Србица (Косово)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Србица (албански: Skënderaj) е град и седиште на истоимената општина во Косово, кој се наоѓа во централниот дел на државата и припаѓа на округот Косовска Митровица. Атарот на населбата опфаќа 466 ха. Градот е основан во 1924 година со околу 30 куќи на Срби и Црногорци. Исто така, има и српски гробишта и споменик на паднатите војници и убиени против албанските фашисти во Втората светска војна. Србица се наоѓа јужно од Косовска Митровица, на главниот магистрален пат кој ја поврзува со Пеќ, и градот е центар на областа Дреница. Недалеку од центарот на градот (5 км на југ) се наоѓа манастирот Девич на 13 век, посветен на Свети Јоаникиј Девички, кој во неколку наврати претрпе големи штети и моментално е под реновирање по пожарот во немирите март 2004 година.

Население[уреди | уреди извор]

Населбата денес се состои од албанско мнозинство, а околу двесте Срби кои живееле тука до 1999 година, се отселиле по завршувањето на НАТО бомбардирањата и доаѓањето на КФОР и УНМИК.

Број на население според пописите:

  • попис 1948: 396
  • попис 1953: 717
  • попис 1961: 1009
  • попис 1971: 1658
  • попис 1981: 2921
  • попис 1991: 4962


Албанците сочинуваат мнозинство од населението и во целата општина во која живеат околу 72.600 жители по проценките на УНХЦР (во однос на 58.399 според проценките во 1991), но и 350 Срби (кои живеат во селата Бања (197) и Суво Грло (129), заедно со 9 калуѓерки во Девич), 50 Ашкалии и 15 Бошњаци.