Чарли Шин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чарли Шин
Роден(а)Карлос Ирвин Естевез
Занимањетелевизиски и филмски актер, продуцент, сценарист
Активен1972—денес
СопружникБрук Мулер (2008—денес)
Дениз Ричардс (2002 — 2006)
Дона Пил (1995 — 1996)
НаградиHollywood Walk of Fame
1994 — 7021 Hollywood Boulevard
Шин на продажбата на реклами од 2012 година FX (ТВ канал)

Чарли Шин — наградуван американски глумец.

Кратка биографија[уреди | уреди извор]

Роден е на 3 септември 1965 година во Њујорк. Вистинското име му е Карлос Ирвин Естевез. Син е на познатиот глумец Мартин Шин и брат на Емилио Естевез.

Бил избркан од гимназија заради лошо однесување и слаби оценки на само една недела пред матурирањето иако бил главна ѕвезда на училишниот безбол тим.

Првиот аматерски филм го снимил уште како средношколец заедно со двајца школски другари, Роб Лоу и Шон Пен.

На почетокот на кариерата остварува неколку позабележителни улоги, меѓутоа со статус на ѕвезда се здобива по улогата на војникот Крис во филмскиот хит на Оливер СтоунВод“ во 1987 година.

Настапува и во следниот голем хит на Оливер Стоун, „Волстрит“, заедно со Мајкл Даглас.

На екипата на „Лудиот град“ ѝ се придружил на почетокот на петтата сезона и настапува во улогата за заменик-градоначалникот Чарли Крафорд, а моментално ја снима серијата Два и пол мажи

Надворешни врски[уреди | уреди извор]