По

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
По
View of the Po from Turin.jpg
Реката По во Торино
ЗемјаИталија, Швајцарија, Франција
Слив
Главен изворКотиски Алпи, Италија
2.100
УстиеЈадранско Море
44°58′12″N 12°32′49″E / 44.97000° СГШ; 12.54694° ИГД / 44.97000; 12.54694 (Adriatic Sea-Po)Координати: 44°58′12″N 12°32′49″E / 44.97000° СГШ; 12.54694° ИГД / 44.97000; 12.54694 (Adriatic Sea-Po)
единица?
Сливна повр.74.000
Физички особености
Должина652 единица?
Проток
  • Просечен:
    1.540
Речното подрачје на По
Стар железен мост на По во Кремона

По или Пад (италијански: Po, латински: Padus или Eridanus) е река што тече на исток преку северниот дел на Италија. Долга е 652 км (или 682 км ако се вброи притоката Мајра) и извира од северозападните падини на планината Монвизо во Котиските Алпи и тече низ устие што навлегува во Јадранското Море кај Венеција. Сливното подрачје пофаќа вкупно 74.000 км², од кои 70.000 ѝ припаѓаат на Италија. Од подрачјето во Италија, 41.000 км² се планински, а 29.000 се рамничарски.[1] По е најдолга река во Италија, а во најширокиот дел има пречник од 503 м.[2] Течението го следи 45-тиот северен напоредник.

Реката тече низ разни важни градови како што се Торино, Пјаченца и Ферара. Поврзана е со Милано со мрежа од канали во чие осмислување учествувал Леонардо да Винчи. При крајот на течението, По образува широко устие со стотици мали канали. На јужниот дел до устието се наоѓа местото Комакјо, познато по одгледувањето на јагули. Долината на По влегувала во римската провинција Кисалпска Галија и ја делела на две територијални целини.

По е позната по честите и големи поплави. Затоа денес над половината од течението се регулира со насипи.[2] Наклонот на долината се намалува од 0,35% на запад на 0,14% на исток, што е прилично низок степен. Долж реката има 450 езера.[1]

Притоки[уреди | уреди извор]

Реката По има вкупно 141 притоки.[2] Гледано низводно, тука спаѓаат (Д = десни, Л = леви):

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Раџи, Мери; Давиде Ронки; Лаура Сардонини; Давиде Вјаџи (2007). "Извештај од испитувањето на речното подрачје на По" (pdf). AquaMoney. конс. 6 април 2009.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 Zwingle, Erla. Italy's Реката По со векови носи разорни поплави, но Италијанците на северот упорно ја неговуаат најдолгата земја во реката со нејзините оризови полиња, лозови насади, рибници и легенди. National Geographic. http://ngm.nationalgeographic.com/ngm/0205/feature6/. посет. 6 април 2009 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]