Прејди на содржината

Софи Елис-Бекстор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Софи Елис-Бекстор
Елис-Бекстор на доделувањето на телевизиските награди на Британската академија во 2015 година
Роден(а)Софи Мишел Елис-Бекстор
10 април 1979(1979-04-10)(45 г.)
Лондон, Англија
Занимање
  • Пејачка
  • текстописец
  • глумица
  • манекенка
  • писателка
  • диџеј
Активен период1996–денес
СопружникРичард Џонс (в. 2005)
Деца5
Страница
sophieellisbextor.net

Софи Мишел Елис-Бекстор (англиски: Sophie Michelle Ellis-Bextor; родена на 10 април 1979)[1] ― англиска пејачка и текстописец. Кариерата ја започнала кон крајот на 1990-ти како фронтмен на инди-рок групата Theaudience. По распаѓањето на групата, Елис-Бекстор започнала успешна соло-кариера. Жанровски нејзината музика е мешавина од поп, диско, ну-диско и електронска музика од 1980-тите.

Во 2000 година, Елис-Бекстор соработувала со италијанскиот диџеј Спилер за песната „Groovejet (If This Ain't Love)“, која се искачила на прво место на топ-листата во Обединетото Кралство и во 2015 година станала најпродаван винил-сингл во ОК во овој милениум досега. На нејзиниот прв соло-албум, Read My Lips, објавен во 2001 година, се наоѓа песната „Murder on the Dancefloor" која била најслушана песна во Европа за 2002 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

1996–99: Theaudience[уреди | уреди извор]

Софи Елис-Бекстор својата професионална музичка кариера ја започнала во 1996 година како фронтмен на инди групатаTheaudience. Групата објавила четири сингла и еден албум ( theaudience (1998)). Додека била во Theaudience, во анкета на читателите на Melody Maker Елис-Бекстор била изгласана на петто место на списокот на „најсекси луѓе во рокот“.[2]

Групата се распаднала во 1999 година, откако откако претходно нивната издавачка куќа Mercury Records ги отфрлила демо-снимките за планираниот втор албум и потоа се откажала од групата.[2]

2000–2006: Read My Lips и Shoot from the Hip[уреди | уреди извор]

Елис-Бекстор во 2005 година

По распаѓањето на Theaudience, во 2000 година Елис-Бекстор соработувала со италијанскиот диџеј Спилер и пеела на неговата песна „Groovejet (If This Ain't Love)“. Песната дебитирала на прво место на топ-листата во Велика Британија, истиснувајќи ја оттаму првата соло-песна на поранешната пејачка од Spice Girl, Викторија Бекам. Песната „Groovejet“ се искачила на прво место на многу други топ-листи, а Melody Maker ја прогласил за сингл на годината. Во 2000 година, била финалист за „Запис на годината“ . Истата година, ги освоила наградите „Најдобар сингл“ и „Најдобра Ибица мелодија“ на Ericsson Muzik наградите.[3]

Потоа, Елис-Бекстор успеала да изгради успешна соло-кариера. Во 2001 година го издала нејзиниот прв албум, Read My Lips кој се искачил на второ место на топ листите во Обединетото Кралство. За албумот соработувала со многу музички великани како: американскиот музичар Моби, басистот од Blur Алекс Џејмс и поранешниот пејач од New Radicals, Грег Александар. Албумот бил пофален од критичарите и од него произлегле четири хит-песни. Со нејзиниот прв сингл Take Me Home (2001) - преработка на истоимената песна од Шер од 1979 година - таа се искачила на второ место на британската топ-листи. Таа, исто така, стигнала до второ и трето место на топ-листите во ОК со двата следни сингла Murder on the Dancefloor и Get over You. Murder on the Dancefloor, исто така, станал меѓународен хит во 2002 година[4] и била најсвирена песна во Европа во 2002 година. Во 2002 година го објавила четвртиот сингл, Music Gets the Best of Me, кој стигнал до 14 место на топ-листата за синглови во ОК. Во исто време, Елис-Бекстор ја започна нејзината прва турнеја. На почетокот од 2002 година, на Британските музички награди Елис-Бекстор била номинирана за наградата „Британска соло-пејачка“, за што била номинирана и во следните две години.[5] [6] [7]

Нејзиниот втор албум, Shoot from the Hip, бил издаден во октомври 2003 година.[8] И покрај добрите критики, Елис-Бекстор не можела да го повтори успехот од нејзиниот прв албум. Сепак, двата сингла Mixed Up World и I Won't Change You се пласирале во топ-10 на британската топ-листа. Откако останала бремена, одлучила да се повлече од промоцијата на албумо.[9]

2007–2011: Trip the Light Fantastic и Make a Scene[уреди | уреди извор]

Елис-Бекстор настапува во лондонскиот клуб G-A-Y во 2007 година

Trip the Light Fantastic, третиот албум од Елис-Бекстор, бил издаден во мај 2007 година и се искачил на 7-мо место на топ-листата за албуми во ОК.[8] Од албумот биле објавени три сингла: „Catch You “ (8-мо место во ОК), „Me and My Imagination“ (23-то место) и „Today the Sun's on Us“ (64-то место). [10] Песната „If I Can't Dance“ била најавена како сингл, но подоцна била повлечена.[11] [12]

Елис-Бекстор го поддржала Џорџ Мајкл на неговата турнеја во Велика Британија во јуни 2007 година. Нејзината сопствена турнеја во Велика Британија, Trip the Light Fantastic Tour, требало да започне во август 2007 година, но била одложена откако Елис-Бекстор била поканета да биде „специјален гостин“ на турнејата од Take That, Beautiful World Tour, која започнала во октомври. 2007.[11] Нејзината турнеја ја презакажала за март 2008 година. Турнејата не започнала, а Елис-Бекстор одбила да разговара за ова прашање во интервјуата.[13]

Четвртиот албум на пејачката, Make a Scene, бил издаден во јуни 2011 година по едногодишно одложување при што таа ја напуштила нејзината дотогашна издавачка куќа Universal Music Group и основала своја, EBGBs.[14] [15] Бо јули 2010 година ги поддржала Pet Shop Boys на концертите во Обединетото Кралство од нивната турнеја Pandemonium.[16] Синглот „Starlight“ бил издаден во ОК пред објавувањето на албумот, односно во мај 2011 година.[17]

2012–2014: Wanderlust и соработки[уреди | уреди извор]

Елис-Бекстор на настап во 2013 година

Во мај 2011 година, таа изјавила дека започнала да работи на нејзиниот петти албум.[18] Елис-Бекстор го потврдила комплетирањето на албумот во мај 2013 година и го открила неговиот наслов, Wanderlust.

„Young Blood“ бил издаден како водечки сингл од Wanderlust во ноември 2013 година. Албумот бил објавен во јануари 2014 година и се искачил на четврто место на топ-листата за албуми во Обединетото кралство и на прво место на топ-листата за инди-албуми во Обединетото Кралство.[19] [20] Елис-Бекстор потоа најавила турнеја во Велика Британија со 10 концерти, која завршила во Глазгов во април 2014 година.[21]

Елис-Бекстор соработувала со Guéna LG и Amir Afargan на песната „Back 2 Paradise“, која била објавена во јуни 2014 година. Елис-Бекстор потоа пеела во песната „Only Child“, продуцирана од електронскиот музички проект DedRekoning, а која била објавена во септември 2014 година.

2015–2019: Familia и The Song Diaries[уреди | уреди извор]

Елис-Бекстор настапува на White Party во Бангкок, Тајланд во 2017 година

Во јануари 2015 година, Елис-Бекстор преку Инстаграм објавила дека почнала да работи на нејзиниот шести студиски албум. Албумот Familia бил објавен во септември 2016 година и стигнал до 12-то место на топ-листата за албуми во Велика Британија.[10] По одморот кој го зела поради раѓањето на нејзиното дете кон крајот на 2015 година, таа ја продолжила турнејата за поддршка на албумот во 2017 година, претежно во мали концертни сали во ОК.[22]

Во ноември 2017 година, преку Фејсбук објавила избор од нејзините најголеми хитови преработени со оркестар.[23] [24] Во февруари 2018 година, таа го објавила насловот на албумот, The Song Diaries, и истакнала дека ќе се состои од преснимени песни кои ја опфаќаат нејзината кариера од theaudience до „Wild Forever“ од албумот Familia и една нова песна. Првиот сингл од The Song Diaries „Love Is You“, диско-песна оригинално изведена од Керол Вилијамс, семплована на песната Groovejet, бил објавен во август 2018 година.[25] The Song Diaries бил објавен во март 2019 година и се искачил на 14-то место во ОК.[10]

2020–2023: Songs from the Kitchen Disco[уреди | уреди извор]

Во 2020 година, за време на КОВИД-19 пандемијата, Елис-Бекстор на Инстаграм одржувала неделни концерти наречени „Кујна диско“ кои биле емитувани во живо од нејзината кујна.[26] На 24 јуни 2020 година, Елис-Бекстор започнала неделен подкаст под наслов Spinning Plates со Софи Елис-Бекстор на кој интервјуила вработени мајки.[27]

На 16 јули 2020 година, Елис-Бекстор го објавила албумот со најголеми хитови Songs from the Kitchen Disco.[28] На албумот му претходело објавување на сингл, „Crying at the Discoteque“, преработена верзија на песната од Alcazar. Во март 2022 година, ја започнала турнејата „Songs from the Kitchen Disco“ во Обединетото Кралство.[29] Во јули 2022 година, пејачката објавила нов сингл, „Hypnotized“, во соработка со електро-музичарот Wuh Oh.[30]

Во ноември 2022 година бил издаден албум во живо под наслов Kitchen Disco – Live at London Palladium .

2023-денес: Hana и новостекната популарност со Солтбурн[уреди | уреди извор]

На 8 февруари 2023 година, Бекстор објавила нова песна, „Breaking the Circle“, водечки сингл од нејзиниот седми студиски албум, Hana, кој бил објавен на 2 јуни 2023 година. [31] Насловот на албумот е преземен од јапонскиот збор за „цут“ или „цвет“. Елис-Бекстор рекла дека албумот е инспириран од патувањето во Јапонија, направено пред почетокот на пандемијата СОВИД-19.

Песната од Елис-Бекстор „Murder on the Dancefloor“ може да се слушне во последната сцена од филмот Солтбурн од 2023 година.[32] Како резултат на тоа, песната повторно се нашла на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство каде се искачила на второ место и стекнала најмногу преноси досега на Spotify; на новогодишната ноќ била добила над 1,4 милиони стримови.[33] [34] [35] Со ова Елис-Бекстор за прв се пласирала на американската топ-листа за синглови, каде стигнала до 51 место.

По новостекнатата популарност со „Murder on the Dancefloor“, Елис-Бекстор наводно потпишала договор со Universal Music Group[36] и работи на нов албум.[37]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Елис-Бекстор го запознала нејзиниот иден сопруг, басистот на The Feeling, Ричард Џонс, кога тој бил на аудиција за нејзината турнеја на турнеја во 2002 година.[38] Нивното прво дете се родило два месеци предвреме, по само осум месеци откако тие ја започнале нивната врска.[39] Тие се венчале во 2005 година.[38] [40] Имаат пет деца, сите машки.[41]

Елис-Бекстор страдала од прееклампсија за време на нејзините први две бремености, што резултирало со предвремени породувања.[42] Таа е амбасадор на Борн, добротворна организација за медицински истражувања за причините за предвремено породување.[43] Таа е исто така амбасадор на детската добротворна организација Лумос која се залага за ставање крај на институционализацијата на децата ширум светот.[44]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • Read My Lips (2001)
  • Shoot from the Hip (2003)
  • Trip the Light Fantastic (2007)
  • Make a Scene (2011)
  • Wanderlust (2014)
  • Familia (2016)
  • Hana (2023)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Sophie Ellis-Bextor – Biography“. Hello!. April 2008. Архивирано од изворникот на 29 July 2020. Посетено на 29 July 2020.
  2. 2,0 2,1 „Theaudience“. Архивирано од изворникот на 24 February 2015. Посетено на 13 April 2021.
  3. „Spiller and Jaxx take Muzik honours“. BBC News. 19 October 2000. Посетено на 17 August 2010.
  4. „Murder on the Dancefloor, World Charts“. Top40-charts.com. Посетено на 17 August 2010.
  5. „BRIT Awards 2004“. Ukmix.org. Архивирано од изворникот на 29 October 2013. Посетено на 17 August 2010.
  6. Culture (13 January 2003). „The Brits 2003, The Nominees“. The Guardian. London. Посетено на 17 August 2010.
  7. „Brits Awards: The Nominees“. Contactmusic.com. 15 November 2007. Посетено на 17 August 2010.
  8. 8,0 8,1 „Sophie Ellis-Bextor | Full Official Chart History“. Official Charts Company. Посетено на 12 August 2022.
  9. „Tripping the light fantastic“. PerthNow. 28 July 2007.
  10. 10,0 10,1 10,2 „Sophie Ellis-Bextor | full Official Chart History“. Official Charts Company.
  11. 11,0 11,1 „Sophie Ellis-Bextor's official website“. Sophieellisbextor.net. 11 August 2010. Посетено на 17 August 2010.
  12. „Video: Sophie Ellis-Bextor speaks“. Digital Spy. 2 August 2007. Посетено на 8 February 2007.
  13. "Isn't she lovely", Noozhumurry, J, The London Paper, 18 September 2008
  14. „Sophie's new album and single out on 6 June!“. Архивирано од изворникот на 31 January 2013.
  15. „Why did Sophie find it hard to make a scene?“. Belfast Telegraph.
  16. „Sophie is a special guest“.
  17. Copsey, Robert (26 May 2011). „Sophie Ellis-Bextor: 'Starlight'. Digital Spy.
  18. My Day on a Plate: Sophie Ellis-Bextor The Daily Telegraph. 1 May 2011
  19. „Official Albums Chart Top 100“. Official Charts Company. Архивирано од изворникот на 28 April 2012. Посетено на 22 May 2016.
  20. „Official Independent Albums Chart Top 50“. Official Charts Company. Посетено на 22 May 2016.
  21. „Sophie Ellis-Bextor“. Live Nation UK. Посетено на 22 May 2016.
  22. „Shows“. sophieellisbextor.net.
  23. „Sophie Eliis Bextor on Instagram on her Orchestral Greatest Hits“. Instagram. Архивирано од изворникот на 2023-04-18. Посетено на 2024-04-01.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  24. „Sophie Ellis-Bextor: Orchestral Greatest Hits“. PledgeMusic (англиски). Посетено на 19 May 2018.
  25. „Q&A: Sophie catches up about the album!“. Sophie Ellis-Bextor. Посетено на 8 January 2019.
  26. Jones, Dylan B. (21 April 2020). „Sophie Ellis-Bextor on music, motherhood and lockdown discos: 'Most of my children are feral!'. The Guardian.
  27. „Spinning Plates with Sophie Ellis-Bextor“. Apple Podcasts. Посетено на 18 September 2020.
  28. „Sophie Ellis-Bextor / Songs From The Kitchen Disco“. Super Deluxe Edition. 16 July 2020. Посетено на 18 September 2020.
  29. Cummings, Bill (2022-01-19). „NEWS: Sophie Ellis-Bextor announces Kitchen Disco Tour“. God Is In The TV (англиски). Посетено на 2022-04-01.
  30. Yeung, Vivian (18 May 2022). „Sega Bodega teases new Sophie Ellis-Bextor track Hypnotized“. Crack Magazine. Посетено на 6 November 2022.
  31. „Sophie Ellis-Bextor has shared a brand-new single 'Breaking The Circle' and announced her seventh studio album 'HANA'. Total Ntertainement. 8 February 2023. Посетено на 11 February 2023.
  32. „Sophie Ellis-Bextor Has Finally Gotten Her Due in America“. Paste Magazine (англиски). Посетено на 2024-01-04.
  33. „Sophie Ellis-Bextor's 'Murder on the Dancefloor' Earns Its Most 1-Day Spotify Streams Ever Thanks to Saltburn“. Peoplemag (англиски). Посетено на 2024-01-04.
  34. James, Alastair (2024-01-02). „Sophie Ellis-Bextor responds after Saltburn causes classic hit resurgence“. Attitude (англиски). Посетено на 2024-01-04.
  35. „Sophie Ellis-Bextor's Murder On The Dancefloor set for charts thanks to Saltburn“. Yahoo News (англиски). 2024-01-02. Посетено на 2024-01-04.
  36. „Sophie Ellis-Bextor to make music comeback“. Yahoo! News (англиски). 20 January 2024. Посетено на 2024-01-22.
  37. „Sophie Ellis-Bextor on the return of 'Murder On The Dancefloor' – and watching 'Saltburn' with her mum“. NME (англиски). 10 January 2024. Посетено на 2024-01-22.
  38. 38,0 38,1 Saner, Emine (20 December 2022). „How Sophie Ellis-Bextor met Richard Jones: 'It's embarrassing. I told him he had a nice amp!'. The Guardian.
  39. Pires, Candice (15 September 2013). „Sophie Ellis-Bextor and Richard Jones on their musical marriage“. The Guardian. Посетено на 8 January 2019.
  40. „Sophie Ellis-Bextor talks Strictly, music and family life“. Hello!. 1 September 2014. Посетено на 12 August 2022.
  41. „Sophie Ellis-Bextor gives birth to fifth child – find out the gender and name“. Hello!. 7 January 2019. Посетено на 8 January 2019.
  42. Pointer, Anna (12 September 2016). „Sophie Ellis-Bextor on body image, Brexit — and why she's not ruling out baby number five“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 12 January 2022. Посетено на 30 May 2017.
  43. „Our Patrons and Ambassadors“. Borne (англиски). Посетено на 22 May 2019.
  44. „Our Ambassadors - Lumos“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]