Сребренест галеб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сребренест галеб
Larus argentatus01.jpg
Со перје во сезона на парење
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Галеби
Род: Larus
Вид: Сребренест галеб
Биномен назив
Larus argentatus
Pontoppidan, 1763, Данска
Распространетост

Сребренестиот галеб (Larus argentatus) е голем галеб, распространет низ цела западна Европа, а го има и во Македонија.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Сребренастиот галеб најчесто се среќава на брегот на морињата во средна и северна Европа, а поретко во копнениот дел, покрај езера. Нивни природни непријатели се соколите, ајкулите, како и копнените ѕверки. Во Македонија, сребренастиот галеб живее крај Охридското Езеро.

Опис[уреди | уреди извор]

Возрасните сребренасти галеби растат до 60 cm, и имаат распон на крилјата од околу 145 cm. Тежок е до 1.5 kg. [2][3][4][5] Пердувите им се бели, горната страна на крилјата сива, а врвовите на крилјата им се обоени со црно. На силниот клун, од напред на долната страна има една црвена точка. Очите им се како и клунот, жолти. Нозете имаат благо црвена боја. Бојата на пердувите на мажјакот и женката не се разликуваат. Се огласуваат со звук кој потсеќа на „киу“ или „ка“. Во репертоарот на нивните пеења се и звукови кои личат на завивање и мјаукање. Кога се подготвуваат за напад, подмолно гакаат или мјаукаат со длабокиот глас. Спротивно на тоа, типичното крештење е пред сè предупредување кое треба да го исплаши непријателот, но тоа е и поздрав како и израз за барање (барање храна). Младенчињата повикуваат со морничаво завивачко свирење. Сребренастиот галеб може да доживее старост до 32 години. Тие се единки кои од некоја причина не можат да летаат и живеат под човековата грижа, можат да станат многу питоми и приврзани. Сребренастите галби се во можност да го видат ултравиолетовото светло.[6]

Однесување[уреди | уреди извор]

Исхрана[уреди | уреди извор]

Главна исхрана на сребренастиот галеб е иста како и на многу други галеби. И тие се сештојади, но сепак претежно се хранат со животинска храна како што се риби, мекотелци, птици, а понекогаш и мали глодари. Но, исто како и обичните галеби и сребренестите обиколуваат ѓубришта, зелени површини и полиња во потрага по било што, што може да го ублажи гладот.

Размножување[уреди | уреди извор]

Може да помине од четири до седум години додека сребренастиот галеб достигне целосна зрелост и почне на падините, бреговите и дините со лежење јајца и подигање млади. Гнездото кое е од растителен материјал го градат двајцата идни родители, а снесуваат најчесто 2-3 јајца. Мажјакот и женката ги инкубираат 28 до 30 дена. Пилињата остануваат во гнездото пет до шест недели сè додека не станат способни за летање.

Овие птици се долговечни, забележан е најдолг животен век од 49 години.[7]



Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Larus argentatus. Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003227. конс. 16 јули 2012 г.  (англиски)
  2. Distinguishing Characteristics — Herring Gull — Birds of North America Online
  3. Gulls: Of North America, Europe, and Asia by Klaus Malling Olsen & Hans Larsson. Princeton University Press (2004). ISBN 978-0691119977.
  4. Harrison, Peter, Seabirds: An Identification Guide. Houghton Mifflin Harcourt (1991), ISBN 978-0-395-60291-1
  5. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  6. Marcus, Adam (2006). „Feather Colors: What Birds See“. Birder's World Magazine. http://www.birdersworld.com/en/sitecore/content/Home/Birdwatching/Featured%20Stories/2006/09/How%20the%20ability%20to%20perceive%20ultraviolet%20light%20permits%20birds%20to%20see%20what%20human%20eyes%20cannot.aspx. конс. 18 јули 2007 г. 
  7. „AnAge entry for Larus argentatus“. The Animal Ageing and Longevity Database. http://genomics.senescence.info/species/entry.php?species=Larus_argentatus. конс. 23 ноември 2008 г. 
  • AERC TAC's Taxonomic Recommendations
  • Harris, Alan; Tucker, Laurel & Vinicombe, Keith (1994) The Macmillan Field Guide to Bird Identification, Macmillan, London.
  • Seabirds by Harrison, ISBN 0-7470-1410-8
  • Snow, D. W. & Perrins, C. M. (1998) Birds of the Western Palearctic: Concise Edition Vol. 1. Oxford University Press, Oxford.

Leakey, Richard. 1979. Abridged and Introduced. The Illustrated Origin of Species. Darwin,Charles. Faber and Faber.ISBN 0-571-11477-6.p.64

Надворешни врски[уреди | уреди извор]