Црква „Св. Ѓорѓи“ - Скопје
- За истоимената скопска црква видете Црква „Св. Ѓорѓи“ - Чаир
Свети Великомаченик Ѓорѓи
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Северноскопско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Скопје |
Општина | Центар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Архитектонски опис |
Свети Ѓорѓи претставува главната манастирска црква на Криводолскиот манастир. Се наоѓа во месноста Криви Дол во Скопје, веднаш позади калето[1]. Позната е по тоа што таму пеењето е во стилот на источноевропската традиција, односно византиско пеење. Во минатото тоа место било доста посетувано од старите скопјани, особено како излетници за време на патрониот празник на црквата, Ѓурѓовден. Сегашната црква е градена после скопскиот земјотрес. Оваа црква има богат мозаик од фрески, со богат и мошне убав иконостас кој порано бил своина на сега веќе непостоечката скопска црква „Св. Константин и Елена“.[2]. Во внатрешноста на црквата, веднаш лево од влезот постои извор соѕидан во чешма, од кој многу луѓе полнат вода, за која се верува дека е лековита.
Во рамките на овој манастирски комплекс, се наоѓа резиденцијата на поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски Господин Господин Стефан.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Зафиров, Драган. „Манастир "Св. Ѓорѓија" - Криви Дол СВЕТИЛИШТЕ ЗА ВИСТИНСКАТА ДУХОВНОСТ“. Македонско Сонце. Архивирано од изворникот на 2013-01-25. Посетено на 2012-08-05.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Фреска од црквата
-
Приказ на ангел и на Окото на Провидението
-
Мозаик со Св. Ѓорѓија во ниша
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
„Црква „Св. Ѓорѓи“ - Скопје“ на Ризницата ? |