Ана Клевска (22 септември1515 - 16 јули1557) била четвртата сопруга на англискиот крал Хенри VIII. На позицијата се задржила од 6 јануари до 9 јули 1540 година. Таа била ќерка на Јован III, војвода од Клеве, кое војводство се наоѓало во поречието на Рајна.
Бидејќи нивниот брак не бил крунисан, тој бил слободно поништен, по кое Ана добила обесштетување од кралот, и кон неа по ова се обраќале како Обична сестра на кралот.