Црква „Св. Јован Крстител“ - Слатино
Изглед
Свети Јован Крстител | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Охридско |
| Парохија | Слатинска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°21′10″N 20°51′10″E / 41.35278°N 20.85278°E |
| Место | Слатино (Охридско) |
| Општина | Дебрца |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Јован Крстител |
| Осветување | 26 мај 2002 година[1] |
| Архитектонски опис | |
Свети Јован Крстител (понекогаш нарекува Свети Јован Бигорски) — манастирска црква во селото Слатино, сместена во близина на некогашното Слатинско Езеро.
Изградена е врз темели на многу постара истоимена црква од раниот среден век.[2] Осветена е на 26 мај 2002 година од страна на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј. Фреските се изработени од уметникот Драган Ристески од Охрид.[1]
Света икона
[уреди | уреди извор]Светата икона на Свети Јован Крстител од познатиот Бигорски манастир едно време била сместена во оваа црква на Слатинскиот манастир, поради што и самата манастирска црква понекогаш се нарекува и „Св. Јован Бигорски“. Иконата била вратена на Бигорскиот манастир во времето на неговото возобновување во 1743 година.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Целосен поглед на црквата
- Икона на влезот во црквата
- Даб во дворот на црквата
- Камбанаријата при влезот на црквата
- Помошен објект на манастирот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. Скопје: Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 21 октомври 2016.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 277. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Бигорски манастир - рај за очите, мир за душата“. Скопје: МИА. 8 јануари 2013. Посетено на 21 октомври 2016.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Јован Крстител“ - Слатино на Ризницата ?


