Прејди на содржината

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Ињево

Координати: 41°37′00.6″N 22°25′14.1″E / 41.616833° СГШ; 22.420583° ИГД / 41.616833; 22.420583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рождество на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Радовишко
Парохија Ињевско-конечка
Местоположба

Карта

Координати 41°37′00.6″N 22°25′14.1″E / 41.616833° СГШ; 22.420583° ИГД / 41.616833; 22.420583
Место Ињево
Општина Радовиш
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Изградба 1991
Завршено 1992
Осветување 1992
Архитектонски опис

Рождество на Пресвета Богородицацрква во селото Ињево.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа на неколку стотини метри северозападно од селото.

Историја

[уреди | уреди извор]

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставел во 1991 година, а храмот бил завршен и осветен во 1992 година од страна на Митрополитот Струмички г. Горазд.[1]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Црквата има правоаголна основа со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена отворена припрата, а црквата има и спореден влез на северната страна.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, конак, помошен објект и уште еден објект. Камбанаријата е прилепена до еден од помошните објекти. Таа е со квадратна основа и се состои од бетонска конструкција над којашто има дрвена конструкција којашто е покриена со пирамидален кров од ќерамиди.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]