Список на природни реткости во Македонија
Изглед
Ова e список на природни реткости во Македонија. Природни реткостите се дел од заштитените подрачја на Македонија, кои како делови на живата и неживата природа кои како предмети на природата, поради своите научни, естетски, здравствени и други значења, културна, воспитно-образовни и туристичко-рекреативна функција се под посебна заштита на државата.[1]
Список
[уреди | уреди извор]| Име на природна реткост | Површина (хектари) |
Прогласен | Место и општина | Координати | Опис |
|---|---|---|---|---|---|
| Белски Даб | ― | 25.09.2019[2] | Бели, Кочани | 41°56′14″N 22°22′21.3″E / 41.93722°N 22.372583°E | Порано бил прогласен како споменик на природата во 1983 година.[3] |
| Ѕвегор | 7,8[4] | 25.09.2019[4] | Ѕвегор, Делчево | 41°58′20.5″N 22°48′45.8″E / 41.972361°N 22.812722°E | Порано бил прогласен како споменик на природата во 21 февруари 1986 година.[5] Се наоѓа кај месноста Илин Камен. Претставува особенит геолошки профил каде се регистрира навлекување на тријаски варовници преку седименти на палеогенот - флиш и присуство на млади вулкански пробои. |
| Црна дудинка во Лесновски манастир | ― | 25.09.2019[6] | Лесново, Злетово | 42°00′48.1″N 22°13′41.7″E / 42.013361°N 22.228250°E | Стеблото од црна дудинка (Morus nigra) се наоѓа во дворното место на Лесновскиот манастир. Сметано е за најстаро стебло од дудинка во Македонија. Порано бил прогласен како споменик на природата во 1962 година.[7] |
| Охридски чинар (Плоштад „Крушевска Република“) | ― | 25.09.2019[8] | Охрид, Охрид | 41°6′57.6″N 20°48′0.72″E / 41.116000°N 20.8002000°E | Чинарското стебло (Platanus orientalis) се наоѓа на ул. „Гоце Делчев“. Високо е преку 24 м, обемот е преку 6,20 м, а проекцијата на крошната е преку 20 м. Порано бил прогласен како споменик на природата во 1967 година.[7] |
| Киселичка Пештера | 41[9] | 08.08.2019[9] | Киселица, Делчево | 42°01′31.9″N 22°44′33.4″E / 42.025528°N 22.742611°E | |
| Охридски чинар (Зграда на пензионерско здружение) | ― | 16.06.2021[10] | Охрид, Охрид | 41°06′44.1″N 20°48′26.2″E / 41.112250°N 20.807278°E | Порано бил прогласен како споменик на природата во 1967 година, во состав со останатите шест чинари под називот Платанови стебла,[11] невклучувајќи го Охридскиот чинар. |
| Охридски чинар (Воска) | ― | 16.06.2021[12] | Охрид, Охрид | 41°07′12.9″N 20°47′17.6″E / 41.120250°N 20.788222°E | Порано бил прогласен како споменик на природата во 1967 година, во група со останатите шест чинари под називот Платанови стебла,[11] невклучувајќи го Охридскиот чинар. |
| Дона Дука | ― | 09.12.2011[13] | Рашче, Сарај | 42°01′36.1″N 21°14′18.9″E / 42.026694°N 21.238583°E | |
| Мородвишки платани | 0,5 | 17.03.2016[14] | Мородвис, Зрновци | Група чинарски стебла (9), што се наоѓаат во средиштето на Мородвис. Оваа група на стебла е од најзачуваните од овој вид во источниот дел на Републиката. Порано бил прогласен како споменик на природата на 28 јуни 1984 година.[5] | |
| Палеонтолошко наоѓалиште „Стамер“ | 25,6[15] | 25.09.2019[15] | Стамер, Делчево | 41°57′23.8″N 22°48′26.5″E / 41.956611°N 22.807361°E | |
| Кочеџик во дворот на црвата „Пресвета Богородица Перивлепта“ | ― | 16.06.2021[16][17] | Охрид, Охрид | 41°06′50.7″N 20°47′43.4″E / 41.114083°N 20.795389°E | |
| Охридски чинар (Зграда на Црвен крст) | ― | 16.06.2021[18][17] | Охрид, Охрид | 41°06′44.6″N 20°48′25.9″E / 41.112389°N 20.807194°E | Порано бил прогласен како споменик на природата во 1967 година, во група со останатите шест чинари под називот Платанови стебла,[11] невклучувајќи го Охридскиот чинар. |
| Охридски чинар (Горна Влашка Маала) | ― | 16.06.2021[19][17] | Охрид, Охрид | 41°07′13.1″N 20°48′48.2″E / 41.120306°N 20.813389°E | Порано бил прогласен како споменик на природата во 1967 година, во група со останатите шест чинари под називот Платанови стебла,[11] невклучувајќи го Охридскиот чинар. |
| Охридски чинар (Кошишта) | ― | 16.06.2021[20][17] | Охрид, Охрид | 41°07′01.2″N 20°47′52.8″E / 41.117000°N 20.798000°E | Порано бил прогласен како споменик на природата во 1967 година, во група со останатите шест чинари под називот Платанови стебла,[11] невклучувајќи го Охридскиот чинар. |
| Охридски чинар (Централно градско подрачје) | ― | 16.06.2021[21][17] | Охрид, Охрид | 41°06′45.3″N 20°48′32.5″E / 41.112583°N 20.809028°E | Порано бил прогласен како споменик на природата во 1967 година, во група со останатите шест чинари под називот Платанови стебла,[11] невклучувајќи го Охридскиот чинар. |
| Блатен даб (Кривогаштани) | ― | 16.05.2023[22] | Кривогаштани, Кривогаштани | 41°20′14.94″N 21°19′43.26″E / 41.3374833°N 21.3286833°E | Се наоѓа во средиштето на Кривогаштани, во непосредна близина на црквата „Св. Димитриј“[22] |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Значењето на природните реткости“. Програма за зачувување на природата. 30 март 2020. Архивирано од изворникот 2020-04-22. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Даб благун - с. Бели за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (205): 2–5. 7 октомври 2019. Архивирано (PDF) од изворникот 2020-01-10. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 6. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 7 април 2022.
- 1 2 „Решение за прогласување на Карактеристичен геолошки профил - Звегор за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (205): 6–9. 7 октомври 2019. Архивирано (PDF) од изворникот 2020-01-10. Посетено на 7 април 2022.
- 1 2 „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Црна Дудинка - Лесново за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (205): 5. 7 октомври 2019. Архивирано (PDF) од изворникот 2020-01-10. Посетено на 7 април 2022.
- 1 2 „Статистички годишник на република Македонија 2020 - Животна средина и географија“ (PDF). Државен завод за статистика. 2020. стр. 21. Архивирано од изворникот (PDF) на 30 март 2022. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Чинар - Охрид за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (205): 2. 7 октомври 2019. Архивирано (PDF) од изворникот 2020-01-10. Посетено на 7 април 2022.
- 1 2 „Решение за прогласување на Киселичка Пештера за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (174): 3–7. 22 август 2019. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 април 2022. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Чинар-Пензионерско за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (141): 19–21. 24 јуни 2021. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 април 2022. Посетено на 7 април 2022.
- 1 2 3 4 5 6 „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Чинар - Воска за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (141): 21–22. 24 јуни 2021. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 април 2022. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Пештерата Дона Дука за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (182): 71–72. 28 декември 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 31 јануари 2012. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Платанови стебла (Platanus orientalis)-Мородвис за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (65): 64–65. 5 април 2016. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 март 2022. Посетено на 7 април 2022.
- 1 2 „Решение за прогласување на Палеонтолошки локалитет - Стамер за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (217): 63–65. 21 октомври 2019. Архивирано од изворникот (PDF) на 27 март 2020. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Единечно дрво Коџеџик во дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (143): 2–3. 28 јуни 2021. Архивирано од изворникот (PDF) на 20 април 2022. Посетено на 20 април 2022.
- 1 2 3 4 5 „Седумте чинари прогласени за природна реткост“. Општина Охрид. 30 септември 2021. Архивирано од изворникот на 7 април 2022. Посетено на 7 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Чинар пред зградата на Црвен крст за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (143): 3–4. 28 јуни 2021. Архивирано од изворникот (PDF) на 20 април 2022. Посетено на 20 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Чинар - Влашка Маала за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (143): 5–6. 28 јуни 2021. Архивирано од изворникот (PDF) на 20 април 2022. Посетено на 20 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Чинар - Кошишта за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (143): 6–7. 28 јуни 2021. Архивирано од изворникот (PDF) на 20 април 2022. Посетено на 20 април 2022.
- ↑ „Решение за прогласување на Чинар во Централното градско подрачје на Општина за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (143): 4–5. 28 јуни 2021. Архивирано од изворникот (PDF) на 20 април 2022. Посетено на 20 април 2022.
- 1 2 „Р Е Ш Е Н И Е ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ СТЕБЛО НА БЛАТЕН ДАБ ВО С. КРИВОГАШТАНИ, ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ЗА ПРИРОДНА РЕТКОСТ“ (PDF). Службен весник на Македонија. 15 јануари 2023. Посетено на 17 март 2026.