Разговор:Егејска Македонија/Архива

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Доколку постои некој кој смета дека статијата не е објективна, нека понуди аргументи во страницата за разговор. Вандалските чинови не се дозволени на Википедија. --FlavrSavr 13:24, 6 Февруари 2006 (UTC)

Еј FlavrSavr гледам нема веќе копче за уреди, дозволи ми мене бар да ја доуредам статијата во аспект на Географијата на Егејска Македонија, и така 95% од овој текст јас го напишав. Македонец

Овде внеси ги измените, јас ќе ги префрлам. --Misos 19:37, 6 Февруари 2006 (UTC)

Еј и уште еден предлог од мене: Да ги доуредиме статиите за Македонија (и нејзините делови - В.Е.П.), Македонците и Македонската историја односно оние статии кои се чувствителни за бугарските,српските,грчките националисти и да ги заштитиме, за да неможат да ги менуваат.

Статиите ги заштитуваме само ако дојде до вандализам. --Misos 23:37, 6 Февруари 2006 (UTC)
Да. И во случај на edit wars, кога и двете спротиставени страни си ги ревертираат верзиите - во тој случај, страната се заштитува додека не се реши спорот на страницата на разговор. Инаку, Википедија е слободна енциклопедија, и не прави разлика меѓу Македонци, Срби, Грци, Бугари, Албанци итн., се додека тие конструктивно се однесуваат, и ги објаснуваат своите ставови со аргументи и извори на страницата за разговор. Конкретнава страница ќе остане заштитена се додека не се осигураме дека нема да има вандализам пак. --FlavrSavr 00:05, 7 Февруари 2006 (UTC)

Поздрав еве дел од мојата најомилена симболика :)

Македонија В.Е.П.
Република Македонијa

Географија на Егејска Македонија[уреди извор]

Егејска Македонија може да се подели на 3 посебни географски целини Западен Планински дел со планините Нередска Планина со врвот Вич 2 128 м.н.в. , Сува Гора , Горбеч , Пинд, Грамушта, северните падини на Олимп јужните падини на Ниџе, Негушка Планина и Каракамен. Во овој дел се наоѓа и најјужниот дел на Пелагонија односно Леринското Поле. Карактеристично за овој регион се многуте езера Мало Преспанско Езеро, Островско Езеро, Петерско Езеро, Костурско Езеро и Рудинско Езеро. Западна Егејска Македонија како етно-географска целина е карактеристична по тоа што тука концетрацијата на Македонци е најголема во однос на другите делови од Егејска Македонија 43,04%. Втората географска целина е Централна односно Долно Повардарска или Ниска Егејска Македонија. Дури 84% од територијата е огромното плодно Солунско Поле. Во овој дел се вбројуваат и Пајак Планина, Мегленската котлина (поле) и Циганската клисура. Низ овој дел Вардар го завршува своето течение и се влива во Егејското Море кај Солун. Во овој дел застапеноста на Македонскиот народ е околу 17% (посебно во северниот дел Кукуш и околината). Источниот дел на Егејска Македонија може да се крактеризира со 2 големи реки Струма и Места и релативно ниски планини и ридести предели како Круша, Карадаг и други. Застапеноста на Македонско население овде е 11%

Македонец

Misos можеш ова да го ставиш во статијата


Имате мк интервики у коду стране,па га макните,Поздрав --Црни Бомбардер!!! (†) 19:24, 13 Април 2006 (UTC)



Последната промена ја направив јас, тоа е мојата IP адреса, и ја сметам за компромисна варијанта. Промените ќе ги објаснам на следниот начин:

  • Тоа се вика и Грчка Македонија, зошто е дел на Македонија под јурисдикција на Грција, иако ова не е вообичаен назив во македонскиот јазик.
  • Знамето го оставив зошто е знаме кое Грците го употребуваат речиси официјално, и без разлика дали ни се допаѓало или не, ако стои македонското знаме од 1991 година, исто информативно е и знамето кое Грците го употребуваат за регионот. --FlavrSavr 23:29, 23 Мај 2006 (UTC)

Коментари? (молам да не се употребуваат расистички испади, во спротивно ќе интервенираме со блокирање). --FlavrSavr 23:29, 23 Мај 2006 (UTC)

  • Јас согласувам. --Telex 23:45, 23 Мај 2006 (UTC)

Податоци[уреди извор]

Треба да се проверат податоциве. Искрено, ми делуваат прилично пристрасни и непроверени. --FlavrSavr 01:30, 6 Јуни 2006 (UTC)

Не разбирам што е со врскава и зошто постојано се става-Македонија (foto-video)? Мене ми се отвара или мртва врска или бел екран. --FlavrSavr 23:00, 11 Јуни 2006 (UTC)

Информација[уреди извор]

Се работи на не баш довршената тема на англиската Википедија: Slavic toponyms for Greek places за кој предложив користење на книгите во два тома: „Населените места во Егејска Македонија“ на Тодор Христов Симовски ISBN 9989-9819-4-9 и ISBN 9989-9819-6-5 . Во нив се употребени француски, германски, бугарски, грчки, извори од Република Македонија и др., генералштабни австроунгарски, српски, грчки, француски, англиски и др. географски карти. Мое ЛИЧНО мислење, се разбира немора да сум во право е дека тоа е најдобриот научен труд воопшто на темава, а некои од другите тоа го прифатија дури и грчките Wikiped-ери. Книгата ги опфаќа сите можни населени места, вклучително и оние кои биле уништени, напуштени итн. и тоа со нивната географска локација, стариот и новиот топоним, административната припадност, датум и број на законскиот акт на Грчката држава, како и број на административниот весник каде е наведена владината наредба за преименување итн. Како и да е, појдете на Slavic toponyms for Greek places таму оставив линкови до повеќе скенирани (всушност усликани) страници од книгата кои ги сликав и аплоадував на photobucket (има вовед на англиски, библиографија итн.), прочитајте ги, кажете мислења итн. Е сега, секако ќе има недоразбирања итн. ќе има и наши и грчки поединци кои ќе се повикуваат на Античка Македонија, ќе има поединци кои би прифатиле назив „словенски топоними“, од трета страна има и такви топоними кои објективно се турски (Ениџе-Вардар денешна Giannitsa, изграден од Евренос Беј кој нашите сонародници во Ег. Мак. го викаат Пазар), потоа влашки топоними (Неа Аугуста за она што ние го викаме Негуш, а Грците Науса) итн. Како и да е, добро е да има список на интернетов на англиската википедија, во тој поглед германската википедија стварно има побогат article на оваа тема, види ТУКА, иако најдов неколку грешки само што фрлив поглед (напр. селото Ахил не спаѓа во Костурскиот округ) итн.--Vbb-sk-mk 03:33, 21 август 2006 (UTC)