По: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →Надворешни врски: Додадена категорија |
|||
Ред 64: | Ред 64: | ||
[[Категорија:Светско наследство во Италија]] |
[[Категорија:Светско наследство во Италија]] |
||
[[Категорија:Јадрански слив]] |
[[Категорија:Јадрански слив]] |
||
[[Категорија:Реки по азбучен ред]] |
Преработка од 15:15, 24 јуни 2020
По | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Јадранско Море 44°58′12″N 12°32′49″E / 44.97000° СГШ; 12.54694° ИГД |
• надм. вис. | 0 |
Должина | 652 |
Особености на сливот |
По или Пад (италијански: Po, латински: Padus или Eridanus) е река што тече на исток преку северниот дел на Италија. Долга е 652 км (или 682 км ако се вброи притоката Мајра) и извира од северозападните падини на планината Монвизо во Котиските Алпи и тече низ устие што навлегува во Јадранското Море кај Венеција. Сливното подрачје пофаќа вкупно 74.000 км², од кои 70.000 ѝ припаѓаат на Италија. Од подрачјето во Италија, 41.000 км² се планински, а 29.000 се рамничарски.[1] По е најдолга река во Италија, а во најширокиот дел има пречник од 503 м.[2] Течението го следи 45-тиот северен напоредник.
Реката тече низ разни важни градови како што се Торино, Пјаченца и Ферара. Поврзана е со Милано со мрежа од канали во чие осмислување учествувал Леонардо да Винчи. При крајот на течението, По образува широко устие со стотици мали канали. На јужниот дел до устието се наоѓа местото Комакјо, познато по одгледувањето на јагули. Долината на По влегувала во римската провинција Кисалпска Галија и ја делела на две територијални целини.
По е позната по честите и големи поплави. Затоа денес над половината од течението се регулира со насипи.[2] Наклонот на долината се намалува од 0,35% на запад на 0,14% на исток, што е прилично низок степен. Долж реката има 450 езера.[1]
Притоки
Реката По има вкупно 141 притоки.[2] Гледано низводно, тука спаѓаат (Д = десни, Л = леви):
- Пеличе (Л)
- Варајта (Д)
- Мајра (Д)
- Дора Рипарија (Л)
- Стура ди Ланцо (Л)
- Малоне (Л)
- Орко (Л)
- Дора Балтеја (Л)
- Сезија (Л)
- Танаро (Д)
- Скривија (Д)
- Агоња (Л)
- Тичино (Л)
- Верза (Д)
- Ламбро (Л)
- Требија (Д)
- Нуре (Д)
- Ада (Л)
- Арда (Д)
- Таро (Д)
- Парма (Д)
- Енца (Д)
- Ољо (Л)
- Минчо (Л)
- Секија (Д)
- Панаро (Д)
Поврзано
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 Предлошка:Цмс (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Zwingle, Erla (2002). „Italy's Реката По со векови носи разорни поплави, но Италијанците на северот упорно ја неговуаат најдолгата земја во реката со нејзините оризови полиња, лозови насади, рибници и легенди“. National Geographic. Посетено на 6 април 2009. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help); Наводот journal бара|journal=
(help)
Надворешни врски
„По“ на Ризницата ? |
- Предлошка:Цмс (англиски)
|