Ердоан Максут
| Ердоан Максут | ||
| Роден | 24 мај 1959 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ | |
|---|---|---|
| Националност | Македонец | |
| Народност | Турчин | |
| Познат | по улогата во: Македонски народни приказни Андер Ах, љубов моја Комшиски Приказни | |
| Занимање | глумец | |
| Татко | Џемаил Максут | |
| Мајка | Сузан Максут | |
| Деца | Теоман Максут | |
Ердоан Максут (турски: Erdoğan Maksut; роден во 24 мај 1959 во Скопје) — македонски театарски и филмски глумец од турска народност.
Биографија
[уреди | уреди извор]Ердоан Максут во 1985 година дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек театарска глума во класата на професорот Владимир Милчин. Во периодот од 1999-2001 г. во првата класа ги завршил последипломските студии по Театрологија и успешно ја одбранил магистерската теза „Трагедијата на репертоарот на Н.У. Турски театар - Скопје во првата половина на осмата декада од XX век“, под менторство на проф. д- р Нада Петковска и се здобил со научна титула Магистер по Театролошки науки.
Член е на Н.У. Турски театар од Скопје од 1978 г. до 2012 г. Надвор од матичната сцена има остварено улоги во Театар за деца и млади од Скопје, културниот центар „Скрб и Утеха“, разни независни продукции, телевизии, радио драми, филмови итн.
Максут исто така бил и помошник по режија во повеќе од десет претстави на матичната сцена на Турскиот тетар, напишал сценарио и режирал мини ТВ серија од пет епизоди “Olaylar“ (Случки) снимена на турски јазик со македонски превод. Учествувал во Македонските народни приказни.
Од 2012 г. е член на Н.У. Театар Комедија - Скопје, каде исто така остварува повеќе значајни улоги. Во 2023 година се пензионира во Театар Комедија.
Врши натсихронизација на играни телевизиски серии за Канал 5 Телевизија.
Ердоан Максут е син на Џемаил Максут и Сузан (Радмила) Максут кои исто така биле глумци во Н.У. Турски театар од Скопје.
Театарски улоги
[уреди | уреди извор]- „Дневникот на лудиот“ Н.В. Гогољ
- „Соблазна во долината Шентфолиријанска“ од Иван Цанкар
- „Приказна што зборува за патувањето“ од Жан Клод Ван Итали
- „Мостот на честа“ од Хасан Мерџан
- „Кафкаски круг со креда“ од Бертолт Брехт
- „Белото Циганче“ од Видое Подгорец
- „Шеќерна приказна“ од Славко Јаневски
- „Аман да не чуе жена ми“ од Жорж Фејдо
- „Искрените“ од Мариво
- „Хурем Султан’’ од Орахан Асена
- „Предлог за брак“ и „Просидба“ од А. П. Чехов
- „Орхан од нашата улица“ од Неџати Зекерија
- „Дас Капитал“ од Братислав Димитровски
- „Мајка Елиф“[1]
- „Ах љубов моја“ од Коле Ангеловски
- „За секого има по една“ од Венко Андоновски
- „Хамлет во пикантен сос“ од Алдо Николај
- "Чувството на брадата" од Ксенија Драгунска
- "Господарот на кукавицата" од Венко Андоновски
- "Вардарски пастуви" од Симон Буве
- „Бракот е брак“ од А. П. Чехов
- "Мизантроп" од Ж. Б. П. Молиер
Филмографија
[уреди | уреди извор]| Филмографија на глумецот Ердоан Максут | ||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
| Год. | Назив | Улога
|- style="background: Lavender; text-align:center; " |
1980-ти | |||
| 1982 | Јужна патека ТВ филм | |||||
| 1989 | Тврдокорни ТВ серија | |||||
| 1990-ти | ||||||
| 1990 | Македонски народни приказни ТВ серија | / | ||||
| 1989-1991 | Еурека ТВ серија | / | ||||
| 1993 | Македонска сага ТВ филм | Екрем | ||||
| 1998 | Денес, утре ТВ филм | Доктор | ||||
| 2000-ти | ||||||
| 2001 | Прашина ТВ филм | османлиски војник | ||||
| 2002 | Заведени ТВ серија | / | ||||
| 2004 | Чекор пред времето Краток филм | |||||
| 2004 | Андер[2] ТВ филм | |||||
| 2005 | Крчма на патот кон Европа ТВ-филм | Селанец 3 | ||||
| 2007 | Сенки ТВ филм | |||||
| 2007 | Досие-К ТВ филм | |||||
| 2007-2009 | Збогум Румелија ТВ-серија | Командантот | ||||
| 2008-2009 | Народни приказни ТВ-серија | / | ||||
| 2009-2010 | Македонски народни приказни ТВ серија | |||||
| 2010-ти | ||||||
| 2012-2013 | Македонски стари приказни ТВ-серија | |||||
| 2014-2015 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |||||
| 2016-2017 | Комшиски Приказни ТВ-серија | |||||
| 2017 | Ах, љубов моја ТВ-серија | Ѓорче | ||||
| 2017 | Наградата ТВ-филм | |||||
| 2018 | Црни и Криви Краток филм | |||||
| 2020-ти | ||||||
| 2023 | Тин Камп ТВ-серија | Доктор | ||||
| 2025 | Диџеј Ахмет ТВ-филм | |||||
| 2025 | Мала грешка ТВ-филм | Азиз | ||||
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-01-11. Посетено на 2016-11-25.
- ↑ http://www.maccinema.com/Person.aspx?p=77
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ердоан Максут на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)