Прејди на содржината

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Злетово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаБрегалничка
Архијерејско намесништвоШтипско
ПарохијаЗлетовска
Местоположба

Карта

Координати41°59′27″N 22°14′21″E / 41.99083°N 22.23917°E / 41.99083; 22.23917
МестоЗлетово
ОпштинаПробиштип
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителБогородица Марија
ИзградбаXVI век
Архитектонски опис
Архит. типеднокорабен

Успение на Пресвета Богородицацрква во пробиштипското село Злетово. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Ова е главна црква во селото, како и главен храм на Злетовската парохија. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Постои несогласување во врска со годините на изградба на црквата поради тоа што таа претрпела неколку фази на преизградба. Првично била еднокорабна, од кршен камен и малтер. Од таа градба денес преостанува само полукружната апсида со зачуван стар живопис. Апсидата е вградена во новата градба, која исто така е еднокорабна, но потесна и подолга, градена од делкан камен со полукружен свод. Нартексот од западната страна и тремот од јужната се од третата градежна фаза од 1853 г.

Во преродбеничкиот период оваа црква била под врховенството на Бугарската егзархија, додека пак помалата црква „Св. Илија“ ја држеле српските црковни власти од Цариградската патријаршија.

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Фрескоживописот од првата фаза е релативно добро зачуван. Според историчарот Коста Балабанов, тој е стилски близок на делата од првата половина на XVI век. Најблизок споредбен материјал е живописот во црквата „Св. Никола“ на Топличкиот манастир.[2]

Иконостас

[уреди | уреди извор]

Иконите се од XIX век, дело на Анастас Зограф од Крушево.[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 40.
  3. „Злетовска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2014-03-31. Посетено на 1 април 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]