Црква „Св. Илија“ - Злетово
Свети Илија | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Штипско |
| Парохија | Злетовска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°59′29″N 22°14′11″E / 41.99139°N 22.23639°E |
| Место | Злетово |
| Општина | Пробиштип |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Илија |
| Изградба | 1911 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Свети Илија — гробишна селска црква во селото Злетово, во Општина Пробиштип.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во самото село, издигнато на рид над Злетово. Околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
[уреди | уреди извор]Изградена е во последните години од турското владеение на Македонија, најверојатно во 1911 година. Изградбата на оваа црква е резултат на поделеноста на злетовчани на „егзархисти“ и „патријашисти“ и на нивните меѓусебни недоразбирања, кавги па и физички пресметки околу тоа прв да служи во единствената црква во Злетово. На локалните турски власти, преку глава им дошле постојаните братски, честопати, и крвави недоразбирања и расправи, жалбите до повисоките инстанци и затоа допуштиле градба на оваа црква. Таа им припаднала на патријашистите, а главната „Св. Богородица“ на егзархистите.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Денешниот објект претставува еднокорабна црква, која се наоѓа на јужниот дел од гробиштата во Злетово.
Празнување
[уреди | уреди извор]Инаку, на 2 август, односно на Илинден се слави празникот, на кој се коле курбан и се готви јадење за гостите.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селските гробишта
- Апсидата
- Главниот влез
- Ниша над главниот влез
- Помошниот објект
- Припратата
- Споредниот влез
- Ниша над споредниот влез
- Поглед на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Злетово;
- Злетовска парохија;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главната селска црква; и
- Црква „Св. Богородица Балаклија“ — метох на Лесновскиот манастир.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 46. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коста Балабанов,Злетовска област, 1974 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Илија“ - Злетово на Ризницата ?


