионален стил. Областа скоро се поклопува со природната област на Долносаксонските ридови.

Географија[уреди | уреди извор]

Реката Везер, а позадина селото Тиндерн.
Везерското Средногорје
Поглед на ридовите Везер. Ридот со телевизиската кула е Јакобсберг.
Везерското Средногорје помеѓу Хајнзен и Поле.

Како дополнување на долината Везер помеѓу Хан. Минден и Порта Вестфалика постојат неколку геолошки ридови, кои се сметаат како дел од Везерското Средногорје. Во најтесна смисла влегуваат (од север на југ):

Име Височина
Везер 326,1 м
Зинтел 440 м
Отенштајн 376 м
Фоглер 460,4 м
Золинг 527,8 м
Рајнхардсвалд 472,2 м
Брамвалд 408 м

Најголемо пошумено подрачје претставува Золин со Природниот парк „Золинг-Фоглер“.

Познати ридови[уреди | уреди извор]

Покрај гореспоменатите ридови, понекогаш и други се сметаат како дел од Везерското Средногорје.

  • Алсбург (411,4 м)
  • Амтсберге (392,2 м)
  • Бикеберг (367 м)
  • Бургберг (355 м)
  • Дајстер (405 м)
  • Елфас (409,6 м)
  • Хилс (480,4 м)
  • Холцберг (444,5 м)
  • Хомбург (406,1 м)
  • Ит (439 м)
  • Клајнер Дајстер (345,7 м)
  • Липско Средногорје (495,8 м)
  • Неселберг (378,2 м)
  • Обервелдер Ланд
  • Остервалд (419,2 м)
  • Вепер (379 м)
  • Виен (319,6 м)
Зајдисонце во областа
Поглед на Беверунген кон север

Важни градови[уреди | уреди извор]

Култура[уреди | уреди извор]

Везерското Средногорје развиле сопствен архитектонски стил. Помеѓу 1520 и 1640 година, голем број на градби биле изградени во т.н. везеров ренесансен стил.

Ликови од областа кои станале светски познати се легендарниот Хамелнски свирач, Барон Минхаузен, чиј лик бил инспириран од човек од Боденвердер и Доктор Ајзенбарт, кој умрел во Хан. Минден.

Дополнителни, многу бајки од Браќата Грим биле со дејство во областа.

Туризам[уреди | уреди извор]

Значајни туристички одредишта во областа покрај историските градови се природниот парк Шаумбург-Хамелн, Золинг-Фоглер, велосипедските патеки во должина од 500 километри покрај реката Везер.

Од важно значење претставува и туризмот на мотори. Везерското Средногорје, како и Харц, е омилено одредиште во северна Германија. Особено, Кетерберг, како највисока точка до Северното Море, каде што се пружа панорамски поглед до 80 километри.

Други познати одредишта се пештерата Шилат, Тоненбург во Хекстер-Албаксен, паркот Нојхаус, Везерштајн во Хан. Минден и неколку музеи, како музејот за земјоделска механизација во Бери.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Областа е под големо влијание на туризмот. Големи области се наменети за земјоделството и шумарството. Фабриката за порцелан во Фирстенберг работи од 1747 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

51°58′N 9°30′E / 51.967° СГШ; 9.500° ИГД / 51.967; 9.500