Тесна кожа
„Тесна кожа“ е југословенски филм од 1982 година. Сценариото на филмот го напишал Синиша Павиќ, додека режисер е Миќо Милошевиќ. Главните улоги ги толкуваат: Никола Симиќ, Милан Гутовиќ, Ружица Сокиќ, Рахела Ферари, Јелица Сретеновиќ и Ирфан Менсур.[1] Филмот се стекнал со голема гледаност во поранешната СФРЈ и имал уште три продолженија. По завршувањето на четвртиот дел, во Србија била снимена серија со наслов „Бела лаѓа“ која е продолжеток на серијалот „Тесна кожа“.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Референтот Мита секојдневно се соочува со проблеми во домот и на работното место. Неговиот најмлад син се мачи на училиштето и сонува за „Хонда“, постариот син е вечен апсолвент по астрономија, а ќерка му е дипломирана правничка која безуспешно бара работа. Сите тие имаат свои потреби, а неговата плата е мала и недоволна за семејните желби. Од друга страна, во неговата фирма цути корупцијата и владее општ хаос така што спортската прогноза му е последната прилика да се извлече од тесната кожа...
Продолжетоци
[уреди | уреди извор]Вториот дел на серијалот бил снимен пет години подоцна, во 1987 година. Третиот дел бил снимен во 1988 година, додека последниот со тој наслов бил сниман во 1991 година. Во секој дел од серијалот учествувала по некоја позната ѕвезда од југословенската естрада, како на пример Лепа Брена, „Рокери од Морава“ и Сузана Перовиќ, Зорица Марковиќ и Снежана Бабиќ. Сценариото било напишано од Синиша Павиќ, а режисери биле Александар Ѓорѓевиќ (на третиот дел) и Милан Живковиќ (на вториот и четвртиот дел).
Улоги
[уреди | уреди извор]Редовните ликови/ глумци во серијалот се:
- Никола Симиќ - сите четири дела
- Милан Гутовиќ - четири
- Ружица Сокиќ - четири
- Гојко Балетиќ - четири
- Александар Тодоровиќ - четири
- Елица Сретеновиќ - четири
- Даница Максимовиќ - три
- Воислав Брајовиќ - три
- Рахела Ферари - три
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Никулци за филм
- Југословенски филмови
- Српски филмови
- Филмови од 1982 година
- Филмови на српски јазик
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмски комедии
- Филмови на Миќа Милошевиќ
- Филмови со Никола Симиќ
- Филмови со Милан Гутовиќ
- Филмови со Ружица Сокиќ
- Филмови со Гојко Балетиќ
- Филмови со Александар Тодоровиќ
- Филмови со Јелица Сретеновиќ
- Филмови со Даница Максимовиќ
- Филмови со Рахела Ферари
- Филмови со Ирфан Менсур