Зајак дупкар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Должина на тело 38 до 55 цм
Тежина 1,3-2,5 килограми

Дивиот зајак или познат како зајак дупкар спаѓа во класа цицачи, ред гризачи. Негово латинско име е Oryctolagus cuniculus L[1].

Распространетост и навики[уреди | уреди извор]

Овој вид потекнува од Шпанија. На почетокот од 13 век бил донесен во Средна Европа и Северна Европа, и набрзо се раширил низ целиот континент. Се среќава во Далмација и на некои од нејзините острови. Обично живее во колонии копајќи подземни тунели, кои ги обложува со мов и листови. За живеење му одговараат суви пропустливи земјишта во кои може лесно да ги копа своите живеалишта. Се храни со истата храна како и зајакот, трева, фиданки и со кора од дрвјата, но бидејќи живее во колонии и на исто место, причинува големи штети на едно подрачје. Пречестото размножување на зајаците предизвикува сериозни проблеми во местата каде што се донесени, како на пр. во Австралија.

Градба[уреди | уреди извор]

Овој вид е сосема сличен на нашиот домашен зајак, само што од него е прилично помал и не може да биде потежок од 2 кг. Главата му е валчеста и ушите му се покуси од главата.

Размножување[уреди | уреди извор]

Се размножува речиси преку целата година, дури петпати во годината. Женката носи од 28-31 ден и може да окоти од 5-12 младенчиња. Пред раѓање женката копа посебен ходник, односно гнездо кое го обложува со сува трева и со крзно, коешто го кубе од нејзините гради. Штотуку родените младенчиња се голи и слепи, а прогледуваат по десеттиот ден. Цицаат 3 недели, а потоа се осамостојуваат.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври, 1978