Стрептокиназа
Изглед
Комплекс на каталитичкиот домен на хуманиот плазмин и стрептокиназа | |
Клинички податоци | |
---|---|
AHFS/Drugs.com | |
Бременосна категорија |
|
Начин на примена | intravenous |
Назнака | |
CAS-број | 9002-01-1 |
ATC код | B01AD01 |
DrugBank | 00086 |
Хемиски податоци | |
Формула | C2100H3278N566O669S4 |
Моларна маса | 47,286.7 |
Стрептокиназа (SK) е тромболитичен лек и ензим.[1] Како лек се користи за разложување на тромби во некои случаи на миокарден инфаркт, пулмонален емболизам, и артериски тромбоемболизам.[2] Типот на миокарден инфаркт при кој се употребува е миокарден инфаркт со ST елевација (STEMI).[3] Се користи како интравенска инјекција.[2]
Несаканите ефекти вклучуваат наузеа, крвавење, низок крвен притисок, и алергиски реакции.[2] Не се препорачува да се употребува по вторпат текот на животниот век.[2]
Стрептокиназата била откриена во 1933 година од Бета хемолитички стрептококи.[1]
Контраиндикации
[уреди | уреди извор]Апсолутни
[уреди | уреди извор]- Претходна интракранијална хеморагија
- Интракранијална неоплазма (примарна или секундарна)
- Исхемичен мозочен удар пред помалку од 3 месеци
- Суспектна аортна дисекција
- Активно крварење или друг проблем со крварење, освен менструација
- Значителна повреда на главата или лицето во последните 3 месеци
- Интракранијална или интраспинална хируршка интервенција во претходните 2 месеци
- Неконтролиран висок крвен притисок (кој не реагира на итна терапија)
- Претходен третман со стрептокиназа во последните 6 месеци
Релативни
[уреди | уреди извор]- Историја на хронична, тешка, слабо контролирана хипертензија
- Значителна хипертензија при презентација (SBP >180 mm Hg или DBP >110 mm Hg)
- Историја на претходен исхемичен мозочен удар во последните 3 месеци
- Деменција
- Traumatic or prolonged (>10 min) CPR
- Скорешно внатрешно крварење (во последните 2 до 4 недели)
- Активен пептичен улцер
- Друга антикоагулантна терапија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Sikri N, Bardia A (2007). „A history of streptokinase use in acute myocardial infarction“. Texas Heart Institute Journal. 34 (3): 318–27. PMC 1995058. PMID 17948083.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 WHO Model Formulary 2008 (PDF). World Health Organization. 2009. стр. 291–292. ISBN 9789241547659. Архивирано од изворникот (PDF) на 13 December 2016. Посетено на 8 December 2016.
- ↑ „Streptokinase 1,500,000 iu - Summary of Product Characteristics (SPC) - (eMC)“. www.medicines.org.uk. 1 July 2015. Архивирано од изворникот на 20 December 2016. Посетено на 14 December 2016.
- ↑ O'Gara PT, Kushner FG, Ascheim DD, Casey DE, Chung MK, de Lemos JA, и др. (January 2013). „2013 ACCF/AHA guideline for the management of ST-elevation myocardial infarction: a report of the American College of Cardiology Foundation/American Heart Association Task Force on Practice Guidelines“. Circulation. 127 (4): e362-425. doi:10.1161/CIR.0b013e3182742cf6. PMID 23247304.
|