Тупак Шакур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 16 јуни 1971
Њу Јорк, САД
Починал 13 септември 1996
Лас Вегас, САД

Тупак Амару Шакур, роден како Лезан Париш Крукс (на англиски: Lesane Parish Crooks; 16 јуни, 1971 - 13 септември 1996), познат по неговите уметничи имиња Тупак (или едноставно Пак) и Mакавели беше американски рапер. Тупак има продадено над 75 милиони албуми насекаде низ светот, што го направи еден од најпродаваните музички артисти во светот. Само во САД тој има продадено над 37.5 милиони албуми. Магазинот Roling Stoun (Rolling Stone Magazine) го именува за 86-ти најдобар артист на сите времиња.

Покрај кариерата како врвно-продаван рап изведувач, тој беше и надежен актер, како и социјален активист. Во повеќето од неговите песни се зборува за растењето помеѓу насилство и за тешкотиите во гетата, расизмот и други социјални проблеми за време на хип хпо ривалството помеѓу Источниот Брег и Западниот Брег. Шакур ја започна својата кариера како техничар во придружба на група на турнеја и резервен танчер во алтернативната група Digital Underground.

Во септември 1996 година, во метрополитската област Лас Вегас во Невада, Шакур беше застрелан 4 пати. Веднаш беше однесен во Универзитетскиот медицински центар, каде почина поради прекин на дишењето и запирање на срцето.

Биографија[уреди | уреди извор]

Раниот живот[уреди | уреди извор]

Тупак Амару Шакур е роден во Источен Харлем, дел од Менхетен во Њујорк. Беше крстен по Тупак Амару II, перуански револуционер кој крена локално востание против Шпанија и беше подоцна погубен.

Неговата мајка, Афени Шакур, и неговиот татко Бил Гарланд беа активни членови на на партијата Црн Пантер во Њујорк кон крајот на 60тите и почетокот на 70тити години. Тој се роди само еден месец по ослободувањето на мајка му од повеќе од 150 обвиненија за "заговор против владата на САД и Њујоршки пресвртници " во 21 случај за Црниот Пантер.

Неколку извори (вклучувајќи го и официјалниот извештај на судскиот вештак) го наведуваат неговото име како „Лесан Париш“, иако ѕтоа не е потврдено од неговото семејство. Ова име наводно му било ставено во неговото уверение од раѓање бидејќи Афени се плашела дека нејзините непријатели ќе и ги нападнат синот и го прикрила неговиот идентитет употребувајќи различно презиме. Подоцна го променила името, по разводот со Гарланд и бракот со Шакур.

Шакур уште во раниот живот беше опкружен со битки и затворања. Неговиот кум, Елмер Херонимо Прат, високо рангиран Црн Пантер, беше обвинет за убивство на учителка за време на грабежот од 1968 година, иако неговата пресуда подоцна беше поништена. Неговиот очув, Мутулу, помина вкупно 4 години на листата на најбараните 10 бегалци на ФБИ почнувајќи од 1982 година. Уште додека Шаќур беше дете, Мутулу го бараа поради тоа што бил вмешан во помагањето на неговата сестра Асата (позната како Џоан Чесимард) да избега од затворот во Њу Џерси, каде беше затворена поради наводно пукање до смрт во припадник на државната полиција во 1973 година. Тој беше фатен и уапсен во 1986 година поради грабежот на опколен камион во кој беа убиени двајца полициски службеници и еден стражар. Шакур имаше 2 години помала полусестра, Сикјава, и постар полубрат, Моприм Комани Шаќур кој се појавува на неговите спотови.

Кога имаше 12 години Шакур се зачлени во 127миот уличен репертоарен ансамбал на Харлем и му беше доделена улогата на ликот на Тревис Помладиот во драмата "A Raisin in the Sun",изведена во познатиот театар Аполо. Во 1986 година, семејството се пресели во Балтимoр, Мериленд..Po По завршувањето втора година во среднот училиште Пол Лоренс Дунбар, тој се префрли во ушилиштето за Уметности во Балтимур каде учеше глума, џез, поезија и балет. Tој настапуваше во Шекспировите драми и ја имаше улогата на кралот Мојс во The Nutcracker (Оревокршачот). Шаќур, придружен од една своја пријателка, Дана Мојс Смит, како негов битбокс, победи во многу од натпреварите во рап на кои учествуваче и се сметаше за најдобар рапер во училиштето. Иако му недостасуваше модерна облека, тој беше едно од најпопуларните момчиња во училиштето поради неговата смисла за хумор, раперските вештини и способноста да се приклучи во селока толпа. Тој стапи во блиско пријателство со Џада Пинкет (подоцна Џада Пинкет Смит) кое траеше се до неговата смрт. Во документарецот Tupac: Resurrection (Топак- Воскресение), Шаќур: ,, Џада е моето срце. таа ќе ми биде птијателка целиот мој живот’’, а Пинкет Смит го нарекува: ,,Еден од моите најдобри пријатели. Такво пријателство какво што имавме ние се раѓа еднаш во животот. Тој беше повече од брат". Во неговата книга The Rose That Grew From Concrete (Розите што растат од бетонот) се наоѓа поема напишана од Шакур посветена на Пинкет Смит, наречена "The Tears in Cupid's Eyes" (Солзите во очите на Купидон). Додека учеше во Уметничкото училиште, Шакур започна да излегува со ќерката на директорот на Комунистичката партија на САД во Балтимoр.

Во јуни 1988 Година, Шакур заедно со семејството уште еднаш се пресели- овојпат во Марин Сити, Калифорнија, каде што го посетуваше средното училиште(Tamalpais High School. Тој почна да присуствува на часовите за поезија кај Лејла Стенберг во 1998 година. Истата година, Стенберг организираше концерт со поранешната група на Шакур,Strictly Dope. Концертот го наведе Шакур да запее со Артон Грегори кој го поврза со перспективната група Digital Underground. Во 1990 година групата го најми како резервен танчер и техничар во придружба на група на турнеја .

Раперска кариера[уреди | уреди извор]

Професионалната забавна кариера на Шаќер започна во раните 90ти години, кога ги дебитираше своите раперски вештини на едно вокално претставување на групата на песната "Same Song" на Диџитал Андерграунд од тонскиот запис на филмот Nothing but Trouble (Што ако не неволја) 1991 година, а исто така се појави во филм си истото име заедно со групата. Подоцна песната беше издадена како водечка песна на албумот EP This is an EP Release, следбеникот на нивниот дебитански хит албум Sex Packets. Шакур се појави и во придружниот видео спот.

По неговото рап деби, тој повторно настапи со Digital Underground на албумот Sons of the P. Подоцна го издаде првиот соло албум 22Pacalypse Now. 2Pacalypse Now не се покажа добро на топ листите како идните албуми, не создаде топ 10 хитови. Неговиот втор албум Strictly 4 My N.I.G.G.A.Z., беше издаден во 1993 година. Thug Life (Исцрпувачки живот) Кон крајот на 1993 година, Шакур ја формираше рупата Thug Life со неколку негови пријатели, вклучувајќи ги Биг Сајк, Макадошис, неговиот полубрат Моприм и Рејтер Р. На 26 септември 1994 година, групата го издаде единствениот албум Thug Life: Volume 1 кој помина одлично. На албумот се појавува и синглот "Pour Out a Little Liquor" продуциран од Џони Џи Џексон, кој стана продуцент на голем дел на албумот на Шакур All Eyez on Me. На своите концерти, групата вообичаено настапуваше без Шакур.

Проблеми со законот[уреди | уреди извор]

Иако тој привлече внимание и како рапер и како актер, Шакур стекна лоша слава поради неговите конфликти со законот. Во октомври 1991 година тој се обиде да поднесе 10 милиони тужби против стапувањето на сила на законите на полицискиот оддел во Оакленд, тврдејќи дека го патролираат за невнимателно преминување на улица.

Во 1992 година, тинејџер кој го слушал албумот на Тупак 2Pacalypse Now кој содржи песни за убивство на полицијата, уби припадник на државна полиција. Дон Квајл, заменик премиерот на САД во тоа време, побара албумот да биде повлечен од сите музички продавници и медиуми во државата, ни Интерскоп одб. Шакур изјави дека неговиот прв албум беше наменет за проблемите со кои се соочуваат младите црнци, но беше критикуван поради сликовитиот јазик и сликите на наслилство од и против законот. Квајл јавно го окарактеризира албумот дека "нема место во нашето општество."

На 22 август, 1992 година, во Марин Сити, Калифорнија, Шакур рапуваше на отварање на фестивал и остана околу еден час потпишувајќи автограми и слики. Некои поранешни коментари на Шакур за Марин Сити се замешаа и кога започна расправијата и се крена врева, тој извади Колт Мустанг, се истетерави и пиштолот му падна. Некој го зеде пиштолот и испука куршум. Иако никој од толпата не беше повреден, на околу 10 јарди далечина шестгодишниот Кјад Вокер-Тил беше погоден во чело возејќи велосипед во училишниот двор и куршумот го уби. Шакур и Моприм заминаа со нивниот автомобил и беа стопирани од една разлутена толпа пред шерифска потстаница. Полицијата настапи и ги ствави двајцата во притвор, а подоцна беа ослободени без обвинение. Во1995 година , граѓанска тужбе беше покрената од мајката на Кјад. Адвокатот на Шаќур рече дека фестивалот беше " лоша ситуација", а Шакур е натажен од смртта на момчето. Дискографската компанија на Шакур ја реши тужбата со фигура вредна помеѓу 300 000 и 500 000 долари.

Во октомври 1993 година, во Атланта двајца браќа и полициски службеници надвор од должност, Марк и Скот Витвел, заедно со своите сопруги го прославуваа неодамна положениот државен правен испит на г-ѓа Витвел. Како што тие ја поминуваа улицата до нив помина или скоро ги закачи автомовбил со Шакур внатре, по што Витвелови започнаа расправија со шоферот и другите патници, на кои тогаш им се придружи и друг автомобил. Според различните изјави на вестите, Шакур го застрелал едниот во задникот, а другиот во ногата, грбот или стомакот. Иако немаше други повредени, Марк Витвел беше обвинет за отворање оган врз автомобилот на Шакур и подоцна за лажење на полицијата за време на истрагата, а Шакур за пукање, се додека обвинителот не одлучи да да ги повлече тужбите против двете страни.

Во ноември пак, 1993 година, Шакур и некои други беа обвинети за сексуално обесчестување на жена во хотелска соба Како што се вели во тужбата, Шакур ја садомазирал жената, а потоа ги охрабрувал пријателите сексуално да ја злоупотребат. Шакур, пак, тврди дека неколку денови пред тоа имал односи со жената, таа имала орален секс со него не некој клупски подиум, а двајцата подоцна имале взаемен секс во неговата хотелска соба. Во тужбата се вели дека таа сексуално била злоупотребена по нејзината втора посета во хотелската соба и наведува дека Шакур и неговата придружба имале групен секс со неа, а кога Шакур заминал таа му рекла: "Зошто и м дозволи да ми го сторат тоа?" Шакур вели дека кратко по заминувањето на жената заспал и подоцна се разбудил со нејзините обвиненија и правни закани. Во претстоечкото судење, Шакур беше обвинет за сексуално злоупотребување. По одредувањето казна затвор од една ипол до четири ипол години, судијата го опиша криминалот како "чин на брутално насилство врз беспомошна жена" Oткако отслужи дел од казната, беше ослободен со повикување постапка за кауција. На 5 април, 1996 година, еден судија му изрече казна затвор од 120 дена, поради прекршување на условите за ослободување со кауција.

Во 1995 година, неправедна тужба за смрт беше поднесена против Шакур за пукањето од 1992 година што го уби Кјад Вокер-Тил, шестгодишен од Марин Сити. Детето беше жртва на заскитан куршум во престрелката помеѓу придружбата на Шакур и противничка група. Балистичките тестови покажаа дека куршумот што го уби детето не беше испукан од пиштолот на Шаќур ниту од пиштолите на неговата придружба. Не беа поднесени кривични обвиненија. Шакур и семејството се искупија со неоткриена сума, проценета околу 300 000–500 000 долари.

Престрелката од ноември 1994 година[уреди | уреди извор]

Во ноќта на 30 ноември, 1994 година, ден пред да биде изречена пресудата за судењет за сексуално злоупотребување, Шакур беше застрелан 4 пати и ограбен од страна на двајца вооружени мажи во војничка униформа во холот на студијата за снимање Кварт во Менхетен. Подоцна Шакур ги обвини Комбс, Ендри Харел и Биги Смолс дека му наместиле. Шакур се сомневаше и дека неговиот близок пријател и соработник Ренди Стреч Вокер бил вмешан во нападот. Според докторите во болницата Белеви (Bellevue Hospital) каде што Шаќур беше примен веднаш по нападот, тој се здобил со 5 прострелни рани: 2 во главата, 2 во слабините и една преку раката и бутот. Три дена по операцијата тој се одјави од болницата и против наредбите на докторот. Наредниот ден, Шакур влезе во судот со инавалидска количка и му беше пресудено за виновен за 3 тужби за сексуално малтретирање, но невин за 6 други, вклучувајќи ја и онаа за садомоја. На 6 февруари, 1995 година беше осуден на една ипол до четири ипол години казна затвор за обвинение за сексуално малтретирање.

Една година подоцна, на 30 ноември 1995 година, Стреч беше убиен откако тројца мажи го сопреле неговото зелено мини комбе на 112тата Авенија и 209тата улица додека возел и го застрелале во грб. Мини комбето ударило во дрво и погодило паркиран автомобил пред да се преврти.

На 27 март, 2008 година, LA Times објави извинување до Комбс поради обвинениата дека имал улога во пукањето од 1994година. Статијата тврди дека соработнците на Биги го одвеле Шакур во неговото студио за да го застрелаат и му направат услуга на Биги.Весникот се потпира на фалсификувани документи според кои се докажало дека пиштолот со кој е пукано е лажен. Комбс тврди дека се разочарал што LA Timesја објави приказната.

Затворска казна[уреди | уреди извор]

Шаkур започна да ја отслужува својата затворска казна на 14 февруари, 1995година во затворот Клинтон. Кратко по тоа, го издаде мулти-платиниумскиот албум Me Against the World. Шаkур е единствениот изведувач кој некогаш имал албум на место број 1 на билборд 200 додека служел затворска казна. Албумот се дебитираше на билборд 200 и остана на врвот на листите цели пет недели. Беа продадени 240 000 копии од албумот за време на првата недела откако беше издаден, поставувајќи рекорд за најголема продажба во првата недела по излегувањето на машки соло рап артист во тоа време. Додека служеше затворска казна се ожени со неговата долгогодишна девојка Кеиша Морис, на 4 април 1995 година. Двојката подоцна се разведе во 1996 год. Шакур читаше многу книги од Николо Макијавели, Сун Цу и други дела од политичка психологија и стратегија. Исто така, додека беше во затвор тој напиша и сценарио насловено Live 2 Tell ( живеј за да кажеш), приказна за еден адолесцент кој станал барон на дрога.

Во октомврски 1995година, случајот на Шаќур беше изнесен на судење, но како резултат на сите негови правни хонорари не можеше да собере 1,4 милиони долари за кауција. Од како одслужи 11 месеци од неговата една и пол до четири и пол години затворска казна, Шаќур беше ослободен од затвор како резултат на голема помош и влијание на Сјуџ Најт, генералниот директор на Death Row Records.[50]

Издавачка куќа "Death Row Records"[уреди | уреди извор]

Веднаш по ослободувањето од затворот Клинтон, Шаkур се врати на снимање песни. Тој основа нова група наречена Outlaw Immortalz. По кратко време Шаkур започна со снимање на неговиот прв албум со овоа студио и го издаде синглот "California Love". .На 13 февруари 1996 година Шаќур го издаде својот четврти албум All Eyez on Me. Овој дупли албум беше прв и втор од трите албумски ангажмани со Death Row Records. Тој беше продаден во повеќе од 9 милиони копии. Снимката беше генерално поаѓање од интроспективниот предмет на Me Against the World, повеке ориентиран кон силџиски и ганстерски менталитет. Шаќур продолжи да снима со нив и покрај се повеќето проблеми со нивната репутација. Др. Дре се назначи за куќен продуцент за да формира своја етикета Aftermath. Шаќур продолжи и направи стотици траки за време на соработката со Death Row, од кои повеќето ќе бидат издадени во неговите постхумани албуми 3R U Still Down? (Remember Me), Still I Rise, Until the End of Time, Better Dayz, Loyal to the Game и Pac's Life. Исто така тој започна процес на снимање албум со Boot Camp Clik и нивната етикета Duck Down Records, двете оновани во Њујорк, наречени One Nation.

На 4 јуни 1996година, заедно со Outlawz го издадоа диско хитот released "Hit 'Em Up", зајадлив поетски напад врз Биги и некои други негови соработници. Шаќур тврдеше дека имал сексуални односи со Феит Иванс, тогашната сопруга на Биги и го нападна имиџот на лошото момче. Иако немаше доволни цврсти докази да го потврдат тоа, Шаќур беше убеден дека некој членови поврзани со лошото момче знаеле предходно за нападот од 1994 година според нивните однесувања во текот на таа ноќ и според изворите на Шаќур. Тој се израмни со Сјуџ, директорот на Death Row's CEO, кој веке беше гневен на Копмс околу акцидентот од 1995 година во клумот Платиниум во Атланта, Џорџија, што кулмираше со смртта на телохранител и пријател на Сјуџ, Џејк Роблес. Слуџ беше непопустлив во искажувањето сомненија дека Комбс е замешан.[53] Двете страни останаа горки непријатели се до смртта на Шаќур. На 4 јули 1996 година тој настапуваше во живо со Outlawz, предводен од Tha Dogg Pound и Snoop Doggy Dogg .Тоа беше последниот настап во живо на Шаќур.

Додека беше затворен во затворот Клинтон, Шаќур го читаше Николо Макијавели и други издадени дела кои беа инспирација за псвдонимот "Makaveli" под кои тој го издаде првиот снимен албум 7The Don Killuminati: The 7 Day Theory. Албумот претставува силен контраст на предходните дела. Преку овој албум Шаќур продолжува да се фокусира на теми со болка и агресија правејќи го овој албум еден од емоционално темните дела во неговата кариера. Шаќур го напиша и сними текстот за само 3 дена и за уште 4 дена го издаде со што му беа потребни вкупно 7дена за да го комплетира албумот.

Makaveli Records[уреди | уреди извор]

Тој ги спомена Makaveli Records неколку пати пред да умре.Ова требаше да биде музичка етикета за надежните артисти за кои Шаќур мислеше дека имаат можност за развој или потенцијално пеење, а неговите идни сопствени проекти исто така беа издадени тука.[55]

Смртта на Шакур[уреди | уреди извор]

Славната фотографија од Шакур сликана само 20 минути пред пукањето од насловната страна на книгата The Killing of Tupac Shakur (убиството на Тупак Шакур) од Cathy Scott. Во ноќта на 7 септември,1996 година Шакур присуствуваше на боксерски меч помеѓу Мајк Тајсон-Брус Селдон во MGM Grand (Мгм Гранд) во Лас Вегас. По заминувањето на натпреварот, еден од соработниците на Шуг го забележа 21-годишниот Орландо Бејби Лајн Андресон член на Southside Crips, во холот на МГМ Гранд и го извести Шакур, кој тогаш го напаѓаше Андерсон. Придружбата на Шакур, како и Шуг и неговите следбеници се придржија кон напаѓањето на Андерсон.Тепачката беше снимена на видео лента од страна на хотелскиот видео надзор. Истата година порано Андерсон и група на Крипс ограбиле член на придружбата на Death Row во маркетот Foot Locker предизвикувајќи го нападот на Шакур. По викотницата Шакур појде да се види со Шуг за да одат во клубот 662, во сопственост на Death Row (сега познат како клуб ресторан 7). Тој влезе во црното BMW на Шуг, како дел од поголема група вклучувајќи многу од придружниците на Шакур.

Во 23:55 часот, додека стоеле на црвено светло, Шакур го отворил прозорецот и еден фотограф го сликал. Околу 23 :00 и 23:05 полицијата ги сопрела на Булеварот Лас Вегас за гласна музика и непоседување регистрески таблички. Табличките беа пронајдени во ѓепекот на Сјуџ и пет минути подоцна полицијата ги ослободи без да бидат казнети. Во ололу 23 :10, додека застанале на црвено на патои Фламинго близу крстосницата на Ковал Лајн пред хотелот Максим, возило со две жени внатре застанало од нивната десна страна. Шаќур кој стоеше пред сончевиот покрив размени зборови со двете жени и ги покани во клуб 662. Во околу приближно 11: 15 часот постар модел на Кадилак со 4 врати со непознат број на патници застана од нивната десна страна ,отворил еден од прозорците и брзо испукал рафал од пиштол врз Шакур. Куршумите го погодија во градите, карлицата и во десната рака и бутот . Еден од куршумите изгледа се одбил од десното градно крило на Шакур. Шуг беше ударен во главата иако само куршумот го изгребал. Според Шуг, куршумот од истрелот му бил зариен во черепот, но медициските извештаи подоцна се спротиставија на оваа изјава.

Додека се возел телохранителот на Шакур го следел со возило кое припаѓаше на Кидада Џонс-тогашната свршеница на Шакур. Телохранителот, Френк Алесандер, изјави дека кога тој сакал да влезе во возилото на Шуг заедно со раперот, Шакур го замолил да ја вози колата на Кидада Џонс во случај ако многу се опијанат и им требаат и други возила назад кон хотелот од клуб 662. Кратко по нападот, телохранителот во документарецот Before I Wake, изјави дека еден од автомобилите од групата заминал по напаѓачот, но тој никогаш не дозна за патниците.. По пристигнувањето на местото, полицијата и болничарите ги однеле Шуг и смртно-ранетиот Шакур во Универзитетскиот медицински центар. Според едно интервју со еден од најблиските пријатели на Шакур, музичкиот видео директор Гоби, додека бил во болницата тој добил вести од еден вработен во маркетингот на Death Row дека стрелците ја побарале етикетата и праќале смртни закани наменети за Шакур, тврдејки дека "ке го довршат ". Откако го слушнал ова Гоби веднаш ја известил полицијата на Лас Вегас, но оттаму изјавиле дека немаат доволно персонал и неможат да испратат никого . Сепак, стрелците никогаш не пристигнаа. Во болницата Шакур губеше и се враќаше при свест, беше под голема доза на седативи, дишеше преку респиратор ,беше ставен на апарати за вештачко дишење и откако повеќепати се обидел да стане од кревет, на крај беше ставен во кома предиззвикана од барбитурат.

Иако беше реанимиран во центарот за повреди и преживеа мноштво од операции (како и отсранување на десниот бел дроб) Шакур помина низ критичната фаза од медицинската терапија и имаше 50% шанси да се извлече. Гоби го напушти медицинскиот центар откако беше информиран дека Шаќур закрепнал 13% за време од 6 дена. Додека беше на интензивна нега попладнето на 13 септември, 1996 година Шакур почина поради внатрешно крварење-докторите се обидоа да го вратат во живот, но не можеа да го спречат крварењето. Неговата мајка, Афени, донесе одлука да им каже на докторите да запрат. Беше прогласен за мртов во 16:03 попладне.Официјалната причина за смртта беше прекин на дишењето и запирање на срцето како последица на многуте прострелни рани. Телото на Шакур беше кремирано,а подоцна неговата пепел измешана со марихуана ја испушија неговите другари,Одметниците(Outlawz).

Истрага за убиството на Шакур[уреди | уреди извор]

Најмногу поради сфаќањето на недостатокот од на напредок од спроведување на законот, многу независни истражувања и теории излегоа на површина. Поради бесот кој постоеше помеѓу Шакур и Биги (кој беше убиен во март 1997 година), од самиот почеток имаше шпекулации за можноста за замешаност од страна на Биги. Биги, исто како и неговото семејство, роднини и сите соработници жестоко го отфрлилја обвиненијата. Во 2002 година, LA Times објави приказна од победничиот истражувачки репортер на Pulitzer Prize- Чак Филипс, кој тврди дека има разоткриени докази за вмешаноста на Биги, како и на Андерсон и Соутсајд Крипс. Филипс како извор посочи неименуван член на банда кој тврди дека Биги имал врски со Крис често изнајмувајќи го за обезбедување за време на натапувањето на Западниот брег и дека Биги правел заговор со Крис да го убијат Шакур. Во 2008 година, откако The Smoking Gun објави дека документите на кои се потпирал Филипс биле лажни, LA Times испечати официјална насловна страна на која ја негира изјавата на Филипс.а помалку од 5 месеци Филипс беше откупен и замина од LA Times.

Во полза на овие тврдења семејството на Биги достави до ЕМТИВИ документарец дека ноќта кога се случило пукањето тој работел во студио за снимање во Њујорк. Неговиот менаџер Вајни Браун и колегата рапер Џејм Лил Сиз Лојд дадоа јавни изјави одрекувајќи го учеството на Биги во криминалот и додатно потврдија дека двајцата биле со него ноќта кога се случи настанот. Доста описната природа на убиството и претстоечкото насилство во бандата го привлече вниманието на англискиот филмски режисер Ник Брумфилд кој го режираше документарниот филм Биги и Тупак во кој се разгледува недостатокот на напредок во случајот во истрагата преку зборување со блиските на двајцата рапери. Блискиот пријател на Шаќур од детството и член на Outlawz,Јафеј Јаки Кадафи Фула беше во групата кога се случи несреќата и покажа на полицијата дека е можно да го идентификува напаѓачот. Сепак, тој беше застрелан и убиен кратко потоа во стамбен комплекс во Ирвингтон.

На 23 октомври, 2007 година DVD насловено Тупак : Assassination (Атентат) беше издадено повеќе од 11 години по убиството на Шаќур. Истото ги проучува аспектите околлу околностите на настанот и обезбедува свежи проникнувања за студениот случај со нови детали.

Влијанија[уреди | уреди извор]

Музиката и психологијата на Шаќур е вкоренета во многу американски, африканско-американски и светски ентитети, вклучувајки ја и партијата Црниот Пантер, црнечкиот национализам, рамноправност и слобода. Неговиот деби албум 2Pacalypse Now, ја откри страната на општествена свест на Шаќур. На овој албум Шаќур ја напаѓа оптшествената неправда, сиромаштијата и бруталноста на полицијата во песните "Brenda's Got a Baby", "Trapped" и"Part Time Mutha". Неговиот стил во албумот имаше високо влијание врз опшествената свест и афроцентризмот провлекувајќи се низ хип хопот од крајот на 80тите и почетокот на 90тите години. Со ова почетно издание, Шаќур помогна во проширувањето и успехот на групи како Boogie Down Productions, Public Enemy, X-Clan и Grandmaster Flash, така што тој стана еден од првите социјално свесни рапери од Западниот брег.

На неговиот втор албум, Шаќур продолжува да рапува за тоа како социјалистите се соочуваат со африканските американци со песни како "The Streetz R Deathrow" and "Last Wordz". Исто така, тој ја покажа својата сочувствителна страна со химната "Keep Ya Head Up", додека истовремено ја ставаше својата легендарна агресивност на екранот со насловната трака од албумот 4Strictly 4 My N.I.G.G.A.Z .Тој додаде и поздрав до поранешната група Digital Underground вклучувајќи ги во веселата трака "I Get Around". Понатаму во неговата кариера може да се забележи еден исклучително агресивен став кој се провлекува низ албумите што следат.

Контрадикторните теми на социјална нееднаквост и неправда, нескротлива агресивност,сочуство, шеговитост и надеж продолжија да се обликуваат во работата на Шаќур, што се докажа со издавањето на неговиот бунтовнички албум од 1995 година Me Against the World. Во 1996 година, Шаќур го издаде All Eyez on Me. Според критичарите, многу од овие траки се сметаат за класични, вклучувајќи ги "Ambitionz Az a Ridah", "I Ain't Mad at Cha", "California Love", "Life Goes On" и "Picture Me Rollin'". All Eyez on Me беше промена на стилот за разлика од она што предходно го работеше. Додека се уште продолжија песните на тема социјална свест, албумот на Шаќур имаше големо влијание од забавните траки и се стремеше да има повеќе " чуствувај се добро " вибрации од првиот албум. Шаќур го опиша како славење на животот, а албумот беше и критички и деловно успешен.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Шаќур беше страстен читач беше инспириран од широк спектар на писатели, вклучувајќи ги и В.Шекспир, Н.Макијавели, Доналд Џоинс, Сун Цу, Курт Фонегуд, Михаил Бакунин, Маја Ангелоу, Алис Вокер и Калил Џибран. Во неговата книга Дајсон го опишува искуството од посетата на домот на пријателот на Шаќур и промотер, Лејла Стеинберг, за да го пронајде " морето од книги" кое некогаш го поседувал Шаќур.[77] Шаќур никогаш не призна дека следи некоја религија, но неговите зборови во синглови како 'Only God Can Judge Me' и поеми како The Rose That Grew from Concrete, (Розата што расте од цемент) сугерираат на тоа дека верувал во Бога . Денес многу аналитичари го опишуваат како деист.

Статуа на Тупак Шаќур во Херворд Германија[уреди | уреди извор]

На концертот на Моби Дип по кој следеше смртта на иконата и издавањето 7The Don Killuminati: The 7 Day Theory, Cormega сеќававајќи се на едно интервју дека сите фанови врескаа „Mакавели“, и истакнувајки го влијанието The Don Killuminati: The 7 Day Theory самиот дури и во Њујорк на надморска висина со така наречената од медиумите 'мегубреговско ривалство.

Шаќур важи за многу почитуван од други MCs – во книгата How to Rap (Како да рапуваш) забелешките за бископот Ла Монд дека Шаќур“ го контролира секој аспект и елемент ” на рапувањето и Фредо Стар од Оникс вели за Шаќур дека "беше господар на струјата."[85] "Секој рапер што пораснал во 90тите му должи нешто на Тупак", напиша 50 цент. "Тој не звучеше како ниеден од оние што се појавија пред 90тите." About.com го прогласи Шаќур за највлијателниот рапер на сите времиња.

За да го зачува споменот на Шаќур,неговата мајка ја основа фондацијата Фамилија Шаќур (подоцна преименувана во фондација Тупак Амару Шаќур-ТАШФ). Во 1997 година. Оваа фондација има одредена мисија " да обезбади обука и поддршка за студентите кои се стремат да ги подобрат своите таленти". ТАСФ спонзорира конкурси за есеи, доброволни настани, кампувачи денови за изведба на тинејџери и преддипломски степендии. На 11 јуни, 2005 година фондацијата официјално го отвори центарот за уметнсти Тупак Амару Шаќур (ТАСКА) на планината Стоун, Џорџија .На 14 ноември, 2003 година под надзор на неговата мајка беше издаден документарец целиот раскажан со неговиот глас, наречен Tupac: Resurrection (воскресение). Истиот беше номиниран за најдобар документарец на академските награди во 2005година.Приходите одат во добротворна организација основана од мајката на Шаќур-Афени. На 17 април 2003 година Универзитетот Хардвард спонзорираше научен симпозиум насловен "All Eyez on Me: Тупак Шаќур и потрагата по модерен народен херој." Говорителите дискутираа на широк спектар на наслови поврзани со влијанието на Шаќур во сите области, почнувајки од забавата па со до социологијата.

Многу од говорниците дискутираа за статусот на Шаќур како јавна личност, вклучувајки го и англискиот професор на Државниот Универзитет во Њујорк, Марк Ентони Нил, кој даде говор наречен "Thug Nigga Intellectual: Tupac as Celebrity Gramscian" во кои се согласува дека Шеќур беше пример за "природен инелектуалец" изразувајќи ги мислењата на поголема група.[88] Професор Нил во своите дела навестува дека смртта на Шеќур остави "празнина за водство помеѓу хип хоп артистите". Понатаму Нел го објаснува како "жива противречност", статус кој му дозволува да биде „интелектуално достапен до обичните луѓе“.

Професорот по комуникација Мури Форман од Northeastern University, зборуваше за митскиот статус околу животот и смртта на Шаќур. Тој упати на симболизмот и митолоѓијата кои ја опкружуваат смртта на Шаќур во неговиот говор насловен "Tupac Shakur: O.G. (Ostensibly Gone)". Помеѓу неговите пронаоѓања стоеше дека фановите на Шаќур "успеале во воскреснувањето на Шаќур во една духовна, животна сила ".[91] Во "From Thug Life to Legend: Realization of a Black Folk Hero", Професорот по Музичко на Northeastern University, Еммет Присе го спореди јавниот имиџ на Шаќур со оној на магионичарските фигури од африканско -американскиот Фолклур. На крајот го опиша Шаќур како "продуктивен артист" кој беше "носен од ужасната потреба за итност " во потрага по "соединување на духот телото и умот". Мајкал Ерик Дејсон, професор по Хуманитарни науки и Африканско- Американски студии на акултетот Аволон во Пенсилванија и автор на книгата Holler If You Hear Me: Searching for Tupac Shakur[77] упатва на тоа дека "Шаќур зборува со брилијантност и проникливост како некој кој сведочи за болката на оние кои никогаш го немале неговиот подиум. Тој ја кажува вистината, дури и покрај тоа што се бори со делови од својот идентитет ". На една конференција на Хардвард, темата беше влијанието на Шаќур забавата, верската поврзаност, политиката и " херојот маченик". Кон крајот на 1997 година, универзитетот Беркли од Калифорнија овозможи курс воден од студентите наречен "History 98: Poetry and History of Tupac Shakur."

Кон крајот на 2003 година, Афени лансираше марка облека Макавели. Во 2005 година, Death Row го издадоа Tupac: Live at the House of Blues. На ова DVD беше последната изведба на Тупак која се случи на 4 јуни ,1996 година, придружена од еден куп артисти на Death Row. Во август 2006 година беше издаден Tupac Shakur Legacy . Проследен е со невидени фотографии од семејството, лични приказни и над 20 пресликувања на неговите рачно напишани песни, договори, скрипти, поезија и други лични документи. Џемал Џозеф напиша и лична биографија на Шаќур. Шестиот постхумано издаден студиски албум на Шаќур, Pac's Lifе, се издаде на 21 ноември 2006 година.Тој комеморира со десетгодишнината од смртта на Шаќур. Тој се уште се смета за еден од најпопуларните артисти во музичката индустраја од 2006 година.[96] Според Forbes, во 2008 година Шаќур направи приближно 15 милиони долари. Во 2002 година тие го признаа како Најславена почината јавна личност наоѓајќи се на листата на десетто место.

Конгресна библиотека[уреди | уреди извор]

Хитот на Шаќур "Dear Mama" е една од 25те песни што ќе бидат додадени на Нациаоналниот снимачки регистер во 2010 година. Конгресната библиотека ја нарече "Dear Mama" "трогателен и елоквентен почит до сите мајки на убиените рапери и сите мајки кои се борат да сочуваат фамилија, се борат со зависноста, сиромаштијата и социјалната нееднаквост". Ова признание се случи 7 дена по неговиот роденден, кога раперот ќе имаше 39 години. Шаќур е третиот рапер кој влезе в библиотеката, по Франдмастер Флеш и Паблик Енеми.

Признанија[уреди | уреди извор]

  • MTV го рангираше на бторо место на нивната листа на The Greatest MCs of All Time.[100]
  • Шаќур беше примен во Hip-Hop Hall of Fame in 2002.[101]
  • Во 2003 година In 2003,"22 Greatest MCs" на МТВ одбројувањето га наброја како "MC број 1", според гласањата на гледачите .[102]
  • Во 2004 година, на 1VH1 Hip Hop Honors Шаќур се најде помеѓу DJ Hollywood, Kool DJ Herc, KRS-One, Public Enemy, Run-D.M.C., Rock Steady Crew, и Sugarhill Gang.
  • Една анкета на Vibe magazine во 2004 година го прогласи за "најдобриот рапер на сите времиња" според гласањата на фановите.[104]
  • На првогодишниот Турски и Кајоски интернационален филмски фестивал одржан во бторник, 17 октомври, 2006 година Шаќур доби признание за неговиот неоспорен глас и талнент и изведувач кој преминал низ расните, етнички културни и медиумски карактеристики. Неговата мајка ја прифати наградата во негово име.
  • Во 2008 година, The National Association Of Recording Merchandisers во соработка со Rock and Roll Hall of Fame му издаде признание за многу влијателен артист и го додадоа на нивната листа на Дефинитивните 200. [106]
  • Во среда на 23 јуни 2010 година, Шаќур беше примен во регистерот на Конгресната библиотека на Национални рекорди.[107]
  • Седиштето на Католичката црква издаде листа на 12 песни на социјалната беб- страница функционирајќи како музичка служба. Помеѓу артистите се наоѓаат Моцарт, Мусе, и Дејм Ширли Басеј, а на листата се наоѓа песната на Шаќур "Changes", која беше издадена 2 години по смртта на неговиот албум со најголеми хитови во 1998 година.
  • Неговиот двоен албум All Eyez on Me, е еден од најпродаванте албуми на сите времиња. Повеќе од 5 милиони копии од албумот се продадени во САД само во април 1996 година. Во јуни 1998 беше прогласен за 9x platinum од страна на RIAA.[109]

Филм[уреди | уреди извор]

Актерска кариера[уреди | уреди извор]

Покрај рапувањето и хип хоп музиката, Шакур има глумено и во филмови. Првиот филмски настап што тој го доживува е во долгометражниот филм Nothing But Trouble(Ништо освен неволји),како дел кратко појавување со Digital Underground(Дигитално Подземје). Првата главна улога ја има играно во филмот Juice(Кредибилитет).Во приказната тој игра улога на Бишоп,тинејџер кој што станува жеден за почит и кредибилитет,и прави малоумни работи за да стигне до посакуваното.За улогата во филмот Juice(Кредибилитет),тој беше прогласен за "најпривлечен лик во филмот" од Петар Тревис од магазинот Ролинг Стоун. Тој продолжил и глумел со Џенет Џексон во филмот Poetic Justice(Поетска правда),за кој бил номиниран за извонреден актер во 1994 година, но не победил.По неговата смрт постхумано биле издадени 3 од завршените филмови на Шакур:-Bullet(Куршум), Gridlock'd(Издрогиран xD) и Gang Related(Бандитска врска-Поврзано со банда).

Тој бил избран да глуми и во Hughes brothers' филм на Menace II Society(Опасност за општеството), но бил заменет од Лоренс Тејт откако го навредил Ален Хуџс во една кавга. Режисерот Џон Синглтон споменал дека има напишано сценарио за Baby Boy имајќи го в предвид Шакур за главна улога. На крај филмот Baby Boy бил снимен со Тајрис Гибсон и се појавил на филмското платно во 2001 година, пет години по смртта на Шаkур. Во филмот се покажува ѕидна слика од Шаkур во спалната на ликот,кој е главна улога и е придружен со песната "Hail Mary" во филмската музика.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Забелешки 1991 Nothing But Trouble Самиот себе (Кратка појава) 1992 Juice Бисхоп Прва главна улога 1992 Drexell's Class Самиот себе 1ва сезона: "Cruisin'" 1993 A Different World Пиколо 6та сезона: "Homie, Don't You Know Me?" 1993 Poetic Justice Лаки Заедно со Janet Jackson

1993 In Living Color Самиот себе 5та сезона: "Ike Turner and Hooch" 1994 Above the Rim Бриди Заедно со Duane Martin

1995 Murder Was the Case: The Movie Самоит себе (Неверодостоен) 1996 Bullet Тенк Издаден еден месец по неговата смрт 1997 Gridlock'd Eкзекелl 'Спун' Вилтмор Издаден неколку месеци по неговата смрт 1997 Gang Related Детектив Родригез Поселеден настап на Шаќур во филм 2003 Tupac: Resurrection Самиот себе Официјален документарен филм 2009 Notorious Самиот себе Портретиран од Антони Маки 20?? Live 2 Tell Сценарист (Напишан во1995 год)[126]

Документарни филмови за ликот и делото на Тупак Шакур,а.к.а Макавели[уреди | уреди извор]

Животот на Шакур е опишан во многу големи и мали документарци, секој од нив обидувајќи се да прикаже различни настани за време на неговиот краток животен век. Најзбележлив од нив е номинираниот за академските награди во 2003 година Tupac: Resurrection. • 1997: Tupac Shakur: Thug Immortal • 1997: Tupac Shakur: Words Never Die (TV) • 2001: Tupac Shakur: Before I Wake... • 2001: Welcome to Deathrow • 2002: 1Tupac Shakur: Thug Angel: The Life of an Outlaw • 2002: Biggie & Tupac • 2002: Tha Westside • 2003: 2Pac 4 Ever • 2003: Tupac: Resurrection • 2004: Tupac vs. • 2004: Tupac: The Hip Hop Genius (TV) • 2006: So Many Years, So Many Tears • 2007: Tupac: Assassination • 2009: Tupac: Assassination II: Reckoning