Сузан Максут
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Сузан Максут | ||
Роден | 1939 Скопје, ![]() | |
---|---|---|
Починал | 23 април 2015 Скопје, ![]() | |
Занимање | глумица |
Сузан Максут (турски: Süzan Maksut; Скопје, 1939 - Скопје, 23 април 2015) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица, доајенка на НУ Турски театар.
Животопис[уреди | уреди извор]
Максут е родена во Скопје во 1939 година. Од 1962 година станала член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите каде што одиграла голем број улоги сè до пензионирањето во 2001 година. Добитник е на наградите Глумец на годината на весникот „Бирлик“ во 1969 година и Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје во 1974 година.[1] Починала по кратко боледување во Скопје на 23 април 2015 година.[2]
Филмографија[уреди | уреди извор]
Учествувала во голем број телевизиски, филмски и радио-проекти.
- „Најдолгиот пат“ (1976);
- „Исправи се, Делфина“ (1977);
- „Време, води“ (1980); и
- „Македонска сага“ (1993).[3]