Разговор со корисник:Кукушанец

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, Кукушанец, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

Марионета[уреди извор]

Кукушанец, и да се нема некои силни докази, може лесно да се заклучи дека ти си марионета на Иван (или евентуално некој друг, како Антон, Стан и сл.) и си некој вид на ,,воена" резерва. Зошто?

  • Прво: твоите уредувања се сведуваат само на некои минорни поправки, дополнувања и слично (1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и многу други), сè со цел собирање на што повеќе кориснички придонеси, за да можеш да учествуваш на гласањата кои се спроведуваат на Википедија. Исто така, твоите придонеси (како што може да се забележи од линковите) секогаш ,,коинцидираат" во периоди кога се активни и Антон, а и Иван.
  • Второ: Секогаш е добро да мислиме што е во корист на Македонското дело. Каков е овој "доброволен" корпус? Сакаме да го потенцираме дека Македонците биле Бугари? - така имаш напишано на страницата за разговор на MacedonianBoy - мошне итар начин на водење стратегија - имено, се претставуваш како демек си со промакедонски ставови, а со тоа сакаш да ги наведеш кориснциите да не размислуваат дали ти си марионета на погоре наведените (Антон, Иван, Стан итн.).
  • Трето: На 6 декември, 2005 година, во 17:53 (UTC), ти ми имаш пратено една многу иронична порака, на која нешто подоцна (во 18:27 UTC) следува друга порака-одговор на претходната, дадена од страна на Иван. И овој период (март, 2009 година), ти повторно ја реактивираш твојата корисничка сметка токму во момент кога и Иван ја активира својата. Тоа е премногу симптоматично и веројатноста од коинциденција или случајност е многу мала, да не речам 0. Boyan (разговор) 16:31, 14 март 2009 (UTC)
Да не ги заборавиме и пречестите употреби на зборовите „нашите [историчари, книги...]“ и „ние [Македонците]“. Брилијантен обид за инфилтрација, многу суптилно, секоја чест. --Brainmachinewtf? 17:04, 14 март 2009 (UTC)
A да ги „опитаме“ тие на мета. Верувам дека 50 корисници на оваа википедија ќе ги снема.--Р ашо 17:06, 14 март 2009 (UTC)
Brainmachine, во некои википедии важи принципот "Assume good faith"... мислам беше фундаментален или грешам?!? --Стан (разговор) 17:58, 14 март 2009 (UTC)
Стан, сè додека не почне да се злоупотребува тоа ;) Инаку, на некои коментари на Кукушанец и јас истото го помислив: за која `наша` историја зборува човеков? :? --Виолетова (разговор) 18:00, 14 март 2009 (UTC)
Незнам, може да го прашате просто, не да се обвинува, па после кога се провери да требе да се извунвате за клевета. Ова обвинување си го обjаснувам, со тоа дека Кукушанец гласа против MacedonianBoy и со 17-те години на Brainmachine. --Стан (разговор) 18:10, 14 март 2009 (UTC)
Ние не обвинуваме, ние само дискутираме :) И не е поттикнато од гласот против. Инаку, ad hominem нападот, без разлика дали е за моите 17 години или за некоја друга моја особина, е вистински доказ на твојата интелектуална зрелост, зар не? Brainmachinewtf? 18:17, 14 март 2009 (UTC)

Не знам дали Кукушанец е марионета, но нема како да е моjа. Како прво тоj е во Википедиjа пред мене, а како второ не ме поткрепува и не гласува како мене. (Jас гласав за администраторски статус на MacedonianBoy). Како трето, видов дека има периоди кога jас сум мошне активен, а Кукушанец не е - на пример од 9 jуни 2006 до 26 август 2007 тоj нема ни една измена. Или и ова е проблем, Boyan?--Иван (разговор) 18:22, 14 март 2009 (UTC)

Brainmachine, ова не беше напад, туку начин да си обjаснувам зашто го обвинуваш човекот. Не е грев да си тинејџер, просто оваа возраст си има некои особености (en:Teenager). Jа сум од учителска фамилиjа (да речем дека почти сите роднини ми се педагози) и е те разбирам. --Стан (разговор) 18:34, 14 март 2009 (UTC)
Одлично. Значи јас сум тинејџер и сум неспособен да расудувам заради „особеностите“ на мојот животен век. По таа логика можеби ја разбираш и Виолетова, нели? Таа како жена можеби има предменструален синдром (en:PMS), па и таа си има свои „особености“ и нејзиното мислење е невалидно. Недај боже сериозно некој да сфати што мисли еден тинејџер. И што сега ми останува? Да вршам пародија онака како што ти правиш? Ајде:
Туку Стан, те разбирам и јас тебе. Сигурно не било лесно да бидеш одгледан од семејство кое било под постојан стрес (и сега во овој дел додавам врска, ете вака: (en:Teacher#Stress)), семејство кое најверојатно го истурало целиот тој стрес врз тебе. Разбирам дека и твојата ситуација си има свои „особености“.
Ова што го велиш е бесмислено. Brainmachinewtf? 19:17, 14 март 2009 (UTC)

Ајде и јас да се вмешам. Со оглед на тоа што типот во овој разговор не се јави ниту еднаш јас се сомневам дека тој може да е толку софистициран во своето однесување. Нему очигледно му треба некој друг да го брани. Затоа оставете го човекот на мира! Тој очигледно не е свој човек. Она марионета можеби навистина покажува нешто, а јас би го сменил тоа со зборот клон. Ама во знак на добра волја нема да кажам чии гени носи.
Поздрав, --Wikimk (разговор) 19:21, 14 март 2009 (UTC)


Одговор[уреди извор]

Wikimk, "клонот" не одговори вчера бидејќи нема интернет во станот па мора да пишува од интернет-клуб.
Boyan, од сè си во право во едно - сакав да соберам што повеќе кориснички придонеси, да бидам како сите овде. Веќе не сакам.
Мојата порака до тебе не беше иронична. Барем тогаш не беше. Навистина мислам дека умниот национализам ќе го спаси македонскиот народ, глупиот ќе го уништи.
Виолетова, прочитав дека си лектор. Тогаш мора да ти е познат зборот "историографија". Напишав "историографија", не "историја". За "нашата" историографија види ИНИ на пример.
StanProg, Иван, благодарам, но немам потреба од заштита.
Бидејќи сите ве интересира мојата личност ќе кажам - моментално живеам (магистрирам) во држава каде се негира мојот народ. Кажав дека секоj ден имам расправи за мојата држава, мојот народ, мојот јазик. Мислам дека знам што да им кажам на Бугарите/Бугарофилите, но испадна дека незнам што да им кажам на Македонците.
Македонци, Бугари, Бугарифили и Бугаромани, бидете поздравени сите; јас се прашам дали некогаш ќе доживеам извинување.--Кукушанец (разговор) 11:48, 15 март 2009 (UTC)
Зборот `историографија` го знам, но не затоа што сум лектор, туку затоа што сум се сретнала со него :) Поздрав --Виолетова (разговор) 20:16, 15 март 2009 (UTC)

А кои се кукушанците[уреди извор]

А кои се кукушанците - еден от основателите на БМОРК? Сите членови на фамилијата Станишеви и на Измирлиеви, кои се биле дејци на ВМОРО и после на ВМРО во Бугарија. Ако си навистина кукушанец не би требело за тебе да има никакови сомнежи односно кои се подпоручниците. Затоа е и редно да доразвиеш бугарскиот си и наместо "кои" да користиш "които". Подпоручикъ (разговор) 10:59, 17 март 2009 (UTC)

А зошто го зоборави Димитар Влахов?--Кукушанец (разговор) 13:46, 17 март 2009 (UTC)
Добро дека ме присети за него и за неговите мемоари:
Кога зборувам за македонскиот народ ги имам предвид на прво место македонските Славјани. Под името македонски народ по тоа време мекедонските дејатели го разбираа целото население на Македнија, т.е. зборот Македонци имаше поскоро географски карактер ...Кога револуционерната организација беше основана и почна да работи, ја започнува својата работа најнапред среде оние Македонци кои се викаа Бугари... (с.21)

Подпоручикъ (разговор) 14:38, 17 март 2009 (UTC)

Поважни се делата од зборовите. Дали зборовите извадени од контекстот воопшто се индикативни за конкретната историска личност? --Кукушанец (разговор) 16:24, 20 март 2009 (UTC)

Лидери по година[уреди извор]

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:36, 12 октомври 2010 (CEST)[одговори]