Свети Иван (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свети Иван
Ivanipetar.jpg
Поглед кон островот
Географија
КоординатиКоординати: 42°26′19″N 27°41′34″E / 42.43861° N; 27.69278° E / 42.43861; 27.69278
Површина0,66 км2
Управување
ЗемјаБургас

Островот Свети Иван — најголем од петте острови во бугарските територијални води на Црното Море со површина од 0,66 км2[1]. Островот се наоѓа на 910 метри од најсеверната точка на полуостровот Столец (Стар Созопол). Неговата највисока точка е 33 метри надморска височина. Островот има богата историја и денес претставува популарно туристичко место.

Историја[уреди | уреди извор]

На островот има изградено сонарен светилник кој дава звучни сигнали и заедно со светилникот на Емине го покажува патот на бродовите кон Бургаскиот Залив.

Островот претставувал свето место за античките Тракијци кои го направија своето светилиште овде во 7 век п.н.е.. Од тоа време, на јужниот брег на островот бил изграден голем верски комплекс, чие средиште е највисоката 13,2 метри бронзена статуа на богот Аполон, дело на скулпторот Каламис.

Во средината на V век на островот била изградена ранохристијанска базилика. На крајот на V и кон почетокот на VI век бил изграден храмот „Св. Богородица“, која најверојатно била поврзана со манастирски комплекс, кој најверојатно престанал да биде во функција во следните векови, до втората половина на X век кога станал активен како литературен центар. Најраната книга која била создадена на овој остров е датирана од Х век, а највредните - романот „Варлам и Јоасаф“, од ХІІ век, денес се чува во Ватиканската Апостолска библиотека. Во манастирската библиотека работеле многу високо образовани монашки литерати кои копирале литургиски книги, и преведувале од грчки на бугарски јазик. Ова му овозможило на манастирот да стане главен дистрибутер на христијанската култура и да се развие како главен христијански центар долж брегот на Црното Море. Манастирот неверојатно бил обновен во 1263 година, кога Михаил Тарханиот изградил нов храм посветен на Свети Јован. Уште тогаш манастирот бил прогласен за царски, посебно кога во 1308 година бугарскиот цар Тодор Светослав се венчал за Теодора Палеологина на островот. Во 1363 година царот Јован V Палеолог издал повелба со која се потврдува територијата на манастирот. Комплексот бил разрушен во 1453 година и обновен во 1467-1471 од страна на монахот Гервасиј. Литературната активност на манастирот продолжила и во првите векови на отоманската доминација. Во 1623 година, козачките пирати од северното крајбрежје на Црното Море често го ограбувале манастирот, а при нивните борби со турската флота, тој бил целосно опожарен и престанал да постои. Османлиите го поврзила островот со крајбрежјето во јули 1629 година, за да не може да служи како засолниште за пирати за инвазии.

На југозападниот дел на островот била изградена руска амбуланта за време на Руско-турската војна од 1828-1829 година.

Во текот на 1985 година биле извршени археолошки ископувања, откривајќи ги остатоците од двата христијански храмови, библиотеката, кралската резиденција и други.

На 28 јули 2010 година во 13,30 часот во текот на археолошките ископувања под раководство на проф. Казимир Попконстантинов под најраната црква изградена во почетокот на V век, во урнатините на манастирот комплекс биле откриени мошти на Свети Јован Крстител [2],[3]. Моштите денес се изложени на богослужба во храмот „Св. Свети Кирил и Методиј“ во градот Созопол.

Видови[уреди | уреди извор]

Островот е дом на над 70 видови птици. Тие ја засолнаа најголемата група на галеби во Бугарија како и зајак дупкар . Островот е природен и археолошки резерват, ставен под заштита на државата со декрет во 1965 година. Во 1993 година островот бил прогласен за заштитено подрачје со цел да се заштитат природните живеалишта на ретките и загрозените видови птици.

Островот може да биде посетен ао брод од пристаништето во Созопол. На островот има две пристаништа, од кои се означени туристичките патеки што водат до археолошкиот споменик - манастирот „Св. Јован Крстител“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Острови в Черно море“. www.bg-tourinfo.com.
  2. Разкопки на о-в Свети Иван – Созопол
  3. Остров Свети Иван – Созопол, мощите на Йоан Кръстител

Надворешни врски[уреди | уреди извор]