Чествување на ликот и делото на Јане Сандански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот Јане Сандански
Јане 7.JPG

Национален херој[уреди | уреди извор]

Јане во македонската народна песна[уреди | уреди извор]

Ликот на Јане во во сеќавањата на народот[уреди | уреди извор]

Ликот на Јане во преданијата и кажувањата[уреди | уреди извор]

Името на Јане во Народноослободителната борба во Македонија[уреди | уреди извор]

Музички аспекти на револуционерниот лик на Јане[уреди | уреди извор]

Неколку предмети на Јане Сандански[уреди | уреди извор]

Да, Македонија не треба да бара помош надвор од себе, туку во самата себе. Нејзината слобода не ќе биде подарок, туку крвав откуп, платен со илјадници жртви, какви што ние дадовме и продолжуваме да даваме

— Јане Сандански
Знамето и коланот на Јане Сандански
Музеј на Македонија

Во научната историографија се објавени поголем број на документи и друг пишан материјал за животот и револуционерната дејност на Јане, придружени со по некоја фотографија како историско-илустративен изворен материјал. Денес, науката располага со мал број на тродимензионални предмети [1] што му припаѓале на Јане Сандански. Во Музејот на Македонија се чуваат и се заштитуваат неколку предмети кои му припаѓале на овој македонски револуционер. Коланот кој го носел Јане Сандански е отупен во 1955 година и е заведен во Историскиот музеј на Македонија под инвентарен број 361 [2]. Тој е извезен од разнобојни монистри и претставува еден вид на народен изворен вез, карактеристичен за македонскиот фолклор. Задната страна на коланот е обложена со темно-црвено кадифе, во прилично оштетена состојба. На едниот крај на коланот има метална алка која служела за поврзување со другиот крај. Должинат ана коланот изнесува 83 см., широчина 4, 4 см., а дебелината 0, 5 см. Не е познат периодот кога Јане го носел овој колан, научниците претпоставуваат дека го носел во најраната младост [2].

По завршувањето на воената обврска, Јане станал свој човек, заработувајќи сам за својата егзистенција. Тогаш, Јане заедно со други младиници и учители, бил еден од основачите на друштвото Младост, а подоцна станал негов претседател. Можно е токму тогаш да го носел ќостекот кој се чува во Историскиот музеј на Македонија како вреден историско-музејски материјал [2]. Ќостекот (синџир на појасот) е откупен во 1955 година и е заведен во ИММ под инвентарен број 359 [2]. Тој е изработен од разнобојни монистри во спирали, во облик на врвца. Двата краја завршуваат со пискул. Близу до средината на ќостекот се вткаени два пискула, едниот од зелена, а другиот од бела монистра. Должината на ќостекот без пискулите изнесува 141 см., а со пискулите 152 см. Во своите спомени Јане истакнува дека агитирал сред населението за купување на пушки, а притоа тој требало да собира пари од населението за оваа намена. Под неговото раководство било извршено познатото грабнувањето на мис Стон за да се дојде до повеќе пари за македонското ослободително движење. Парите биле употребеувани за купување на оружје. Во врска со акциите на Јане за набавка на оружје за потребите на македонското револуционерно движење, непосредно е поврзан глобусот што Јане го добил како подарок од една италијанска фирма за продажба на оружје. Глобусот е заведен во Музејот на Македонија под инвентарен број 427 [2]. Според историјатот на глобусот, Јане во 1902 година го однел во Солун и му го предал на училиштето во кое Централниот комитет на Македонската револуционерна организација одржувал состаноци. Во јули 1903 година, Јане го однел глобусот во Мелник и го предал на тамошното училиште. Во мелничкото училиште, глобусот останал се до 1911 година, кога училиштето било расформирано [2]. Глобусот потоа бил земено од сестрата на Јане, која по завршувањето на Првата светска војна го предала на училиштето во Петрич [2].

Од времето на Младотурската револуција од 1908 година, како и настаните по неа, е сочувано знамето носено од семејството Кратовалиеви од Скопје при пречекот на Јане Сандански. Знамето е одкупено во 1954 година, тоа е заведено во ИМИ под инвертарен број 381 [2]. Со победата на Младотурската револуција во Османлиската империја бил воспоставен уставен парламаентарен систем, кои бил подржан од левицата на македонското револуционерно движење и Јане. Во 1909 година била организирана контрареволуцијата за враќање на апсолутистичката власт на Абдул Хамид II. Против оваа реакција истапиле, меѓу другите, и македонските револуционери. Научниците претпоставуваат дека е можно под ова знаме да се движеле стотици македонски револуционери-доброволци под водство на Јане, Христо Чернопеев и Тодор Паница во походот на Цариград [2]. Знамето има форма на правоаголник и е извезено со жолти, розови и светлозелени конци, со реси од сите четири страни. Двете страни, без реси, се широки по 53 см., а другите две по 52, 5 см. Со ресите двете страни изнесуваат по 55 см., а другите две по 55, 5 см. Знамето е направено од црвен атлас, а на едната страна му е доддаден дел од кремов атлас. Трите страни на знамето се обложени со срмени реси, а четвртата страна со раб, за да може да се навлече на рачка. Во средината на знамето е извезена осмокрака ѕвезда, до неа месечина, а околу нив текст: Да живее свободата, Да живее народа. На продолжениот дел пишува: Да живее отечевото [2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. како што се нарекуваат во музеолошката наука
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 2,9 Јане Сандански и македонското национално ослободително движење, Институт за национална историја, Скопје, 1976, Ѓорѓе Миљковиќ-За неколку предмети на Јане Сандански како непосредни и автентични вредности