Сексуална магија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Паскал Беверли Рандолф

Сексуална магија е термин за различни видови сексуални активности кои се користат во магиски или друг вид религиозни и духовни цели.

Основната премиса на сексуалната магија е концептот дека сексуалната енергија или либидото на човечкиот организам е најпотентната негова сила, а контролата на секоја етапа од сексуалната активност нуди посебно доживување на трансцендентноста на обичната реалност.

Двете основни примени на сексуалната магија го користат оргазмот. Некои школи ја користат силата која се ослободува при оргазам. Еден пример на ваков тип на сексуална магија е големиот обред на Вика, ритуал кој вклучува симболичен или вистински секс. Овој спој на Високата свештеничка и Високиот свештеник го претставува спојот помеѓу божицата Девица и богот Љубовник.

Употребата на сексуалната магија[уреди | уреди извор]

Карл Келнер[уреди | уреди извор]

Карл Келнер, основачот на O.T.O., тврдел дека научил техники на сексуална магија од тројца мајстори на оваа уметност.[1] Почнувајќи од 1904 година, Келнер и О.Т.О. почнале да се појавуваат во германскиот масонски весник „Орифлејм“ (Oriflamme), а изданието од 1912 година пишува:

Нашиот ред го има клучот кој ги отвора сите масонски и херметички тајни, имено тоа е учењето за сексуалната магија, а тоа учење без исклучоци ги објаснува сите тајни на масонеријата и на сите системи на религии.[1]

Алистер Кроули[уреди | уреди извор]

Алистер Кроули е еден од првите луѓе од поново време кој јавно го бранел практикувањето на сексуалната магија. Тој го отфрлил ставот на викторијанската ера кон сексот, и го шокирал британското општество со вклучување на мастурбација и хомосексуалност во своите магиски техники.[2]

Кроули верувал дека потиснувањето на сексуалниот нагон е основната причина за насилно однесување, како и за другите зла на модерниот свет. Во своите „Исповеди на Алистер Кроули“ запишал дека:

Човештвото мора да сфати дека сексуалниот инстинкт по својата вистинска природа е благороден. Злото со кое се соочуваме потекнува од неговото потиснување. Мислењето дека сексот е грев предизвикува низок внатрешен конфликт, кој создава искривен поглед на светот, неврози, и експлозивно однесување...
Книгата на законот комплетно го решава сексуалниот проблем. Секој човек има апсолутно право да го задоволи својот сексуален инстинкт. Никој не јаде како животно, туку јаде за да ги задоволи своите основни потреби. Истото важи и за сексот.[3]

Една од најпознатите ритуали е сексуалната магија која Кроули ја назначил за централен ритуал во О.Т.О., а тоа е комплетно претставување на сексуалната магија во симболична форма. Централната формула на овој ритуал е гностичката формула „ИАО“.

Арнолд Крум-Хелер[уреди | уреди извор]

Германскиот окултист Арнолд Крум-Хелер во своите трудови подучува на сексуална магија без ејакулација.[4]

Самаел Аун Веор[уреди | уреди извор]

Спиритуалниот окултист и учител, Самаел Аун Веор подучувал на сексуална магија која во принцип содржела полов однос, но без ејакулација било од страна на мажот или на жената.[5] Според него, ова е вистинскиот начин сексуалната енергија да се употреби. Магнетната индукција која се произведува со половиот однос предизвикува месечева, сончева и Акаша струја која минува низ срцето на Брама.[6][7] При тоа се ослободуваат „билиони атоми“ кои допираат до чистата Акаша.[8]

Тантра јога[уреди | уреди извор]

Сексуалните обреди во Индија потекнуваат од дамна како практична обука за трансформацијата на телесните флуиди.[9] Сексуалните обреди е можно да се појавиле како церемонија за иницијација, при што се вели дека иницијантот се претвора во „син на кланот“. Мажот го претставува богот Шива, а жената божицата Шакти.[10][11]

Се практикувале неколку вида на сексуални ритуали, при што и двајцата учесници постигнувале единство со свесноста на вселената. Откако тантра јогата станала популарна на Запад, сексуалната магија почнала поретко да се практикува, и преминала во психолошки симболизам.[9]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 The Magical World of Aleister Crowley, page 78
  2. Urban, Hugh. Unleashing the Beast: Aleister Crowley, Tantra and Sex Magic in Late Victorian England. Ohio State University.
  3. Crowley, Aleister (1970). The Confessions of Aleister Crowley, ch. 87. Farrar Straus & Giroux. ISBN 0-8090-3591-X
  4. Samael Aun Weor (2001) [1961]. „GIAO“. The Perfect Matrimony. Thelema Press. ISBN 0-9742755-0-6.
  5. Samael Aun Weor (2001) [1961]. „The Son of Man“. The Perfect Matrimony. Thelema Press. стр. 21. ISBN 0-9742755-0-6.
  6. Samael Aun Weor (2003) [1971]. „Elimination“. The Mystery of the Golden Blossom. Thelema Press. стр. 134–135. ISBN 0-9742755-2-2.
  7. Samael Aun Weor (2001) [1961]. „The Great Battle“. The Perfect Matrimony. Thelema Press. стр. 42. ISBN 0-9742755-0-6.
  8. Samael Aun Weor (2003) [1978]. „Arcanum No. 8: Justice“. The Initiatic Path in the Arcana of Tarot and Kabbalah. Thelema Press. стр. 19. ISBN 0-9742755-1-4.
  9. 9,0 9,1 White (2000)
  10. Satyananda.
  11. Woodroffe (1959).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]