5 април (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1942  Во екот на Втората светска војна Јапонија ја нападнала Шри Ланка.
1654  Со Вестминстерскиот мир завршила Првата англиско-холандска војна. Со победата врз Холандија, Англија ја скршила холандската надмоќност на море.
1955  Британскиот премиер Винстон Черчил поднесе оставка на функцијата. Неговото премиерско место го наследи шефот на братанската дипломатија Ентони Идн.
1989  Виетнам соопшти дека до 30 септември 1989 година ќе ги повлече сите војници од Камбоџа што означи крај на меѓусебниот десетгодишен конфликт.
1992  Српските сили воспоставиле опсада на Сараево. Градот останал под опсада до 29 февруари 1996, што е најдолгата опсада во современата воена историја.
1998  Најдолгиот висечки мост на светот, Акаши-Кајкјо во Јапонија, е отворен за сообраќај.
1999  Властите во Либија ги предадоа двајцата Либијци осомничени дека во декември 1988 година ја предизвикале експлозијата на американскиот патнички авион „Боинг 747“ над местото Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 лица.