Северна жирафа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Погледнете ја Жирафа за поединости за тоа како оваа предложена таксономија се вклопува со моментално прифатената таксономија на жирафи.
Северна жирафа во зоолошката градина Амневил.
Северна жирафа во Зоо Скопје.

Северната жирафа (Giraffa camelopardalis), позната и како трирогата жирафа,[1]вид на жирафа, домородна во Северна Африка.

Во сегашната шема на МСЗП за таксономија, има само еден вид жирафа со името G. camelopardalis и девет подвидови, но алтернативните таксономски хипотези предложиле два до единаесет видови.[2][3]

Некогаш во изобилство низ цела Африка уште од 19 век, имала опсег од Сенегал, Мали и Нигерија од Западна Африка до север во Египет.[4] Западноафриканските жирафи некогаш живееле во Алжир и Мароко во античките периоди сè до нивното изумирање, поради сушната клима во Сахара.[5][6][4] Живее изолирано во Јужен Судан, Кенија, Чад и Нигер.

Сите жирафи се сметаат ранливи кон истребување од страна на МСЗП.[3][7] Во 2016 година, околу 97 000 поединци од сите подвидови биле присутни во дивината.[7] Во моментов има 5.195 северни жирафи.

Таксономија и еволуција[уреди | уреди извор]

Во сегашната таксономска шема на МСЗП има само еден вид жирафа со името G. camelopardalis и девет подвидови.[8]

Опис[уреди | уреди извор]

Череп на северна жирафа

Северната жирафа на челата има две испакнатини налик на рог познати како осикони. Северната жирафа е подолга и поголема од онаа на јужната жирафа, иако машките северни жирафи имаат трет цилиндричен осикон во средината на главата веднаш над очите долги од 7,5 до 13 см.[1]

Раширеност и живеалиште[уреди | уреди извор]

Северните жирафи живеат во саваните, грмушките и шумите. По месното истребување на разни места, северните жирафи се најмалку бројни видови и најзагрозени. Во Источна Африка, тие најчесто се наоѓаат во Кенија и југозападна Етиопија, иако ретко во североисточна Демократска Република Конго и Јужен Судан. Има околу 2.000 во Централноафриканската Република, Чад и Камерун во Централноафриканската Република. Некогаш широко распространета во Западна Африка, неколку стотици северни жирафи се наоѓаат во резерватот Досовоа Куре, Нигер. Тие се вообичаени и во и надвор од заштитените подрачја

Најраните опсези на северните жирафи биле во Чад за време на доцниот плиоцен, а некогаш биле во изобилство во Северна Африка. Тие живееле во Алжир уште од раниот плеистоцен за време на квартарниот период. Живееле во Мароко до нивното истребување околу 600 година н.е., бидејќи сувата клима на Сахара ги оневозможувала условите за жирафите.[5] Исчезнати се и во Либија и Египет.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Линеј, К. (1758). The Nubian or Three-horned giraffe (Giraffa camelopardalis). Existing Forms of Giraffe (16 февруари 1897): 14.
  2. Petzold, Alice; Hassanin, Alexandre (13 февруари 2020). „A comparative approach for species delimitation based on multiple methods of multi-locus DNA sequence analysis: A case study of the genus Giraffa (Mammalia, Cetartiodactyla)“. PLOS ONE (англиски). 15 (2): e0217956. Bibcode:2020PLoSO..1517956P. doi:10.1371/journal.pone.0217956. ISSN 1932-6203. PMC 7018015. PMID 32053589.
  3. 3,0 3,1 Црвен список на загрозени видови. Отсутно или празно |title= (help)
  4. 4,0 4,1 Alexandre Hassanin, Anne Ropiquet, Anne-Laure Gourmand, Bertrand Chardonnet, Jacques Rigoulet : Mitochondrial DNA variability in Giraffa camelopardalis: consequences for taxonomy, phylogeography and conservation of giraffes in West and central Africa. C. R. Biologies 330 (2007) 265–274. online abstract
  5. 5,0 5,1 Anne Innis Dagg (23 јануари 2014). Giraffe: Biology, Behaviour and Conservation. Cambridge University Press. стр. 5. ISBN 9781107729445. Посетено на 19 април 2021.
  6. 6,0 6,1 Fred Wendorf; Romuald Schild (11 ноември 2013). Holocene Settlement of the Egyptian Sahara: Volume 1: The Archaeology of Nabta Playa. Springer Science & Business Media. стр. 622. ISBN 9781461506539. Посетено на 19 април 2021.
  7. 7,0 7,1 Muller, Z.; и др. (2016). „Giraffa camelopardalis (Giraffe)“. Црвен список на загрозени видови. 2016. Посетено на 19 април 2021.
  8. Bercovitch, Fred B.; Berry, Philip S. M.; Dagg, Anne; Deacon, Francois; Doherty, John B.; Lee, Derek E.; Mineur, Frédéric; Muller, Zoe; Ogden, Rob (2017-02-20). „How many species of giraffe are there?“. Current Biology (English). 27 (4): R136–R137. doi:10.1016/j.cub.2016.12.039. ISSN 0960-9822. PMID 28222287.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]