Прејди на содржината

Хаплогрупа R-L151

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хаплогрупа R-L151
Можно време на потеклопред 5.000 години
Можно место на потеклоСредна Европа
ПредокR1b (R-M343)
R-M269
ПотомциR-U106
R-P312
R-S1194
R-A8053
Својствени мутацииL11/PF6539/S127
Најголеми честотиИрци
Британци
Французи
Шпанци
Португалци
Германци

R-L151, исто така позната како R-L11 и R1b1a2a1a, е хаплогрупа на ДНК на човечки Y-хромозом; потклада од пошироката хаплогрупа R1b (R-M343).[1] Најчесто се наоѓа кај мажи од Западна Европа - особено Западна Франција, Северна Шпанија, Велика Британија и Ирска.

Оваа хаплогрупа е поврзана со периодот на културата на линеарна керамика или ѕвонести пехари, и веројатно основана 3.000 години пред нашата ера во централниот дел на Европа.

R-L151 е најчестата гранка на R-M269 и се наоѓа во изобилство долж бреговите на Атлантикот на западна Европа, особено Аквитанија, Астурија, Баскијците, Белгија, Бретања, Галиција, Англија, Ирска (како целина), Лоара регионот, островот Ман, Северна Португалија, Северна Шпанија, Шкотска и Велс.[2] На значителни нивоа ја има и во Швајцарија и Северна Италија. R-L151 се наоѓа на пониски честоти во Полска и Украина, како и во многу други европски земји.[3] Од раниот нов век, мажите кои емигрирале од Европа вовеле значителни нивоа на R-L151 во Америка и Австралазија.

Оваа човечка хаплогрупа има две потклади, југо-западната гранка, P312/S116 и северо-источната гранка, R1b-S21-U106.

  1. Y-DNA Haplogroup R and its Subclades - 2013, International Society of Genetic Genealogy
  2. Martiniano, R.; Caffell, A.; Holst, M.; Hunter-Mann, K.; Montgomery, J.; Müldner, G.; McLaughlin, R. L.; Teasdale, M. D.; Van Rheenen, W. (2016), „Genomic signals of migration and continuity in Britain before the Anglo-Saxons“, Nature Communications, US National Library of Medicine, 7: 10326, Bibcode:2016NatCo...710326M, doi:10.1038/ncomms10326, PMC 4735653, PMID 26783717
  3. Y-SNP Branch Information on R1b-L11, YHRD