Прејди на содржината

Сонар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сонар

Сонар (лат. sonans „звучи“) (анг. sound navigation and ranging) е апарат за мерење на морски длабочини со помош на ултразвучни бранови.

Во риболовот се користи за откривање на рибини јата во морските длабочини.

Во воената морнарица сонар претставува акустичен апарат сличен на радарот, со ултразвучен локатор што може да ги наслушува звуците на бродската елиса, врз основа на што се откриваат и се одредуваат позициите на непријателските подморници и бродови.