Прејди на содржината

Хашим Тачи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хашим Тачи
Претседател на Косово
На должноста
Стапил
7 април 2016
Премиер Иса Мустафа
Претходник Атифете Јахјага
Премиер на Косово
На должноста
9 јануари 2008 – 9 декември 2014
Претседател Фатмир Сејдиу
Беџет Пацоли
Атифете Јахјага
Претходник Агим Чеку
Наследник Иса Мустафа
Лични податоци
Роден(а) 24 април 1968(1968-04-24)(56 г.)
Србица, Југославија (денешно Косово)
Сопружник Лумније Тачи
Деца Ендрит Тачи
Установа универзитет во Приштина
универзитет во Цирих (незавршен)
Вероисповед ислам

Хашим Тачи (24 април 1968) — косовски политичар кој ја извршува функцијата претседател на Косово од 7 април 2016 година. Претходно бил премиер на Косово во периодот 2008–2014, а потоа и министер за надворешни работи и вицепремиер во владата на премиерот Иса Мустафа (2014–2016). Тачи бил претседател на Демократската партија на Косово од нејзиното основање во 1999 до 2016, кога бил избран за шеф на државата. Тој бил познат и како политички водач на Ослободителна војска на Косово (ОВК), паравоена организација која учествувала во Косовската војна.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Хашим Тачи е роден на 24 април 1968 во Србица, денешно Косово.[1] Србица се наоѓа близу Дреница, место каде била основана Ослободителна војска на Косово (ОВК) во раните 1990-ти.[2] Тачи студирал историја и филозофија на универзитетот во Приштина, а во 1993 живеел во Швајцарија каде се приклучил на политичките групи на албанската емиграција. Запишал постдипломски студии на универзитетот во Цирих, но не ги завршил.[3]

Истата година се приклучил во ОВК, каде имал улога да обезбеди оружје и парични средства, како и да обучи и префрли нови регрути од Албанија на Косово. На 17 јули 1997 во Приштина на Тачи во отсуство му се судело за тероризам поради активностите во ОВК, и бил осуден на затворска казна од 10 години.[4] Во март 1999 Тачи бил на мировни преговори во Рамбује како водач на косовските Албанци. За него било прифатливо Косово да има автономија во рамките на Србија, додека неговите соборци не сакале да прифатат ништо освен независност на Косово.[5] Потоа Тачи како водач на најсилната политичка фракција на ОВК формирал влада на Косово, чиј премиер бил токму тој (1999–2000). Според одредени извори, Тачи наредил убиство на водачите на помалите сопернички фракции од ОВК.[6]

Тачи бил обвинет за врски со криминалното подземје. Се сметало тој обезбедувал финансии за ОВК преку шверц на хероин и кокаин во западна Европа.[7] Според други обвинувања, Тачи учествувал во нелегална трговија со човечки органи за време на војната во Југославија, за што требало да биде обвинет од Хашкиот трибунал.[8]

Тачи победил на парламентарните избори во ноември 2007, а во јануари 2008 бил изгласан за премиер во косовското Собрание. За време на неговата инаугурација изразил намера да прогласи независност на Косово во првата половина на 2008.[9] На 17 февруари била прогласена независност на Косово од Србија. Тачи на премиерската позиција останал до 2014, а во февруари 2016 пратениците од косовското Собрание го избрале за претседател на Косово во времетраење од пет години.[10]

  1. „Dosije Hašima Tačija“. Pecat. December 23, 2010.
  2. Encyclopædia Britannica, Inc. (1 March 2009). Britannica Book of the Year 2009. Encyclopædia Britannica, Inc. стр. 107. ISBN 978-1-59339-232-1.
  3. „Thaçi nuk është themeluesi i UÇK dhe nuk ka diplomë nga Universiteti i Zyrihut“. Архивирано од изворникот на 2020-10-02. Посетено на 2017-05-12.
  4. „BG odgovorio Tačiju: Bićeš uhapšen“ (српски). B92. 20 April 2015.
  5. Gall, Carlotta (3 February 1999). „Ethnic Albanian Guerrillas Will Attend Talks on Kosovo“. The New York Times. Посетено на 4 May 2010.
  6. Hedges, Chris (25 June 1999). „Crisis in the Balkans: The Separatists; Leaders of Kosovo Rebels Tied to Deadly Power Play“. The New York Times. Посетено на 4 May 2010.
  7. "KLA finances fight with heroin sales - Terror group is linked to crime network"; Jerry Seper. Washington Times, Washington, D.C.: May 3, 1999. pg. A.1
  8. „BBC comments on the draft report“. BBC. 14 December 2010.
  9. „Ex-rebel becomes Kosovo's prime minister“. MSNBC. Associated Press. 2008-01-09. Посетено на 2009-09-17.
  10. Petrit Collaku "Hashim Thaci elected President of Kosovo" Balkan Insight

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]