Прејди на содржината

Тенектеплаза

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тенектеплазата е ензим кој се користи како тромболитички лек, т.е. лек за разложување на тромб. Се работи за рекомбинантен ткивен плазминоген активатор, кој го претвора плазминогенот во ензимски активната форма плазмин.

Тенектеплазата се произведува со технологија на рекомбинантна ДНК користејќи воспоставена клеточна линија на цицачи (клетките од јајниците од кинески хрчак). Тенектеплазата е гликобелковина од 527 аминокиселини и е развиен со воведување на три модификации на комплементарната ДНК на природната човечка tPA: замена на треонин 103 со аспарагин и замена на аспарагин 117 со глутамин, и во доменот kringle и angle 1, супституција на аланин кај аминокиселините 296-299 во доменот на протеазата.

Тенектеплазата е рекомбинантен фибрин-специфичен плазминоген активатор кој е модификација на природниот t-PA со модификации на три места на структурата на белковината. Се врзува за фибринската компонента на тромбот (згрутчување на крвта) и делува селективно, првенствено на пласминогенот кој е врзан за тромбот, разградувајќи фибринската мержа на тромбот. Тенектеплазата има повисока специфичност кон фибрин и поголема отпорност кон инактивација од страна на ендогениот инхибитор (PAI-1) во споредба со природниот t-PA.

Истражување[уреди | уреди извор]

Истражувачите од Универзитетот Њукасл во Австралија тврдат дека постигнале значителен напредок во лекувањето на пациентите со мозочен удар со тенектеплаза во споредба со користење на најчесто користениот лек.[1] Резултатите од студијата беа објавени во медицинското списание New England Journal of Medicine (NEJM). Иако безбедноста е утврдена преку претходни клинички испитувања, постои тековна дебата за тоа дали ова е ефикасен третман за исхемичен мозочен удар и дали треба да се користи за таа индикација.

Американското асоцијација за срце / Американската асоцијација за мозочен удар во ажурираните упатствата за рано справување со акутен исхемичен мозочен удар од 2018 година ги поддржува разгледувањата за претпочитање на тенектеплазата во однос на алтеплазата кај пациенти кои немаат контраиндикации за интравенска тромболиза.[2]

Фармакокинетика[уреди | уреди извор]

Дистрибуција: приближно на волуменот на плазмата

Метаболизам: првенствено во црниот дроб

Полуживотот на елиминација: Двофазична: Почетна: 20–24 минути; Терминална: 90–130 минути

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „A randomized trial of tenecteplase versus alteplase for acute ischemic stroke“. The New England Journal of Medicine. 366 (12): 1099–107. Mar 2012. doi:10.1056/NEJMoa1109842. PMID 22435369. |hdl-access= бара |hdl= (help)
  2. Powers, William J.; Rabinstein, Alejandro A.; Ackerson, Teri; Adeoye, Opeolu M.; Bambakidis, Nicholas C.; Becker, Kyra; Biller, José; Brown, Michael; Demaerschalk, Bart M. (2019). „Guidelines for the Early Management of Patients With Acute Ischemic Stroke: 2019 Update to the 2018 Guidelines for the Early Management of Acute Ischemic Stroke: A Guideline for Healthcare Professionals From the American Heart Association/American Stroke Association“. Stroke. 50 (12): e344–e418. doi:10.1161/str.0000000000000211. PMID 31662037. Посетено на 2021-05-13.