Реал Мадрид Кастилја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „ФК Реал Мадрид.
Реал Мадрид Кастиља
Лого
Целосно име Реал Мадрид Кастиља Клуб де Фудбал
Основан 16 декември 1930
Терен Стадион Алфредо ди Стефано
Мадрид, Шпанија
(Капацитет: 12,000)
Претседател Николас Мартин Санц
Тренер Франција Зинедин Зидан
Лига Сегунда Дивизион Б
2012–13 Сегунда Дивизион, 20-ти
Мреж. место Официјално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

Реал Мадрид Кастилја е шапански фудбалски клуб кој се натпреварува во Сегунда Дивизион Б третата лига по ранг во Шпанија. Клубот е подружник на првиот тим на Реал Мадрид, се наоѓа во главниот град на Шпанија и ги игра својте домашни натпревари на Стадионот Алфредо ди Стефано, кој се наоѓа во Мадрид во Валдебебас, инаугуриран на 9 мај 2006 година и има капацитет од 12,000 седишта.

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот бил основан во 1930 година под името Плус Ултра, и биле аматерска екипа. Осумнаесет години подоцна, во 1948 година склопиле договор со Реал Мадрид и станале нивна Б екипа. Реал им ветил финансиска помош, a Кастилја својте најдобри играчи ги препуштала на сениорскиот тим. Во 1949 година Кастилја го одиграла својот прв натпревар во Сегунда, а од 1952 станале и официјално Втор тим на Реал Мадрид. Во 1959 година стигнале до четвртфиналето на Копа дел Реј, но таму загбиле од Гранада. Во педесетите и шеесеттите станале вистински "расадник" на добри фудбалери кој подоцна играле за Реал и за шпанската репрезентација.

Од 21 јули 1972 официјално се нарекуваат под името Кастилја. Во тоа време владее "златната доба на клубот". Тогаш се уште резервните екипи имале право да се натпреваруваат во Копа дел Реј. Во сезоната 1979-80, Кастилја стигнала до финалето. На патот до најголемиот успех дошле преку четири прволигашки екипи. Од натпреварувањето ги исфрлиле екипите на Херкулес, Атлетик Билбао, Реал Сосиедад и Спортинг Хихон. Последните две екипи завршиле на второто и третото место во Примера, додека прв бил Реал. Во финалето Кастилја требало да и се спротистави на својата сениорска екипа, Реал Мадрид. И покрај тоа што пружиле добра игра, поразени се убедливо од силниот противник со убедливи 6-1. Тоа е единствениот случај во историјата кога А и Б тимовите на некоја екипа играле финале во некое домешно натпреварување. Откако завршил натпреварот, капитените на двата тима заедно го подигнале пехарот и со него направиле почесен круг. Бидејќи таа година Реал ги освоил и Примера и Копа дел Реј, со пласманот во финалето обезбедиле право да учествуваат во Купот на победниците на куповите. Меѓутоа таму ги завршиле настапите уште во 1. коло каде биле елиминирани од Вест Хем Јунајтед. Во 1984 Кастилја ја освојува 2. лига, но не се пласирале во повисок ранг затоа што таму веќе настапувала сениорската екипа. Таа година во клубот играле Емилио Бутрагуењо, Маноло Санчис, Мартин Васкез, Мичел и Мигел Пардеза, петка попозната како Quinta del Buitre. Во доцните 80-ти години за Кастилја играл, a од 1993 до 1995 бил тренер Рафаел Бенитез.

Во 1991 година Шпанската фудбалска федерација забранила посебни имиња за резервните екипи, па името Кастилја морало да се промени. Тогаш го носеле името Реал Мадрид Б или Реал Мадрид Депортива. Во вој период во школата на Реал никнале легенди како што се Раул Гонзалез, Гути и Икер Касилјас како и други играчи кој направиле одлчина кариера во други клубови како Хуан Мата и Сантијаго Кањизарес.

Во сезоната 2004-05 тренерот Хуан Рамон Лопез Каро го внесол тимот во Сегунда и повторно "оживува" името Кастилја. Името се враќа, се сели на нов стадион, а клубот и понатаму дава одлични млади играчи како Солдадо, Арбелоа и Негредо. Во сезоната 2006-07 тимот испаднал во Сегунда Б.

Кастилја повторно се враќа во Сегунда во сезоната 2011-12, кога во плеј-офот ја "прегазиле" екипата на Кадиз со вкупен резултат во двата натпревара 8-1. Првата сезона (2012-13) по враќањето била одлична и Реал Мадрид Кастилја го зазема 8. место во Сегунда. Меѓутоа следната сезона двајцата најдобри играчи Алваро Мората и Хесе Родригез му се приклучуваат на сениорскиот тим, а Кастилја повторно испаѓа во Сегунда Б, заземајќи го 20. место со 49 освоени бодови, 2 помалку од првата екипа што изборила опстанок.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Шпанија ГМ Фернандо Пачеко
2 Шпанија ОД Диего Љоренте
5 Екваторска Гвинеја СР Маскарел
6 Шпанија СР Хозе Родригез
7 Шпанија СР Лукас (к)
10 Шпанија СР Борха Гарсија
12 Уругвај ОД Леандро Кабрера
13 Шпанија ГМ Јакоб
14 Шпанија ОД Дерик
15 Шпанија СР Кико Феменија
16 Шпанија СР Серхио Агуза
18 Шпанија ОД Хорхе Пулидо
Бр. Нац. Позиција Играч
19 Шпанија НП Рубен Собрино
21 Шпанија НП Бурхуи
22 Екваторска Гвинеја СР Рубен Белима
23 Шпанија ОД Хави Ноблехас
25 Шпанија ГМ Рубен Јањез
26 Шпанија СР Лукас Торо
28 Шпанија НП Раул де Томас
30 Перу СР Бенавенте
31 Колумбија НП Хуан Нарваез
33 Доминиканска Република НП Маријано
34 Шпанија СР Алваро Медран
35 Шпанија ОД Хозе Леон

Титули[уреди | уреди извор]

Вицешампиони: 1979–80
Победници (1): 1983–84
Победници (4): 1990–91, 2001–02, 2004–05, 2011–12
Победници (6): 1948–49, 1954–55, 1956–57, 1963–64, 1965–66, 1967–68

Сезона по сезона[уреди | уреди извор]

Сезона Дивизија Место Копа дел Реј
1946/47 5th
1947/48 5th 1st Round
1948/49 1st 2nd Round
1949/50 3rd 3rd Round
1950/51 7th DNQ
1951/52 12th DNQ
1952/53 15th 1st Round
1953/54 3rd
1954/55 1st
1955/56 15th
1956/57 1st
1957/58 7th
1958/59 10th QF
1959/60 4th 2nd Round
1960/61 7th 1st Round
1961/62 7th 1st Round
1962/63 16th 1st Round
1963/64 1st
1964/65 3rd
1965/66 1st
1966/67 2nd
1967/68 1st
Сезона Дивизија Место Копа дел Реј
1968/69 3
1969/70 3 2.коло
1970/71 11 1.коло
1971/72 10 2.коло
1972/73 4 1.коло
1973/74 4 3.коло
1974/75 4 3.коло
1975/76 3 1.коло
1976/77 4 2.коло
1977/78 2ªБ 2 2.коло
1978/79 7 3.коло
1979/80 7 финалист
1980/81 11 4.коло
1981/82 8 3.коло
1982/83 6 2.коло
1983/84 1 QF
1984/85 5 2.коло
1985/86 12 QF
1986/87 5 1.коло
1987/88 3 QF
1988/89 15 2.коло
1989/90 18 1.коло
Сезона Дивизија Место
1990/91 2ªB 1
1991/92 16
1992/93 6
1993/94 6
1994/95 8
1995/96 4
1996/97 18
1997/98 2ªБ 2
1998/99 2ªБ 3
1999/00 2ªБ 5
2000/01 2ªБ 7
2001/02 2ªB 1st
2002/03 2ªB 6th
2003/04 2ªB 2nd
2004/05 2ªB 1st
2005/06 11th
2006/07 19th
2007/08 2ªB 5th
2008/09 2ªB 6th
2009/10 2ªB 8th
2010/11 2ªB 3rd
2011/12 2ªB 1st
Сезона Дивизија Место
2012/13 8
2013/14 20
2014/15 2ªБ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]