Црква „Св. Георгиј“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За истоимената скопска црква видете Црква „Св. Ѓорѓи“ - Чаир


Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Великомаченик Георгиј
Св. Ѓорѓи Криводолски (8).jpg

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба
Населено место Скопје
Општина Центар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Великомаченик Георгиј претставува главната манастирска црква на Криводолскиот манастир. Се наоѓа во месноста Криви Дол во Скопје, веднаш позади калето[1]. Позната е по тоа што таму пеењето е во стилот на источно-европската традиција, односно византиско пеење. Во минатото тоа место било доста посетувано од старите скопјани, особено како излетници за време на патрониот празник на црквата, Ѓурѓовден. Сегашната црква е градена после скопскиот земјотрес. Оваа црква има богат мозаик од фрески, со богат и мошне убав иконостас кој порано бил своина на сега веќе непостоечката скопска црква „Св. Константин и Елена“.[2]. Во внатрешноста на црквата, веднаш лево од влезот постои извор соѕидан во чешма, од кој многу луѓе полнат вода, за која се верува дека е лековита.

Во рамките на овој манастирски комплекс, се наоѓа резиденцијата на поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски Господин Господин Стефан.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. Зафиров, Драган. „Манастир "Св. Ѓорѓија" - Криви Дол СВЕТИЛИШТЕ ЗА ВИСТИНСКАТА ДУХОВНОСТ“, Македонско Сонце (посет. 5 август 2012 г). (на македонски)

Галерија[уреди | уреди извор]