Прејди на содржината

Фленсбуршки Фјорд

Координати: 54°47′45″N 9°25′44″E / 54.79594° СГШ; 9.42902° ИГД / 54.79594; 9.42902
Од Википедија — слободната енциклопедија
Фленсбуршки Фјорд
Фленсбуршкиот Фјорд погледнат од германската страна со Данска во позадина.

Фленсбуршки Фјорд (германски: Flensburger Förde; дански: Flensborg Fjord) — најзападен теснец на Балтичкото Море, во источниот дел на полуостровот Јитланд. Преку него поминува дел од границата помеѓу Германија на југ и Данска на север. Нејзината должина е околу 40 до 50 километри, што зависи од дефиницијата на нејзините граници. На неговиот крај се наоѓа градот Фленсбург.

Има најголема површина од сите фјордови на Јитланд, кои претставуваат некоја комбинација на фјордови и фиртови.

Два полуострови, полуостровот Броагер на северната страна и полуостровот Холнис на јужната страна го делат фјордот на надворешен и внатрешен дел. Западни од нив, близу данскиот брег, постојат два мали острови, наречен Оксеер.

На данската страна, надворешниот дел на северната граница на фјордот започнува од островот Алс со градот Сенербор. Кон запад, продолжува на данската страна со општините Броагер, Егернсунд, Гростен, Ринкенс, Сендерхав и Колунд.

Во Германија, на данската граница се наоѓа Харисле, на внатрешниот крај на фјордот лежи градот Фленсбург, а источно од него, на јужниот брег градот Гликсбург и општините Мункбраруп, Лангбалиг, Вестерхолц, Кверн, Штајнберг, Нисграу, Гелтинг и Ниби.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

54°47′45″N 9°25′44″E / 54.79594° СГШ; 9.42902° ИГД / 54.79594; 9.42902