Санданизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот Јане Сандански
Јане 7.JPG

Санданизам е идеологија во македонското револуционерно националноослободително движење, формулирана од револуционерот Јане Сандански, заснована врз централизмот на Гоце Делчев и на МРО, сообразена со условите и со состојбите во Македонија, наметната и со политичките промени со Младотурската револуција, Балканските војни и двете светски војни.

Целта останувала иста: одбрана, односно воспоставување територијална целост на Македонија со оружено дејствување, создавање македонска држава со легално политичко дејствување или со оружена ослободителна борба како крајно средство. Санданизмот трајно се вградил во свеста на македонскиот народ во Пиринскиот дел на Македонија, кој води децениска политичка борба во бугарската држава за остварување на елементарните културно-национални и граѓански политички права [1][2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Сп. Македонски вести, 53 1936.
  2. Македонска енциклопедија