Poison (група)
Poison | |
---|---|
Poison на настап во 2006 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Paris |
Потекло | Механиксбург, Пенсилванија, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 1983–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | poisonofficial.com |
Poison (транскрипција: Појзон) ― американска глам-метал група основана во 1983 година во Механиксбург, Пенсилванија. Во состав на групата при врвот на нејзината популарност биле: пејачот и ритам-гитарист Брет Мајклс, тапанарот Рики Рокет, главниот гитарист и придружен вокал Сиси Девил и басистот Боби Дол. Групата имала огромен комерцијален успех од средината на 1980-тите до средината на 1990-тите и има продадено преку 65 милиони албуми во светски рамки. [5]
Групата издала седум студиски албуми, четири албуми во живо, пет компилациски албуми и 28 радиски синглови. Во 2012 година VH1 ги ставил на прво место на нивниот список „Топ-5 групи со коса од 80-тите“.[6]
Историја
[уреди | уреди извор]Групата Poison, претходно го носела името Paris, била основана во 1983 година во Механиксбург, Пенсилванија. Во првиот состав на групата членувале: пејачот Брет Мајклс, гитаристот Мет Смит и тапанарот Рики Рокет.[7] Во март 1983 година, тие го смениле името на групата од Paris во Poison и се преселиле во Калифорнија.[8]
Таму тие снимиле демо-снимки за Atlantic Records, но издавачката куќа одлучила да не потпишува договор со групата.[8] [9] Во 1985 година, гитаристот Смит ја напуштил групата и се вратил во Пенсилванија.
Неколку гитаристи се пријавиле на аудицијата за нов гитарист, а во потесен избор влегле Слеш и Сиси Девил. Групата го познавала Слеш од групата Hollywood Rose, во која тој членувал пред да се приклучи на Guns N' Roses, но тие се надевале дека ќе најдат гитарист од Источниот Брег. Затоа тие го ангажирале Девил, а не Слеш. Групата, исто така, видела потенцијал за хит-сингл во песната која Девил ја донел со себе на аудицијата, „Talk Dirty to Me“, песна од неговата претходна група The Screaming Mimis.[10] [11]
Во 1986 година, поради неможност да склучи договор за снимање со голема издавачка куќа, Poison потпишала договор со Enigma Records за приближно 30 000 долари. Нивниот прв албум, Look What the Cat Dragged In, бил издаден на 23 мај 1986 година, а членовите на групата делумно сами го финансирале снимањето. Било планирано од албумот да се издаде само еден сингл, „Cry Tough“; но Look What the Cat Dragged In забележал неочекуван успех и три негови песни се пласирале на топ-листите: „Talk Dirty to Me“, „I Want Action“ и „I Won't Forget You“. [12] Ова станал најпродаван албум во целокупната историја на Enigma.
Вториот албум на Poison, Open Up and Say...Ahh!, бил објавен на 21 мај 1988 година.[13] Стигнал до второ место на американската топ-листа. Албумот го содржи најголемиот хит на групата, „Every Rose Has Its Thorn“ и неколку други хитови „Nothin' but a Good Time“, „Fallen Angel“, и преработката на песната „Your Mama Don't Dance“ оригинално испеана од Loggins и Messina. Во 1989 година, групата го издала нивниот прв видео-албум под наслов Sight for Sore Ears на кој се наоѓале сите нивни музички видеа од првите два албума.[14]
На 21 јуни 1990 година, Poison го издале нивниот трет албум, Flesh & Blood. Албумот, исто така, бил многу успешен во САД и во Канада.[15] [16] По успехот на албумот групата заминала на светска турнеја. На 18 август 1990 година, групата настапила на фестивалот Donington's Monsters of Rock. На истиот фестивал учествувале и Whitesnake и Aerosmith, а настанот бил емитуван на BBC Radio 1.[17]
За време на светската турнеја Poison снимила неколку концерти кои биле објавени во ноември 1991 година како прв албум во живо на групата, Swallow This Live. Двојниот албум содржел песни во живо од првите три студиски албуми на Појзон и четири нови студиски песни.
Поради зависност од алкохол и кокаин, Девил бил отпуштен од групата, а него го заменил гитаристот Ричи Коцен. Четвртиот албум на Poison, Native Tongue, бил објавен на 8 февруари 1993 година. Албумот бил под силно влијание на придонесот на новодојдениот Коцен. Албумот ја означува промената на музичката насока на групата и поориентиран кон блуз-рок за сметка на глам-метал музиката. Албумот добил претежно позитивни критики. Групата имала турнеја за поддршка на албумот, но се зголемиле несогласувањата меѓу Коцен и остатокот од групата. Било откриено дека Коцен се впуштил во романтична врска со тогашната свршеница на Рокет, Диана Ив. Коцен бил веднаш отпуштен и на негово место (во ноември 1993 година) дошол Блуз Сарацено кој ја довршил светската турнеја на групата.
На почетокот од 1994 година, Poison започнале со снимање на нивниот шести албум, Crack a Smile. Снимањето било прекинато во мај 1994 година, поради сообраќајната несреќа на Мајклс. Мајклс се здобил скршеници на носот, ребрата, вилицата и прстите и изгубил четири заби. Откако закрепнал во 1995 година, групата продолжила да го снима албумот. Албумот набргу бил откажан, без јасен датум за издавање. Поради ова, нивната издавачка куќа се одлучила да објави за компилација од најголеми хитови. Нивниот прв албум со најголеми хитови (Poison's Greatest Hits: 1986–1996) бил издаден на 26 ноември 1996 година и исклучително добро се продавал.[18]
Во 1996 година Девил се вратил во групата за да го замени Сарацено.[19]
Мајклс бил поврзуван со Памела Андерсон. Откако долгогодишниот адвокат на Појзон и Мајклс, Ед Мекферсон, добил федерален налог со кој се забранува дистрибуција на експлицитна секс-снимка која ја направил парот, во 1998 година на интернет се појавила скратена верзија од снимката.[20] Мајклс и неговиот пријател, глумецот Чарли Шин, ја основале продукциската компанија наречена Sheen Michaels Entertainment.
Летото 1999 година, оригиналната постава од групата била на турнеја. На 14 март 2000 година конечно бил објавен албумот Crack a Smile...and More!. Шестиот студиски албум на Poison, Hollyweird, бил објавен на 21 мај 2002 година. Тоа бил прв албум на Појзон со нов материјал откако Девил се вратил во групата. Албумот бил жестоко критикуван од критичарите и од обожавателите затоа што сметале дека е со слаба продукција и невпечатлив нов звук. Како синглови од албумот биле издадени: преработката на песната од The Who „Squeeze Box“ и „Shoting Star“.
По светската турнеја за промоција на албумот Hollyweird, во 2003 година Poison го издале вториот компилациски албум, Best of Ballads & Blues. Во текот на летото 2004 година, Poison биле поканети да бидат предгрупа за турнејата од Kiss насловена како „Rock the Nation“. Poison биле речиси неактивни во 2005 година.
По едногодишна пауза, Poison се вратиле на музичката сцена. Тие ја прославија 20-годишнината од основањето со светската турнеја "20 Години Рок" одржана летото 2006 година. Групата издала јубилеен компилациски албум, The Best Of Poison: 20 Years Of Rock.
На 1 август 2006 година, Capitol Records објавил ремастерирани верзии на првите три албуми на Poison: Look What the Cat Dragged In, Open Up and Say... Аhh! и Flesh and Blood, по повод 20-годишнината од основањето на Poison. Сите три албуми содржеле бонус песни.
На 3 јануари 2007 година, Poison на нивната официјална страница на Мајспејс ги замолиле нивните обожаватели да им помогнат во изборот на омилени класични рок-песни кои би се нашле на новиот студиски албум кој требало да го снимат. Обожавателите ги предложиле песните: „Frebird“ од Ленард Скинард, „The Ballroom Blitz“ од Sweet и „You Shook Me All Night Long“ од AC/DC, заедно со „Poison“ од Алис Купер. Во 2007 година, Poison биле на летна турнеја со групата Ratt. На 5 јуни 2007 година, под Capitol Records, го издале нивниот албум, Poison'd!. Групата свирела на рок-фестивалот Rock2Wgtn во Велингтон во март 2008 година. На фестивалот учествувале и легендарни рокери како: Kiss, Ози Озборн, Алис Купер, Whitesnake и Lordi.[21]
На 15 јули 2008 година, Poison на ДВД објавиле концерт во живо под наслов Live, Raw & Uncut; бил снимен во Сент Луис за време на Poison'd турнејата во 2007 година. Исто така, во 2008 година била издадена и ЦД верзија под наслов, Seven Days Live.[22] На 7 јуни 2009 година, Poison биле специјални гости на 63-тото доделување на Тони наградите, каде ја извеле песната „Nothin' But a Good Time“.[23]
Во 2012 година, Poison и Def Leppard биле на турнеја насловена како Rock of Ages. По турнејата во периодо од 2012 до 2017 година, секој член од групата тргнал по својот пат.
Од 16 јуни до 9 септември 2022 година, Poison биле на турнеја во Северна Америка како прегрупа на Mötley Crüe и Def Leppard. Турнејата прво била закажана за летото 2020 година, но била одложена поради COVID-19.[24] За време на турнејата, Мајклс рекол дека групата најверојатно нема да снима нов албум, но и дека се надеваа дека ќе напишат и снимат уште една песна што ќе ги евоцира нивните хитови од нивните најславни денови.[25]
Членови на групата
[уреди | уреди извор]Сегашни членови
[уреди | уреди извор]- Брет Мајклс – водечки вокал, ритам гитара, хармоника (1983-денес)
- Рики Рокет – тапани, ударни инструменти, придружни вокали (1983-денес)
- Боби Дал – бас, пијано, придружни вокали (1983-денес)
- CC DeVille – главна гитара, придружни и повремени водечки вокали (1985–1991, 1996–денес) [19]
Поранешни членови
[уреди | уреди извор]- Мет Смит – главна гитара, придружен вокал (1983–1985)
- Ричи Коцен – главна гитара, клавијатури, пијано, мандолина, добро, придружен вокал (1991–1993)
- Блуз Сарацено – главна гитара, клавијатури, пијано, придружни вокали (1993–1996) [19]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Студиски албуми
- Look What the Cat Dragged In (1986)
- Open Up and Say... Ahh! (1988)
- Flesh & Blood (1990)
- Native Tongue (1993)
- Crack a Smile... and More! (2000)
- Hollyweird (2002)
- Poison'd! (2007)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hutcherson, Ben; Haenfler, Ross (2010). „Music Genre as a Gendered Process: Authenticity in Extreme Metal“. Во Norman K. Denzin; Christopher J. Schneider; Robert Owen Gardner; John Bryce Merrill; Dong Han (уред.). Studies in Symbolic Interaction. Emerald Group Publishing. стр. 103–104. ISBN 9780857243614.
- ↑ Kevin Coffey (June 19, 2014). „Poison frontman Bret Michaels will help with Pilger clean-up“.
- ↑ „Heavy Metal Star Held on Rape Charge“. Архивирано од изворникот на December 8, 2015. Посетено на November 29, 2015.
- ↑ „From Heavy Metal To High Society“. The New York Times. June 13, 2002.
- ↑ „Top Selling Artists“. RIAA. Архивирано од изворникот на July 25, 2013.
- ↑ „Top 5 Hair Bands Of The '80s“. VH1 Music News. Архивирано од изворникот на June 16, 2012.
- ↑ „Poison's 'Look What the Cat Dragged In' Helped Define Hair Metal“. Ultimate Classic Rock. May 23, 2016. Посетено на June 25, 2020.
- ↑ 8,0 8,1 „Poison Manager Vicky Hamilton on Quitting After Bret Michaels' Stage Insult: It was a mutual parting“. YouTube. Посетено на March 17, 2022.
- ↑ Konow, D (2002). „Bang Your Balls“. Three Rivers Press: 266. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ „Living Legends music: Poison“. 2011. Архивирано од изворникот на October 5, 2011. Посетено на June 13, 2011.
- ↑ „POISON Drummer Rikki Rockett Recalls SLASH Almost Being In The Band – "CC (Deville) Auditioned And He Just Made More Sense"“. Decibel Geek Podcast. Посетено на March 17, 2022.
- ↑ Konow, D (2002). „Bang Your Balls“. Three Rivers Press: 268. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ „This Day in Rock History for 21 May“. Посетено на October 18, 2009.
- ↑ „Sight for Sore Ears! - Poison“. Allmusic. Посетено на June 28, 2020.
- ↑ „RIAA – Gold & Platinum“. Recording Industry Association of America. Посетено на January 25, 2010.
- ↑ „Canadian Recording Industry Association“. Посетено на January 25, 2010.
- ↑ „Donington - Monsters of Rock 1990“. BBC Radio 1 England. August 18, 1990. Посетено на June 25, 2020.
- ↑ „Poison's Greatest Hits 1986-1996“. Allmusic.
- ↑ 19,0 19,1 19,2 Weber, Barry. „Poison Biography“. Yahoo! Music. Посетено на October 26, 2011. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „yahoomusic“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Celebrity sex tapes“. WCBS-TV. Архивирано од изворникот на February 11, 2010.
- ↑ „Poisson“. NZLive.com. Архивирано од изворникот на April 10, 2009.
- ↑ „Seven Days Live - Poison“. Allmusic. Посетено на June 25, 2020.
- ↑ Stephen M. Silverman. „Bret Michaels Injured at the Tony Awards“. People.
- ↑ Kaufman, Spencer (June 18, 2020). „Mötley Crüe and Def Leppard Announce Rescheduled Dates for Stadium Tour“. Consequence of Sound. Посетено на June 25, 2020.
- ↑ Kielty, Martin (August 25, 2022). „Bret Michaels: Talk of new Poison material could end in Violence“. ultimateclassicrock.com. Посетено на August 26, 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Poison (група) — AllMusic (англиски)
|