Сопруги на Хенри VIII
Англискиот крал Хенри VIII во текот на своето владеење имал шест сопруги, во периодот од 1509 и 1547 година.
Катерина Арагонска
[уреди | уреди извор]Катерина Арагонска (16 декември 1485 – 7 јануари 1536) била првата сопруга на Хенри VIII.[1] По смртта на нејзиниот сопруг Артур, поголемиот брат на Хенри, таа се венчала со Хенри VIII. На 31 јануари 1510 година, Кетрин родила мртвороденче. Синот Хенри, војводата на Корнвал, се родил на Нова Година, 1511 година. Тој починал по само 52 дена. Во 1513 година Кетрин повторно забременила.
Кетрин изгубила уште еден син кога Хенри се вратил од Франција. Или било мртвороденче или умрело по кратко време откако се родило. Во ноември 1514 година таа родила уште едно мртвороденче. На 18 февруари 1516, Кетрин родила здраво женско дете. Ја нарекле Мери (идната кралица Мери I) и ја крстиле три дена подоцна на голема церемонија во црквата на Капуцинерите. Во 1518 година Кетрин останала бремена за последен пат. На 10 ноември родила ќерка, но бебето по само неколку часа починало. Вкупно, Кетрин била бремена шест пати.
Во 1525 година Хенри се заитересирал за Ана Болејн. Во тој период, Кетрин не можела повеќе да раѓа деца. Хенри започнал да верува дека неговиот брак е проколнат и барал утеха во Библијата.[2] Тој протолкувал дека во Библијата е напишано дека доколку некој се ожени со вдовицата на својот брат тогаш никогаш нема да имаат деца. Иако нејзиниот брак со Артур не бил конзумиран (Кетрин тврдела до крајот на својот живот дека се омажила за Хенри како девица), грубото толкување на тој дел од Библијата значело дека нивниот брак бил погрешен во очите на Бога.
Во крајна сметка до раскин на бракот дошло истоивремено со раскин на односите со Римокатоличката црква и со започнувањето на Англиската реформација.
Ана Болејн
[уреди | уреди извор]Ана Болејн (1501 или 1507 – 19 мај 1536) била втората сопруга на Хенри VIII. Од тој брак единствено преживеано дете било идната кралица Елизабета I. На 1 јуни 1533 година Ана била прогласена за кралица на Англија. Хенри бил незадоволен затоа што не добил машки наследник. Сепак не бил целосно разочаран бидејќи велел дека ја сака Елизабетa и дека сигурно наредното дете ќе биде син. Меѓутоа Ана доживеала три абортуса, и околу март 1536 година Хенри започнал да и се додворува на Џејн Сеjмор. Во периодот од април-мај 1536, Хенри вовел истрага против Ана за велепредавство. Таа била осудена и погубена на 19 мај.
Џејн Симор
[уреди | уреди извор]Шестте сопруги на Хенри VIII |
---|
Катерина Арагонска |
Ана Болејн |
Џејн Сејмор |
Ана Клевска |
Катерина Хауард |
Катерина Пар |
Џејн Симор(1508 – 24 октомври 1537) била третата сопруга на Хенри VIII. Кралот за првпат ја привлекол Џејн во 1535 година. таа била една од можните дами на кралицата.[3] Се претпоставува дека таа била главната причина поради погубувањето на Ана Болејн. Тие се венчиле во 1536 година. Од тој брак се родил идниот крал Едвард VI од Англија. По само две недели од пораѓањето, таа починала.
Ана Клевска
[уреди | уреди извор]Ана Клевска (22 септември 1515 - 16 јули 1557) била лчетвртата сопруга на Хенри. Нивниот брак траел само шест месеци. Таа по потекло била германска принцеза.[4] Бидејќи бракот им не бил консумиран, тој веднаш бил анулиран по кое Ана добила обесштетување од страна на кралот. Од тој момент па понатаму, кралот и се обраќал “Обичната сестра на кралот“.
Катерина Хауард
[уреди | уреди извор]Катерина Хауард (1521 – 13 февруари 1542) била петтата сопруга на Хенри. Позната е и по називот кој тој ѝ го доделил: роза без трња. Таа била прва братучетка на втората сопруга на кралот, Ана Болејн. Веднаш по поништувањето на бракот со Ана Клевска, на 28 јули 1540 во палатата Отландс во Сури, Хенри и Кетрин се венчале. Меѓутоа, две години подоцна, таа била погубена поради предавство т.е прељуба за време на нејзиниот брак со кралот.
Катерина Пар
[уреди | уреди извор]Катерина Пар (1512 – 7 септември 1548) била шестата и последна сопруга на кралот Хенри од Англија. Хенри бил нејзиниот трет сопруг. По смртта на кралот, таа се омажила за Томас Симор, вујко на Едвард VI.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Pollard, A.F. "King Henry VII." Encyclopedia Britannica. 11th edition. 2008. Print.
- ↑ Scarisbrick, p.154.
- ↑ Jokinen, Anniina. "The Six Wives of King Henry VII." 2007. Web.7 мај 2009. <http://www.luminarium.org/renlit/sixwives.htm>.
- ↑ "Anne of Cleves." World Book Encyclopedia. "19th ed". 2001. Print.