Снуп Дог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Снуп Дог
Биографски податоци
Родено име Калвин Кордозар Броудус Јр.
Познат(а) и како Снуп Доги Дог, Снуп Лајон
Роден(а) 20 октомври 1971
Лонг Бич
Жанрови Хип-хоп, џи-фанк
Занимања Рапер, пејач, текстописеџ, продуцент, актер
Период на активност 1992–сѐ уште
Издавачи Death Row, No Limit, Priority, Star Trak, Geffen, Doggystyle, Maker Studios, RCA
Мреж. место snooplion.com

Кордозер Калвин Броудус Јр. (англиски: Cordozar Calvin Broadus, Jr.) (роден на 20 октомври 1971 во Калифорнија) е американски хип-хоп музичар, актер и продуцент од Лонг Бич попознат под псевдонимот Снуп Дог (Snoop Dogg), а во поново време Снуп Лајон (Snoop Lion).

Биографија[уреди | уреди извор]

Прекарот го добил од својата мајка која го нарекувала Снупи по јунакот од цртаната серија Чарли Браун и Снупи шоу. На почетокот на неговата кариера уметичкото име му било Снуп Доги Дог (англ. Snoop Doggy Dogg) за да во 1998 година, по напуштената матична издавачка куќа „Дет Роу Рекордс“ го скрати своето име во Снуп Дог. Исто така е познат и по тоа што го популаризирал сленг терминот „-изл“, кој се користи како суфикс или инфикс. Со музика започнал да се занимава заедно со својот пријател Ворен Џи, инаку полубрат на познатиот рапер Др. Дре кој веднаш го воочил неговиот квалитет. Познат е и како голем пријател на починатиот Тупак Шакур. Покрај соло кариерата бил и член на групата 213 и Дог Паунд Гангста (Ди-Пи-Џи).[1]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албум Година
Doggystyle 1993
Tha Doggfather 1996
Da Game Is to Be Sold, Not to Be Told 1998
No Limit Top Dogg 1999
Tha Last Meal 2000
Paid tha Cost to Be da Boss 2002
R&G (Rhythm & Gangsta): The Masterpiece 2004
Tha Blue Carpet Treatment 2006
Ego Trippin' 2008
Malice n Wonderland 2009
Doggumentary 2011
Со 213 Година
The Hard Way 2004
Со Дог Паунд Година
Cali Iz Active 2006

Наводи[уреди | уреди извор]