Nightmare Cinema

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Nightmare Cinema (македонски: Кино на кошмарите) е променета верзија на Dream Theater, и го црпи своето име од приближниот антоним на „Dream Theater“ (македонски: Театар на сништата). Тука спаѓаат Џон Петручи на тапани, Мајк Портној на бас гитара, Џон Мјанг на клавијатури, Дерек Шерениан на гитара и Џејмс ЛаБри на вокали.

За време на нивните изведби на концертите, започнувајќи од 1 ноември, 1997 во „House of Blues“ во Чикаго, членовите на Dream Theater понекогаш застранувале од свирењето на нивните матични инструменти и секој еден свирел нешто друго, со исклучок на ЛаБри кој останувал вокалист. Песните кои тие најчесто ги свиреле биле вообичаено „Perfect Strangers“ од Deep Purple, додека во некои прилики ја свиреле и „Suicide Solution“ од Ози Озборн.

Откако Дерек Шерениан го напуштил Dream Theater во 1999, Dream Theater си останале на нивното, и Nightmare Cinema не засвирило никогаш повторно. Според Портној, имало некоја врска помеѓу членовите на групата која ѝ дозволувала на оваа експериментална група да постои, но ова било загубено со заминувањето на Шерениан. Ова е интересен факт, со оглед на тоа што замената на Шерениан, Џордан Рудес, е поспособен гитарист, и свирел гитара на една песна на еден од неговите соло албуми, Feeding the Wheel.

Постава[уреди | уреди извор]

Членовите на Dream Theater користеле алтернативни сценски имиња додека биле Nightmare Cinema покрај тоа што свиреле различен инструмент:

  • Абдул Матахари (Џејмс ЛаБри) - вокали (вокали)
  • Ники Лемонс (Дерек Шерениан) - гитара (клавијатури)
  • Џони Џејмс (Џон Петручи) - тапани (гитара)
  • Џус Малус (Џон Мјанг) - клавијатури (бас)
  • Макс Дел Фувио (Мајк Портној) - бас (тапани)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Dream Theater
Џејмс ЛаБри | Џон Мјанг | Џон Петручи | Мајк Портној | Џордан Рудес
Крис Колинс | Чарли Доминичи | Кевин Мур | Дерек Шерениан
Дискографија
Албуми и мини-албуми: When Dream and Day Unite | Images and Words | Awake | A Change of Seasons | Falling into Infinity | Scenes from a Memory | Six Degrees of Inner Turbulence | Train of Thought | Octavarium
Албуми во живо: Live at the Marquee | Once in a LIVEtime | Live Scenes from New York | Live at Budokan | SCORE
Видео и DVD: Images and Words: Live in Tokyo | 5 Years in a Livetime | Metropolis 2000: Scenes from New York | Live at Budokan | SCORE
Песни: Pull Me Under | Another Day | A Mind Beside Itself | The Glass Prison
Поврзани статии
Jelly Jam | Liquid Tension Experiment | MullMuzzler | Nightmare Cinema | OSI | Platypus | Transatlantic | True Symphonic Rockestra | YtseJam